АЈДЕ НЕКА Е СО СРЕЌА: Денеска почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците
АЈДЕ НЕКА Е СО СРЕЌА: Денеска почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците
ОВИЕ УШТЕ НЕ ДОШЛЕ НА ВЛАСТ А ПОЧНАА ДА АЗДИСУВААТ - Пратеник од Алијанса на Албанците направил скандал на Блаце: мавтал со дипломатски пасош за преку ред да влезе во Македонија
ОВИЕ УШТЕ НЕ ДОШЛЕ НА ВЛАСТ А ПОЧНАА ДА АЗДИСУВААТ - Пратеник од Алијанса на Албанците направил скандал на Блаце: мавтал со дипломатски пасош за преку ред да влезе во Македонија
ЃУБРЕ ВМРОВСКО ПРОСТАЧКО, КАКО ОВОЈ СТАСАЛ ДО ШЕФ НА МАНУ: Шефицата на катедрата за македонски јазик демантира дека катедрата ке се укине-председателот на МАНУ манипулирал
ЃУБРЕ ВМРОВСКО ПРОСТАЧКО, КАКО ОВОЈ СТАСАЛ ДО ШЕФ НА МАНУ: Шефицата на катедрата за македонски јазик демантира дека катедрата ке се укине-председателот на МАНУ манипулирал
СДСМ: Нашите ставови се различни од тие на Љубчо Георгиевски
СДСМ: Нашите ставови се различни од тие на Љубчо Георгиевски
Ковачев: Пред да го распнете на крст, слушнете ја мудроста на Љубчо Георгиевски
Ковачев: Пред да го распнете на крст, слушнете ја мудроста на Љубчо Георгиевски
ЕВЕ ЗОШТО ЗАЕВ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР УШТЕ 10 ГОДИНИ - ОВА МИЦКОВСКИ НЕМА МЕНТАЛЕН КАПАЦИТЕТ ДА ГО РАЗБЕРЕ: Заев: Ако некој граѓанин има право да зборува на својот мајчин јазик, не губат другите граѓани, добива Северна Македонија

ДУРИ И МОЌНАТА ГЕРМАНИЈА ИМА ПРОБЛЕМИ СО ВАКЦИНИТЕ - Меркел: Ќе мора да се подготвиме, вакцинацијата против корона ќе трае со години
ДУРИ И МОЌНАТА ГЕРМАНИЈА ИМА ПРОБЛЕМИ СО ВАКЦИНИТЕ - Меркел: Ќе мора да се подготвиме, вакцинацијата против корона ќе трае со години
Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите и ќе спроведе постапки овие дела да бидат институционално расчистени
Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите и ќе спроведе постапки овие дела да бидат институционално расчистени

Вицепремиерот Битиќи во посета на компании во Охрид – Се грижиме и ги поддржуваме компаниите, тие се клучни за економскиот развој

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, за време на посетата на Охрид, изврши обиколка на компаниите АСП-ПАК, ЛТХ леарница и Костал, со коишто Владата има потпишано договори за државна помош. За време на посетите на сите три компании, вицепремиерот се сретна и со менаџментот на компаниите со кои разговараше за нивното тековно работење, мерките на Владата за справување со кризата и другите мерки за поттикнување на нови инвестиции, како и за предизвиците со кои се соочуваат.

Еднодневните активности во Охрид Вицепремиерот ги заврши со посета на компанијата Костал, германска инвестиција, која работи во просториите на некогашно ЕМО, а која има изградено и нова производствена хала, што значи дека нивните инвестициски намери се навистина сериозни. Сите три компании кои беа посетени се позитивен пример и успешни компании со сериозен инвестициски циклус од околу 80 милиони евра, за наредните неколку години, а имаат значителен импакт на локалниот економски развој на Охрид и на регионалниот развој.

„Овие три компании, но и некои други кои денес не ги посетивме, се навистина значајни за Охрид и регионот. Создаваат солидно платени работни места, можност за младите да останат во татковината и тука да ја планираат својата иднина, но и имаат голем импакт за раздвижување на локалната економија, користејќи прозводи и услуги од други локални компании”, посочи вицепремиерот Битиќи.

Битиќи во својата завршна изјава по посетата на Охрид, потенцираше дека Владата во наредниот период ќе продолжи да спроведува политики и мерки со кои ќе се стимулира стопанството, за нови работни места, за подобар живот на граѓаните.

„Компаниите се оние кои ја создаваат економијата, тие се базата на економскиот развој. Ние како Влада ќе продолжиме со поддршка на компаниите која би можел да кажам дека ќе се движи паралелно во пет насоки. Продолжуваме да работиме на привлекување на реномирани странски компании кои произведуваат производи со повисока додадена вредност и одржување на добра комуникација и грижа за странските компании кои веќе работат во земјата. Ќе продолжи и поддршката на домашните компании за технолошки развој, дигитализација, внесување на иновации и поголема конкурентност на меѓународните пазари. Правиме напори за поврзување на домашните и странските компании, односно се повеќе домашни компании да бидат дел од вредносните ланци на големите меѓународни компани. Овозможуваме поддршка за креирање квалитетни и подобро платени работни места за нашите граѓани и ќе ги стимулираме компаниите, независно дали се домашни или странски да инвестираат во центри за истражување и развој, што е всушност и основата за поголема продуктивност, повисоки приходи и иновации”, заврши вицепремиерот Битиќи.

Директорот на Костал, Виктор Мизо соопшти дека компанијата продолжува со реализацијата на плановите и покрај глобалната здравствена и економска криза, при што најави креирање на нови 250 работни места во наредната година, како и воспоставување на нови, најсофистицирани линии за најсовремените производи на Костал на глобално ниво.

„Работиме за BMW, Mercedes, Volkswagen, Porsche, Audi, Tesla и Rolls Royce, а од наредната година ќе почнеме да работиме и за Jaguar и Land Rover, што значи дека 80% од нашите клиенти, се премиум производители на автомобили. До крајот на оваа година ќе биде реализирано околу 74-76% од планираното. Поддршката која Владата ја даде, што беше важно не само за Костал, туку и за други компании кои работат во земјата, беше првиот бран на изедначување на царинските тарифи со оние од ЕУ и веќе го гледаме првичниот импакт во месец ноември, кога нашата конкурентност беше значително зголемена”, изјави директорот на компанијата Костал, Виктор Мизо.

Компаниите кои беа посетени од Вицепремиерот Битиќи (АСП-ПАК, ЛТХ Леарница и Костал) се извозно ориентирани компании, конкурентни на меѓународните пазари, а во нив во моментов работат над 1500 лица од Охрид и регионот.

loading...

Watch World Trigger 2nd Season Episode 1 (https://animeplanet.cc/m/ge93/ep-1) at AnimePlanet www anime planet com sign up

Violet Evergarden Movie (https://animeheaven.pro/m/0WVP) Episode Preview at AnimeHeaven my anime heaven