НУКЛАРНА БОМБА НА МАКТЕЛ: ДАНЕЛА И ГРУЈО СЕ БЛИСКИ И НЕРАЗДЕЛНИ ОД ДЕТСТВО, ЖИВЕЕЛЕ СТАН ДО СТАН ВО ЗГРАДА ВО ЃОРЧЕ!
НУКЛАРНА БОМБА НА МАКТЕЛ: ДАНЕЛА И ГРУЈО СЕ БЛИСКИ И НЕРАЗДЕЛНИ ОД ДЕТСТВО, ЖИВЕЕЛЕ СТАН ДО СТАН ВО ЗГРАДА ВО ЃОРЧЕ!
(ВИДЕО) АЛБАНЕЦ ОД СКОПЈЕ: НИКОГАШ НЕМА ДА ГЛАСАМЕ ЗА ВМРО ДПМНЕ ДА СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ, УШТЕ ГИ ПАМЕТИМЕ ЗЛОСТОРИТЕ ВРЗ НАС АЛБАНЦИТЕ
(ВИДЕО) АЛБАНЕЦ ОД СКОПЈЕ: НИКОГАШ НЕМА ДА ГЛАСАМЕ ЗА ВМРО ДПМНЕ ДА СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ, УШТЕ ГИ ПАМЕТИМЕ ЗЛОСТОРИТЕ ВРЗ НАС АЛБАНЦИТЕ
ШИЛЕГОВ: Драги скопјанки и скопјани, иднината на Скопје е во вашите раце, бидете внимателни кому му ја доверувате иднината на нашиот сакан град
ШИЛЕГОВ: Драги скопјанки и скопјани, иднината на Скопје е во вашите раце, бидете внимателни кому му ја доверувате иднината на нашиот сакан град
(ВИДЕО) ДАНЕЛА ЖИВА ФАТЕНА КАКО ГИ ЛАЖЕ СКОПЈАНИ - А1он направи проверка на личната карта на име Даниела Арсовска во МВР на Бугарија: Валиден документ!
(ВИДЕО) ДАНЕЛА ЖИВА ФАТЕНА КАКО ГИ ЛАЖЕ СКОПЈАНИ - А1он направи проверка на личната карта на име Даниела Арсовска во МВР на Бугарија: Валиден документ!
ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ: Ранувањето и смртта на Александар Серафимов за мене се еден од најтажните и најболни настани од воената 2001
ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ: Ранувањето и смртта на Александар Серафимов за мене се еден од најтажните и најболни настани од воената 2001
ОБЕДИНУВАЊЕТО СЕ ОКРУПНУВА – БЕСА СО ПОДДРШКА ЗА ШИЛЕГОВ!
ОБЕДИНУВАЊЕТО СЕ ОКРУПНУВА – БЕСА СО ПОДДРШКА ЗА ШИЛЕГОВ!
ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ ВО ШОК: НА ОВИЕ ИЗБОРИ БРАНКО И НЕГОВИТЕ БЛИСКИ АГИТИРААТ ДА СЕ ГЛАСА ПРОТИВ СДСМ?!?!
ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ ВО ШОК: НА ОВИЕ ИЗБОРИ БРАНКО И НЕГОВИТЕ БЛИСКИ АГИТИРААТ ДА СЕ ГЛАСА ПРОТИВ СДСМ?!?!
НУКЛЕАРНА БОМБА ЈА ПОТРЕСЕ КАМПАЊАТА ЗА СКОПЈЕ - ОД СДСМ ЈА ОБЈАВИЈА БУГАРСКАТА ЛИЧНА КАРТА НА ДАНЕЛА Документот е издаден на име Даниела Арсовска
НУКЛЕАРНА БОМБА ЈА ПОТРЕСЕ КАМПАЊАТА ЗА СКОПЈЕ - ОД СДСМ ЈА ОБЈАВИЈА БУГАРСКАТА ЛИЧНА КАРТА НА ДАНЕЛА Документот е издаден на име Даниела Арсовска

Вицепремиерот Битиќи на свеченото отворање на „Јунус центарот за социјални бизниси“ – Владата е посветена да создаде едно општество за сите, развојот на социјалното претриемништво е чекор напред

„Социјалното претприемништво, како посебна форма на претприемништвото чија цел е создавање на социјална еднаквост и заедништво, се фокусира на многубројните социјални, еколошки и општествени предизвици. Се отвора комплетно нов сегмент за нашата земја во поглед на бизнис секторот, а отворањето на „Јунус центарот за социјални бизниси“, ќе ни помогне побрзо да го развиваме тој сегмент, и да се стекнеме со нови вештини и идеи за развојот на социјалното претприемништво“, потенцираше во своето воведно обраќање вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на свеченоста по повод отворањето на „Јунус центарот“ во рамки на Економскиот факултет во Скопје.

Вицепремиерот посочи дека Владата на Република Северна Македонија е посветена да создаде солидарно општество за сите, а развојот на социјалното претприемништво е дефинитивно чекор напред кон таа визија, којашто се сведува на тоа дека системот на државата е должен да ги интегрира ранливите категории и да им обезбеди услови за функционирање во системот, создавајќи простор за креирање на решенија на општествените проблеми и охрабрувајќи го бизнис секторот да иновира проекти коишто ќе допринесуваат за општественото добро.

„Токму затоа, Министерството за труд и социјална политика ја предложи Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија за 2021-2024 година, со цел да се создаде правна, финансиска и институционална рамка за развој на социјалните претпријатија во земјата, којашто содржи мерки и активности за развој на еко-систем кој ќе ги поттикнува социјалните претпријатија, овозможувајќи им солидни услови и поволна клима за работа“, додаде Битиќи.

„Сакам да посочам дека социјалното претприемништво го издвојува поединецот како двигателот на промените. Впрочем, иднината на светот се движи токму во таа насока, односно промената којашто еден човек ја бара, всушност тој и самиот ја креира. Владата на Република Северна Македонија прави напори да создаде што е можно поповолни услови за развој на општеството и за создавање на можности за иновација и промени, но сепак останува на поединецот да ги препознае можностите и да се осмели да создаде нешто поинакво“, нагласи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

На свеченото отворање на „Јунус центарот за социјални бизниси“ во рамките на Економскиот факултет во Скопје е дел од активностите кои се спроведуваат во годината кога факултетот одбележува 70 години од постењето, а со ова универзитетот „Кирил и Методиј“ се приклучува на големото семејство од 80 универзитети во светот каде веќе функционираат исти вакви центри.

„Јунус центрите за социјални бизниси“, се иницијатива на проф. д-р Мухамад Јунус, добитник на Нобеловата награда за мир во 2006 година, а кој овој проект го започнал далечната 1976 година, со цел да развие можности за обезбедување на финансиски средства за бизниси во посиромашни краеви.

На свеченото отворање на „Јунус центарот за социјални бизниси“, свое обраќање имаше и ко-основачот и претседател на оваа организација, проф. д-р Мухамад Јунус, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и деканот на Економскиот факултет во Скопје, проф. д-р Предраг Трпески.

loading...

WCOStream: Elfen Lied: In the Passing Rain (Dub) anime episode Full online free at https://wcostream.cc wcostream attack on titan

Website https://4anime.biz: Watch Dragon Ball: Mystical Adventure 4anime Episode Full hotarubi no mori e 4anime

D.Gray-man HALLOW Episode 13

AnimeDao: Doraemon: 2112-nen Doraemon Tanjou anime episode Full online free at https://animedao.nl animedao haikyuu

Descubre beqbe: https://descubre.beqbe.com/p/animeflixnl

Profile ameba: https://profile.ameba.jp/ameba/gogoanimebe