ЈОВАНОСКИ: ВО ПРИЛЕП ОСВЕН УЛИЦИ ГРАДИМЕ И НОВИ ПАРКИРАЛИШТА
ЈОВАНОСКИ: ВО ПРИЛЕП ОСВЕН УЛИЦИ ГРАДИМЕ И НОВИ ПАРКИРАЛИШТА
ЕДИ РАМА РАСТУРИ ВО АЛЕКСАНДАР ПАЛАС: СО ВЕКОВИ СИ КОПАВМЕ ОЧИ ЕДНИ НА ДРУГИ ДОДЕКА ЕВРОПА СЕ БОГАТЕШЕ, ВРЕМЕ И НИЕ ДА СЕ ОПАМЕТИМЕ И ДА ГО ЗБОГАТИМЕ НАРОДОТ НА БАЛКАНОТ, ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ ЕКОНОМСКИ И ДА ИМАМЕ РАСТ ОД 6-7 ПРОЦЕНТИ ГОДИШНО!

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: БРУТАЛЕН НАПАД НА ДЕМОКРАТИЈАТА СО ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИТЕ ПРАВИЛА БРУТАЛНО СЕ НАПАЃА ДЕМОКРАТИЈАТА,ПРАВОТО НА ЗДРУЖУВАЊЕ,ПРАВОТО НА ИЗРАЗУВАЊЕ И СЛОБОДА НА ПЕЧАТОТ
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: БРУТАЛЕН НАПАД НА ДЕМОКРАТИЈАТА СО ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИТЕ ПРАВИЛА БРУТАЛНО СЕ НАПАЃА ДЕМОКРАТИЈАТА,ПРАВОТО НА ЗДРУЖУВАЊЕ,ПРАВОТО НА ИЗРАЗУВАЊЕ И СЛОБОДА НА ПЕЧАТОТ
БОМБА НА ВУЧИЌ ВО СКОПЈЕ: ВО ИДНИНА ЗАЕДНО АЛБАНИЈА, СРБИЈА И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЛОВИМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ, ЌЕ ИМ КАЖЕМЕ НА СТРАНЦИТЕ ДЕКА МОЖЕТЕ ДА СМЕТАТЕ НА РАБОТНА СИЛА ОД ТРИТЕ ЗЕМЈИ ЗАЕДНО ТОА ЌЕ НЕ НАПРАВИ МНОГУ ПРИВЛЕЧНИ ЗА НОВИ ИНВЕСТИЦИИ

(ВИДЕО) ПРЕД СТОТИЦИ НОВИНАРИ ОД ЦЕЛИОТ БАЛКАН ПОЧНА ЕКОНОМСКИОТ ФОРУМ ВО СКОПЈЕ
(ВИДЕО) ПРЕД СТОТИЦИ НОВИНАРИ ОД ЦЕЛИОТ БАЛКАН ПОЧНА ЕКОНОМСКИОТ ФОРУМ ВО СКОПЈЕ
(ВИДЕО) БРАВО, РЕГУЛАТОРНА ОДЛУЧИ: СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ЗА 4,3 ПРОЦЕНТИ!
(ВИДЕО) БРАВО, РЕГУЛАТОРНА ОДЛУЧИ: СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ НАМАЛАТ ЗА 4,3 ПРОЦЕНТИ!
ЧАДИ НА ВОДНО, ДАЛИ СЕ РАБОТИ ЗА ПОЖАР?!
ЧАДИ НА ВОДНО, ДАЛИ СЕ РАБОТИ ЗА ПОЖАР?!
ЌЕ ПОКРИЈАТ БЛИЗУ 3 МИЛИОНА ЕВРА ДОЛГОВИ НА КЛУБОТ - ФК ВАРДАР СО НОВО РАКОВОДСТВО ВО НОВАТА ФУДБАЛСКА СЕЗОНА
ЌЕ ПОКРИЈАТ БЛИЗУ 3 МИЛИОНА ЕВРА ДОЛГОВИ НА КЛУБОТ - ФК ВАРДАР СО НОВО РАКОВОДСТВО ВО НОВАТА ФУДБАЛСКА СЕЗОНА

(ВИДЕО) БРАВО БРАВО БРАВО – ГРЕКО регистрира напредок во борбата против корупција

Денеска во Владата на Република Северна Македонија, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за правда, Бојан Маричиќ и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одржаа заедничка прес-конференција.

Темата на денешната прес-конференција беше ситуацискиот Извештај на ГРЕКО за Република Северна Македонија за препораките од петтиот круг на евалуација, на тема „Превенција од корупција и промовирање на интегритет на централната власт“.

„ГРЕКО нотира напредок во делот на препораките за борба против корупција. Тоа е показател за јасно изразената политичка волја, за спречување и крајно искоренување на корупцијата. Во Извештајот позитивно е оценето донесувањето на новиот Кодекс за етичко однесување, а особено е потенцирано, дека се постапува согласно одредбите од Кодексот, односно веќе има случаи на разрешени функционери“, потенцираше вицепремиерот Николовски.

ГРЕКО дава и експлицитен позитивен коментар за измената на владината Уредба за примање подароци, со која точно се пропишани процедурите за примање на протоколарни дарови од странски и домашни, физички и правни лица, информираше вицепремиерот Николовски, кој додаде дека сумите за протоколарни подароци се намалени и изнесуваат максимални 20 евра. Се поздравува и тоа што транспарентното се објавени имињата и висината на приходите на сите советници во Владата и министерствата на нивните веб-страници.

Министерот за правда Бојан Маричиќ истакна дека она што е мошне значајно е дека ГРЕКО потенцира дека Владата обезбедила значителни финансиски, материјални и човечки ресурси за работа на ДКСК, особено за развојот на софтверски решенија и бази на податоци. Преостанува да се имплементираат овие решенија за да се преоцени препораката за зајакнување на капацитетите на оваа институција.

Маричиќ дополни дека борбата против корупцијата треба истовремено да се води во сите сектори, на сите нивоа во институциите, особено судовите и обвинителствата.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека веднаш по добивањето на препораките од ГРЕКО се пристапи кон нивно имплементирање, па од страна на ГРЕКО тие препораки се во графата на веќе реализирани активности.

Така, според оценката на ГРЕКО, како што истакна Спасовски успешно се исполнети препораките за јавно објавување на сите претставки и предлози покренати за дисциплинска и кривична одговорност на полициските службеници, назначување на посебни лица за интегритет во рамки на МВР, континуирани обуки на сите политички службеници во врска со јакнењето на нивниот интегритет и спречувањето на конфликтот на интереси, и измена на Етичкиот кодекс на полициските службеници, со што сега се регулирани прашањата за конфликт на интереси, случаи на корупција и примање дарови од страна на полициските службеници.

„Како што можете да забележите, исполнувањето на добар дел од препораките е во тесна врска и претставува уште еден чекор напред во континуираниот процес на ветинг на полициските службеници, за што се заложив уште со моето доаѓање на чело на МВР, а сè со цел да се зацврсти интегритетот на полицајците и нивната отпорност кон какви било влијанија кои се спротивни на законите. Односно, да имаме декриминализирана и департизирана полиција која ќе го штити интересот на граѓаните и полицајци кои професионално и одговорно ќе си ја вршат својата задача“, истакна министерот Спасовски, додавајќи дека радува фактот што од страна на ГРЕКО е препознаена и особено истакната и позитивната транспарентност која ја постигна МВР во претходниот период.

loading...

GoGoAnime my hero academia heroes rising gogoanime: Fairy Tail (Dub) (https://gogoanime.be/m/EY4j) Episode 175

AnimeHeaven animehaven: Redo of Healer Episode 12