НАУМОВСКИ: Во соработка со АД ,,Водостапанство“, Подружница-Скопско Поле, започнавме со расчистување на Новоселскиот канал.
НАУМОВСКИ: Во соработка со АД ,,Водостапанство“, Подружница-Скопско Поле, започнавме со расчистување на Новоселскиот канал.
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА: СЕ СТАВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА, СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИ
ВО ЃОРЧЕ СЕ РАБОТИ СО ПОЛНА ПАРЕА: СЕ СТАВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА, СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИ
(ВИДЕО) ЗАСТРАШУВАЧКИ СЦЕНИ НА НАТПРЕВАРОТ ДАНСКА - ФИНСКА, ФУДБАЛЕРОТ ЕРИКСЕН СЕ НИЧКОСА НА ТЕРЕН ОД СРЦЕВ УДАР, НО ЛЕКАРИТЕ ГО ВРАТИЈА ВО ЖИВОТ
(ВИДЕО) ЗАСТРАШУВАЧКИ СЦЕНИ НА НАТПРЕВАРОТ ДАНСКА - ФИНСКА, ФУДБАЛЕРОТ ЕРИКСЕН СЕ НИЧКОСА НА ТЕРЕН ОД СРЦЕВ УДАР, НО ЛЕКАРИТЕ ГО ВРАТИЈА ВО ЖИВОТ
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ МУ ДАДЕ БЛАГОДАРНИЦА НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЗА НЕГОВОТО ЗАЛАГАЊЕ ДА СЕ ПРЕВЕНИРА КОВИД 19 КАЈ ДЕЦАТА
ВЕНКО ФИЛИПЧЕ МУ ДАДЕ БЛАГОДАРНИЦА НА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ЗА НЕГОВОТО ЗАЛАГАЊЕ ДА СЕ ПРЕВЕНИРА КОВИД 19 КАЈ ДЕЦАТА
Мајката на Верица чие срце беше донирано, вработена во новата канцеларија на премиерот за контакт со граѓаните
Мајката на Верица чие срце беше донирано, вработена во новата канцеларија на премиерот за контакт со граѓаните
Австрија се надева на првата победа, С. Македонија на чудо
Австрија се надева на првата победа, С. Македонија на чудо
НИКОЛОВСКИ: Денеска заедно со Венко Филипче и Петре Шилегов присуствувавме на 6 Конгрес на Сојузот на Ромите на Македонија.
НИКОЛОВСКИ: Денеска заедно со Венко Филипче и Петре Шилегов присуствувавме на 6 Конгрес на Сојузот на Ромите на Македонија.
(ВИДЕО) Американците го избраа македонскиот дрес за најубав на Европското првенство
(ВИДЕО) Американците го избраа македонскиот дрес за најубав на Европското првенство

(ВИДЕО) БОМБА НА ФИЛИПЧЕ: ОД ТРИ ИЗВОРИ ЌЕ ДОБИЕМЕ ВАКЦИНИ ЗА 1,2 МИЛИОНИ ГРАЃАНИ ДО КРАЈОТ НА ЈАНУАРИ И ПОЧЕТОКОТ НА ФЕВРУАРИ

Ќе стигнат вакцини против ковид-19 за 1,2 милиони граѓани во земјава, што значи ќе се опфати скоро 60 отсто од населението, што се претпоставува дека е доволно за да се создаде колективен имунитет, кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче рече дека во земјава треба да стигнат три пратки од по 800.000 дози со вакцини од три места, преку Ковакс механизмот, преку директните преговори со „Фајзер“ и преку Европската Унија. Вчера стигнало писмо од Ковакс механизмот, преку кој Македонија има обезбедено 833.000 дози вакцини со кои ќе се вакцинираат 400.000 граѓани, за што се одвоени 7.9 милиони евра, и тие можно е да стигнат на крајот на јануари, или почетокот на февруари. Крајниот рок до кој земјава треба да ја испрати документацијата е 18 јануари. Преку овој механизам, како што рече министерот, прво ќе стигне вакцината на „Фајзер“, а потоа на вакцината на Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“.

Со „Фајзер“ се договорени 800.000 дози, првите 5.850 дози од овие вакцини треба да стигнат во февруари, во март треба да стигнат уште 17.550 и најмалку уште толку во април, и останатите до крајот на годинава.

„Аплициравме и добивме поддршка од Канцеларијата на ЕУ дека ќе добиеме грант од ЕУ од одреден процент од земјите членки“, рече Филипче по посетата на Клиниката за гинекологија и акушерство, по повод адаптацијата на нов простор за Дневната болница и салата за киретажа.

Филипче оцени дека состојбата со ковид-19 во земјава е стабилна и продолжува трендот на намалување на заболени и хоспитализирани, а за сѐ почестите барања од угосителите да им се продоложи работното време до 23 часот, рече дека каква одлука и да се донесе, ќе важи после 21 јануари. Владата минатиот месец донесе одлука кафеаните и угостителските објекти да затвораат до 18 часот, и таа мерка со цел да се спречат групирањата да важи до 21 јануари.

На новинарско прашање зошто е затворена монтажната болница до Инфективната клиника, министерот кажа дека таа одлука е донесена оти била попрактична и за лекарите и за медицинските сестри.

„Здравствените услуги на Интерните клиники не престанаа. Но, се одвиваа физички во некои други делови од зградата. На некој начин медицинските сестри и лекарите не мораат да се ротираат и во модуларната болница. Оваа одлука беше попрактична и за лекарите, и за медицинските сестри. Модуларната болница може да биде отворена во секој момент, но јас искрено се надевам дека ќе нема потреба“, рече Филипче.

Линк до видео од пресот, овде.

loading...

GoGoAnime boku no hero academia season 4 gogoanime: Watch My Hero Academia 3 (Dub) Episode 12

WCOStream ben 10 alien force wcostream: Dragon Ball (Dub) Episode 153