– 1997-ма Антонио Милошоски беше во младината на ВМРО ДПМНЕ, и нон стоп беше гладен, многу сиромашно дете, блед, никаков… Баш заради тоа го избравме да биде во шаторите на студентските протести личеше како да штрајкува со глад иако им дававме сендвичи…
Еден ден дојде и ни кажа дека ќе преминува кај Ѕинго затоа што му ветиле некоја пара и едвај го разубедивме иако веќе Латас најави на Сител и ги покани и во емисија со Филип Петровски за да ги промовира и врбува. Го натеравме да изглуми дека му се слошило и донесовме партиски активист кој беше на смена во брза помош да глуми дека му дава брза помош, се беше глума.
Александар Диневски поранешен шеф на партиската разузнавачка служба на ВМРО ДПМНЕ, наречена КСИО со која ВМРО ДПМНЕ пробуваше во 90-тите да им контрира на СДСМ кои ги прислушкуваа со ДБК во 90-тите.
Инаку кога беше министер за надворешни работи, Антонио обожавал да затвора ресторани и да работи цел ресторан само за него и трошел големи суми народни пари за гоштевања и скапи вина, тоа се тие фрустрации од детство.
Она што е особено интересно кај него е што негов братучед од Кичево му ја пратил девојката да и помогне партиски да и најдат работа а тој ја направил своја секретарка и после ја оженил, сега му е втора сопруга. Срцка е Антоњо.
Во бомбите на Заев се прослави со разговор во кој на Гоца и предлага да наместат активист на СДСМ во Кичево, да му подметнат документи во станот за да го осудат на затворска казна, а исто така предлага и судии за лустрација, судии кои му сметале во обидот да украде државно земјиште во Пласница и во Македонски Брод, кои се близу Кичево каде неговиот татко ги украде и приватизира здруженијата за возачи.