Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Парното греење во Скопје ќе го преземе државата, кажа премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието
Парното греење во Скопје ќе го преземе државата, кажа премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратенички прашања во Собранието
Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии
Мираковска: ЕП дава јасна поддршка на земјава за евроинтеграцијата – во донесениот документ внесени македонските црвени линии
Ковачевски: Не треба да има предвремени избори, Владата се грижи за националните интереси и за достоинството на граѓаните
Ковачевски: Не треба да има предвремени избори, Владата се грижи за националните интереси и за достоинството на граѓаните
Јовева: Европскиот парламент дава целосна поддршка за почеток на преговорите
Јовева: Европскиот парламент дава целосна поддршка за почеток на преговорите

Вицепремиерот Битиќи во интервју за порталот izvoz.mk: Ги поддржуваме компаниите кои инвестираат во производство и креираат работни места платени за 50% повеќе од минималната плата во државата

„Македонската економија го нема луксузот на постепено прилагодување и ќе мора брзо да се прилагоди на промените во пост-ковид периодот. Македонските бизнисмени и стопанството во оваа криза покажаа дека имаат капацитет да се прилагодат, но истовремено треба интензивно да се работи на доближување кон вредностите на големите економии и кон зголемување на конкурентноста на македонските компании“, изјави заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во интерјуто дадено за специјализираниот електронски портал, izvoz.mk.

Вицепремиерот посочи дека зголемувањето на конкурентноста е клучот за поинтензивен раст и развој на економијата и додаде дека Владата спроведува низа на чекори во позитивна насока.

„На пример, поддржуваме воведување на нови технологии од страна на сите компании кои се во производствениот процес или кои влегуваат во производствени процеси. Во 2017 година, кога стартуваше мерката за поддршка на инвестиции преку Законот за финансиска поддршка, имаше само 12 компании кои беа поддржани во процесот на нови инвестиции. Во 2020 година веќе имаме 245 компании, за да според последните информации, годинава ја завршиме со 350 поддржани компании кои влегуваат во нови инвестициски проекти“, нагласи Битиќи.

Тој објасни дека треба да се менуваме структурата на нашата економија и да се поддржуваат сектори кои создаваат додадена вредност во економијата.

„Затоа ја креираме Националната развојна стратегија 2021-2041, чија цел е да ги даде правците за развој на државата во следните 20 години. Го изменивме Законот за финансиска поддршка на инвестиции, во насока на стимулирање инвестиции во помалку развиените региони, придонесувајќи кон порамномерен регионален развој. Истакнавме дека ќе ги поддржиме компаниите во креирање на нови работни места, но само ако платите кои се исплаќаат за тие работни места се минимум 50% повисоки од минималната плата во државата“, подвлекува вицепремиерот.

Битиќи потсети дека во време на пандемија, Владата минатата година донесе две автономни мерки за намалување или укинување на царините на 117 суровини и репроматеријали со цел да ја зголемиме конкурентноста на компаниите, да се намалат производните трошоци и да се поттикнува извоз.

„Се што правиме е во координација со бизнис секторот, според нивните потреби, со намера да креираме предвидливост и да им помогнеме да ја подобрат конкурентноста. За прв пат воспоставуваме систем за следење на државната помош и мерење на ефектите од секој еден денар дадена државна помош. Не сите средства дадени како поддршка во изминатиот период го дале ефектот и за жал не биле потрошени за да создадат нова додадена вредност. Треба да воспоставиме економски систем кој ќе биде стабилен, предвидлив и кој ќе нуди перспектива и развој за младите и за компаниите“, потенцира во интервјуто дадено за специјализираниот електронски портал izvoz.mk, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

loading...

GO88 - Game bài đổi thưởng uy tín | Link tải game IOS Tải Go88 - Sảnh game đánh bài đổi tiền thật uy tín go88 online

cách tải game sunwin sunwin life sunwin có uy tín không