МАРИЧИЌ: Честитки за 15-годишното постоење на Академијата за судии и јавни обвинители, таа е изворот на квалитетни и стручни судии и јавни обвинители и единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите

ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА – ЛЕТНА РАБОТА ВО АМЕРИКА
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА – ЛЕТНА РАБОТА ВО АМЕРИКА
КОГА УЧИТЕЛКАТА ТИ Е ВМРОВКА АМА ОД ГРУЕВАТА АНТИЧКА ПРОВИНИЕНЦИЈА
КОГА УЧИТЕЛКАТА ТИ Е ВМРОВКА АМА ОД ГРУЕВАТА АНТИЧКА ПРОВИНИЕНЦИЈА
ДОБРИ ВЕСТИ: Кај 94% од корисниците на ретровисурна терапија, ХИВ вирусот во крвта бил целосно потиснат
ДОБРИ ВЕСТИ: Кај 94% од корисниците на ретровисурна терапија, ХИВ вирусот во крвта бил целосно потиснат
Владата денеска на 112-та седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив

ФОТКА НА ДЕНОТ: СКОПСКО ЗИМСКО ЗАЈДИСОНЦЕ
ФОТКА НА ДЕНОТ: СКОПСКО ЗИМСКО ЗАЈДИСОНЦЕ
Директорот на ФЗОМ најавува тужба ако се утврди дека е „чист“
Директорот на ФЗОМ најавува тужба ако се утврди дека е „чист“
ЕКО СВЕСТ: Исфрлањето на пластичните кеси ќе има долгорочно позитивно влијание врз намалувањето на отпад од пластика и загадувањето на животната средина
ЕКО СВЕСТ: Исфрлањето на пластичните кеси ќе има долгорочно позитивно влијание врз намалувањето на отпад од пластика и загадувањето на животната средина

(ВИДЕО) БРАВО МВР: Запленета дрога вредна околу 200.000 евра кај Прилеп

Во рамки на засилените полициски активности за борба против недозволената трговија со наркотична дрога, во заедничка акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и ОВР Прилеп –Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп на 10.06.2021 околу 01 часот запленета е дрога вредна околу 200.000 евра, чија крајна дестинација била Грција, а приведено е едно лице, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

-Од страна на сообраќајна патрола од ОВР Прилеп околу 01 часот на регионалниот пат Прилеп-Градско, во близина на бензинска станица, било сопрено товарно моторно возило „ман“ со албански регистерски таблички, управувано од Б.Ј. (40) државјанин на Р.Албанија. При контролата, од страна на албанскиот државјанин на полициските службеници им биле понудени пари за да не извршат службени дејствија за контрола на возачот и возилото. Од страна на полициските службеници извршена е контрола, при што во приколката се пронајдени две големи торби во кои биле сместени 50 пакувања со марихуана во вкупна тежина од околу 50 килограми. Проценетата вредност на дрогата е околу 200.000 евра. Возачот е лишен од слобода и во текот на денот со кривична пријава ќе биде предаден на ОЈО Прилеп“, соопшти Ангеловски.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и на другите видови криминал.

loading...