Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од четврток, 25.02.2021 година, ќе започне со исплата на февруарските пензии
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од четврток, 25.02.2021 година, ќе започне со исплата на февруарските пензии
Комерцијална банка ви нуди потрошувачки кредит до 1.500.000 денари што се одобрува во рок од 24 часа
Комерцијална банка ви нуди потрошувачки кредит до 1.500.000 денари што се одобрува во рок од 24 часа
Денес започна со работа новата модернизирана експозитура на Комерцијална банка во Дебар
Денес започна со работа новата модернизирана експозитура на Комерцијална банка во Дебар
КАФЕАНЏИИТЕ НА КЕЈОТ ВО СКОПЈЕ ПОЧНАА ДА СИ ГИ УРИВААТ ТЕРАСИТЕ СО КОИ БЕШЕ ЗАФАТЕНО ЦЕЛОТО ШЕТАЛИШТЕ
КАФЕАНЏИИТЕ НА КЕЈОТ ВО СКОПЈЕ ПОЧНАА ДА СИ ГИ УРИВААТ ТЕРАСИТЕ СО КОИ БЕШЕ ЗАФАТЕНО ЦЕЛОТО ШЕТАЛИШТЕ
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Општина Кисела Вода засади 136 садници
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Општина Кисела Вода засади 136 садници
СДСМ: Ги повикуваме сите граѓани, сите заедници, сите партии и секој заинтересиран за подобра македонска иднина, сите да се вклучат во споделување на повикот за попишувачи објавен од Државниот завод за статистика

Костадинов: Правдата е тука, пропадна мисијата на Мицкоски поради која Груевски и Мијалков го поставија во ВМРО ДПМНЕ
Костадинов: Правдата е тука, пропадна мисијата на Мицкоски поради која Груевски и Мијалков го поставија во ВМРО ДПМНЕ
СПАСОВСКИ: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај
СПАСОВСКИ: Се зголемува безбедноста во сообраќајот, договорени кампањи на МВР и РСБСП за уште побезбеден сообраќај

Вицепремиерот Битиќи се сретна со новиот француски амбасадор Бомгартнер – Да ја унапредуваме и поттикнуваме меѓусебната политичка и економска соработка, потенцијалот за соработка е голем

Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во нашата земја, Н.Е. Сирил Бомгартнер, со кого разговараа за досегашната политичка соработка помеѓу Владата и амбасадата, за економската соработка помеѓу двете земји и за активности со кои соработката ќе се унапреди.

Вицепремиерот му посака многу успех на Бомгартнер во вршењето на новата должност, пришто се заблагодари за досегашната поддршка од Република Франција во евро-интеграциските процеси на Република Северна Македонија и порача дека очекува соработката и понатаму да продолжи.

Новиот француски амбасадор ги реафирмираше ставовите и подвлече дека Франција ќе продолжи со поддршка на реформите во нашата земја, за европската интеграција на Северна Македонија, особено за реформите во правосудството, справувањето со климатските промени и заштитата на животната средина и економски развој на земјата.

Во однос на економската соработка, соговорниците се согласија дека има голем потенцијал за да се унапреди истата. Вицепремиерот Битиќи ги презентираше можностите за инвестирање во Република Северна и посочи декаа во наредните неколку години ќе се реализираа големи капитални проекти во патната, железничката, енергетската и комунална инфраструктура, на кои би можело да аплицираат и француски компании со искуство во соодветните области и кои веќе реализирале вакви проекти.

Вицепремиерот Битиќи и новоименуваниот француски амбасадор Бомгартнер се согласија дека потенцијалот за економска соработка треба да се искористи и дека за тоа ќе продолжат со меѓусебна комуникација и координација.

loading...

Watch Sword Art Online Alicization War of Underworld (Dub) Episode 6 (https://animeflix.nl/m/5g4z/ep-6) at website https://animeflix.nl animeflix boruto

Watch King's Raid: Ishi wo Tsugumono-tachi Episode 13 at Funimation funimation anime