(ВИДЕО) БОМБА НА КОВАЧЕВСКИ: До крајот на мандатот невработеноста ќе ја намалиме под 10%

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во придружба на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати, денеска го посети претпријатието „Метал Декор Дизајн“.

На посетата премиерот се сретна со основачот на „Метал Декор Дизајн”, Игор Младеновски, кој го основал претпријатието благодарение на мерката за самовработување од Оперативниот план за вработување на Министерството за труд и социјална политика што ги спроведува Агенцијата за вработување.

Премиерот Ковачевски во разговорот со Младеновски рече дека го радуваат посети на успешни бизнис проекти и храброста на луѓе кои го прифаќаат предизвикот да отпочнат сопствен бизнис, кои со тоа им даваат шанса и на други наши сограѓани со креирање нови работни места.

Игор Младеновски ја искористил финансиската поддршка од мерката за вработување и во 2018 година ја основал компанијата „Метал Декор Дизајн” за изработка на внатрешен и надворешен ентериер, изработка на огради, натстрешници и браварски услуги.

На средбата тој го информираше премиерот Ковачевски дека од основањето до денеска „Метал Декор Дизајн” е во постојан развој и сега има 12 вработени (10 вработени и 2 корперанти) и набавена опрема која овозможува ширење на листата на услуги.

Премиерот Ковачевски за Оперативниот план за вработување рече дека е еден од најуспешните проекти на Владата со кој во 2021 година се реализирани дури 94,6% од предвидените мерки и се вработија 11.292 невработени лица.

Ковачевски истакна дека мерките од Оперативниот план за вработување учествуваа во намалувањето на невработеноста до историските 15,9%, со тенденција да продолжи да опаѓа, и дека до крајот на актуелниот мандат на Владата ќе биде постигната невработеност од под 10%.

Охрабрени од резултатите на Оперативниот план за 2021 година, рече премиерот Ковачевски, во буџетот за оваа намена за 2022 година се обезбедени зголемени финансии, односно 1,73 милијарди денари.

„Тоа ветува дека ќе видиме реализација на уште вакви успешни бизнис иницијативи како оваа на Игор Младеновски и неговата „Метал Декор Дизајн”“, нагласи премиерот Ковачевски за време на посетата на ова претпријатие кое е основано и постигна успех благодарение на мерките од Оперативниот план за вработување на Владата.

tải sunwin apk sunwin apk tải sunwin

tải sunwin

sun win

tải sunwin

sun win