ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПРИЗНАНИЕ И БЕНИФИЦИРАН СТАЖ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ПРИЗНАНИЕ И БЕНИФИЦИРАН СТАЖ ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ
Андов за Камчев: Во затворот постои куќен ред и нема привилегирани „гости“ без разлика кои се и што се
Андов за Камчев: Во затворот постои куќен ред и нема привилегирани „гости“ без разлика кои се и што се
ГЛАВНИОТ ШТАБ И ПРЕДЛАГА НА ВЛАДАТА ОД СРЕДА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДА ПОЧНУВА ОД 24 ЧАСОТ!
ГЛАВНИОТ ШТАБ И ПРЕДЛАГА НА ВЛАДАТА ОД СРЕДА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДА ПОЧНУВА ОД 24 ЧАСОТ!
МАФИЈАТА КЛЕКНАТА НА КОЛЕНА - Обвинителството ќе бара да му се продолжи притворот на Камчев, следната недела обвинение за „Плацевите на Водно“
МАФИЈАТА КЛЕКНАТА НА КОЛЕНА - Обвинителството ќе бара да му се продолжи притворот на Камчев, следната недела обвинение за „Плацевите на Водно“
Груби: Сега ја очекуваме иста храброст од европските лидери која тие ја бараа од нас
Груби: Сега ја очекуваме иста храброст од европските лидери која тие ја бараа од нас
Димитров: Европа да си го одржи зборот, крајно време е да ги почнеме заслужените преговори
Димитров: Европа да си го одржи зборот, крајно време е да ги почнеме заслужените преговори
ПРЕМИЕРОТ ЈА ПОЧНА ЕВРОПСКАТА ТУРНЕЈА - Средба со Лајчак: С Македонија го сработи својот дел, на ред е ЕУ
ПРЕМИЕРОТ ЈА ПОЧНА ЕВРОПСКАТА ТУРНЕЈА - Средба со Лајчак: С Македонија го сработи својот дел, на ред е ЕУ
„Стандард“: Не разбираме што му стана. Изјавите на Вархеји предизвикуваат чудење во ЕУ
„Стандард“: Не разбираме што му стана. Изјавите на Вархеји предизвикуваат чудење во ЕУ

(ВИДЕО) Бочварски: Инвестираме во подобрување на патната мрежа во Кочани

Министерството за транспорт и врски во соработка со општина Кочани инвестира во подобрување на локалната патна мрежа. Со заедничка инвестиција од 11 милиони денари, се градат пет нови кружни текови со кои ќе се подобри безбедноста во сообраќајот во Кочани, истакна министерот Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Кочани.

Дополнително, потенцира министерот, преку Министерството за транспорт и врски во општина Кочани ќе се реконструираат три локални улици. За едната веќе е склучен договорот и градежните работи започнуваат следната недела, а за останите распишен е јавен повик за реконструкција .

“ Имаме еден убав проект кој го видовме, а тоа е регулацијата на цел еден булевар со пет кружни текови, каде што централната Влада даде поддршка на општина Кочани, а остатокот од средствата ги обезбеди општината и ова е пример како се работи за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Знам дека во Кочани вака никогаш не се градело, знам дека ова е навистина убав период за градот кај што се гледа дека сите проекти кои со години тлееле, стоеле нереализирани, денеска се во фаза на реализација. Во продолжение на овие кружни текови од следната недела започнува и реконструкција на булеварот” изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој додаде дека со поддршката од централната власт се решава станбеното прашање во Ромската населба и дека наскоро се започнува со изградба на нова социјална зграда со 35 станбени единици.

“ Ова е многу значаен проект за општина Кочани со кој обезбедуваме брз проток на сообраќајот во овој дел на градот. Завршивме два од вкупно пет планирани кружни текови, така да во следната фаза преку централната влада ќе го реконструираме десниот крак од булеварот со до полициската станица. Исто така преку министерството за транспорт и врски добивме поддршка за реконструкција на уште две улици кои се во многу лоша состојба и верувам дека со проектите што ги работиме преку општината ќе придонесеме за подобрување на условите за живеење во Кочани”, изјави Николчо Илијев, градоначалник на општина Кочани.

На новинарско прашање за гасификација на Источниот дел на земјата, министерот Бочварски истакна дека преку постапка за Јавно приватно партнерство која се води во Министерството за економија, со изборот на фирма, приватниот партнер ќе ја гради мрежата во општините. Во меѓувреме истакна министерот, до крај на годината ќе се заврши со изградба на магистралните гасоводи од Неготино до Битола и од Скопје до Гостивар, како и распишување на повикот за изградба на конекторот со Грција.

loading...

AnimeDao overlord animedao: JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 39

KissAnime kissanime2: Watch Bleach (Dub) Episode 366