ПРИЗНАНИЈА ДОСТОИНСТВО
Денес во 12.00 часот, во “Сити Хол Центар” во Скопје, здружението Достоинство на четворицата починати армиски и полициски генерали, Панде Петровски, Ристо Галевски, Јосип Бошевски и Атанас Јовчески, постхумно им додели признанија за покажана лична храброст, самопрегор и извонредни успеси во организирањето и командувањето со безбедносните сили при одбраната на татковината, Република Македонија, во 2001 година.
На церемонијата, покрај членови на семејствата на четворицата починати генерали присуствуваше и претседателот и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, како и поранешни армиски и полициски генерали и други високи старешини вклучувајки и припадници на редовниот и резервниот армиски и полициски состав, учесници во одбраната на Република Македонија во 2001 година.
Видео од настанот на следниов линк.