ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
ЦЕНТАР ЌЕ ИЗДАВА И ОДОБРЕНИЈА ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ НАДВОР ОД ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Битиќи на трибината „Најдоброто за нашата општина“: Креираме нови и добро платени работни места, две нови инвестиции во Битола до крајот на годината
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
Вучиќ на 28 и 29 јули на Економски форум во Скопје
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
СКОПЈЕ ДОБИВА ЛЕГАЛНИ ЅИДОВИ ЗА СЛОБОДНО КОРИСТЕЊЕ НА УЛИЧНИТЕ УМЕТНИЦИ
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на стартот на реконструкцијата на патот преку националниот парк „Галичица“: После 50 години се обновува патната врска која ги поврзува убавините на Преспа и Охрид
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
СПАСОВСКИ: Кога ја презедовме власта одлучивме храбро да ги решавме проблемите, наместо да владееме популистички
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
БРАВО - Од понеделник започнува закажување вакцинација во домашни услови
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод
ТРАГЕДИЈА ВО ХРВАТСКА: Десетмина загинати и 45 повредени во несреќата на косовскиот автобус кај Славонски Брод

(ВИДЕО) БРАВО – Владата го задолжи АД „ЕСМ“ да изработи Студија за оправданост и сите потребни технички и финансиско-економски анализи со цел изградба на фотонапонската електрана од 300 MW до 350 MW, на локација во непосредна близина на Штип, на земјиштето кое беше планирано за изградба на карго аеродром

Портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа за заклучоците и одлуките донесени на 69-тата седница, која се одржа вчера (11.5.2011) и одговараа на прашања од интерес на јавноста и медиумите.

Портпаролите Хоџа и Арсовски информираа за донесувањето на најновите мерки, кои се однесуваат на ограничувањето на движењето на граѓаните, како и други мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести.

Со усвоените мерки, забраната за движење почнува од 24:00 часот и ќе трае до 4:00 часот наутро, почнувајќи од утре, 13 мај, со важност до 18 мај. Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови денеска за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Со мерките, угостителските објекти ќе се затворат за гости од 23:30 часот, а во дозволеното работно време работат само отворените делови – терасите од угостителските објекти.

Исклучок од ова ограничување се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување) за посета од лицата сместени во овие објекти.

Од денеска престанува да важи мерката за забрана за посетители – гости во сите вежбалници, фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање, во затворен простор, како и во игротеките, но работата во овие објекти задолжително треба да се одвива според протоколите за работа.

Од денеска, се зголемува и бројот на згрижени деца во воспитните групи до две годишна возраст – најмногу до 15 деца, а во воспитните групи од 2 до 6 годишна возраст, најмногу до 20 деца.

Со одлука на Владата од денеска се дозволува користење на годишните одмори за здравствените работници, согласно планот на раководителот на институцијата, без да се наруши нормалното и тековното функционирање на системот на работа во здравствените установи.

Како дел од овие мерки е и Одлуката, сите настани и други слични јавни активности (културни, научни и забавни) да продолжат да се одржуваат согласно наменските протоколи до 30 проценти исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50 проценти исполнетост на отворените простори.

Спортските настани и натаму се организираат без физичко присуство на публика.

Вчера, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за формирање на регионални центри за КОВИД-19 вакцинација за Струмица, Прилеп и Велес и го задолжи Министерството за здравство, во соработка со општините Струмица, Прилеп и Велес, да го координира спроведувањето на неопходните активности за формирање на регионални вакцинални пунктови за масовна вакцинација.

Портпаролите на Владата, информираа и за утврдувањето на текстот на Предлог-законот за ратификација на Меморандумот за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција во врска со формирање на Управувачки комитет за економска соработка, во кој ќе има 18 члена.

Со Управувачкиот комитет копретседаваат замениците на претседателите на Владите или министрите задолжени за економски работи.

Управувачкиот комитет е надлежен да ја координира билатералната економска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција, да го надгледува постигнатиот напредок, да расправа и да предлага нови идеи и иницијативи, да расправа за заеднички прифатливи решенија и да поднесува предлози поврзани со економските прашања.

Владата го задолжи АД „ЕСМ“ да изработи Студија за оправданост и сите потребни технички и финансиско-економски анализи со цел изградба на фотонапонската електрана од 300 MW до 350 MW, на локација во непосредна близина на Штип, на земјиштето кое беше планирано за изградба на карго аеродром.

АД „ЕСМ“ ќе треба да ангажира консултант за подготовка на тендерска документација и помош при спроведување на постапката за изградба на фотонапонската електрана.

Ова е дел од проектот на енергетска транзиција, каде земјата се фокусира на производство на електрична енергија од обновливи извори, а не од фосилни горива.

Портпаролите на Владата, на прашање на новинарите, категорично ги отфрлија како лаги и манипулации сите вести во кои премиерот Зоран Заев и неговото семејство се доведуваат во каква било врска со турскиот бизнисмен Седат Пекер.

Како што изјавија, премиерот Заев и неговото семејство немале и немаат никакви средби, соработки ниту конекции со споменатото лице.

„Владата смета дека одвојувањето на Албанија и Северна Македонија не е во ничиј интерес и дека непринципиелност од страна на Европската Унија може да има безбедносни последици за целиот регион. Двете земји треба да одат заедно низ процесот на интеграција на Западен Балкан и да си помагаат.

Друга алтернатива освен европската иднина на Северна Македонија и на цел Западен Балкан не постои. Нашата аспирација е да стане Северна Македонија земја -членка во Европската Унија.
Македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел, Северна Македонија единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина. Премиерот Заев на средбите во Брисел беше јасен- идентитетот и јазикот не смеат во ниту случај да бидат предмет на преговори.

Северна Македонија ги спроведе сите реформи, нивната имплементација е предмет на неколку процеси за примена на европските стандарди дома. Исполнети се сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот за членство. Северна Македонија заслужува како никој досега да биде членка на Унијата и има покажано европско однесување и вредности и дома и во регионот, но и со самата Унија и оваа Влада ќе опстои на тоа“, беше речено на редовната прес-конференција на владините портпаролите денеска во врска со актуелниот статус на нашата земја во однос на исполнувањето на условите за формалниот почеток на преговорите со ЕУ.

За текот на вакцинацијата во нашата земја, беше речено дека масовната вакцинација одлично функционира, а тоа го покажуваат бројките на дневно ниво, кои достигнуваат до 15.000 дози аплицирани вакцини.

Активно се работи на изготвување листи за вакцинација на пациенти кои имале трансплантација и пациенти кои се на дијализа. Вакцинацијата во државата се одвива според Националниот план односно се вакцинираат возрасната категорија граѓани кај кои хроничните заболувања се најзастапени и во критичната инфраструктура се вакцинираат граѓани кои исто имаат хронични заболувања, а се работоспособни, така што во ниту еден момент не изостануваат да се вакцинираат граѓани кои имаат хронични болести. И меѓу граѓаните кои се пријавиле на vakcinacija.mk исто има граѓани со хронични заболувања кои се вакцинираат.

Во врска со донесениот Закон за легализација на дивоградбите изгласан во Собранието, на новинарско прашање, беше одговорено дека се погрешни тезите дека „сè и сешто ќе се легализира“. За да се легализира, на пример во заштитено подрачје, треба согласност да се добие од надлежен орган, министерство или друга институција, ако не го загрозуваат тоа подрачје. Така што невозможно да се легализира секој објект во тие делови.

Законот е усогласен и со опозицијата, при што неколку амандмани се прифатени и инкорпорирани во него. Со законот, информираа портпаролите, го спречуваме урбаното дивеење со тоа што ја зголемуваме цената за легализација за плус 50 проценти од редовните комуналии со што се одвраќаат сите оние од намерата да градат нелегално.

Има многу државни објекти кои од разни причини не се запишани во Катастар. Со овој закон тоа се овозможува, оценија портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа на редовната прес-конференција по одржаната 69-та седница.

loading...

AnimeFreak animefreak one piece: Watch The Daily Life of the Immortal King Episode 6

ANIMEFLIX anime: Watch Dragon Ball Super Episode 43