БОГДАНОВИЌ ПОДЕЛИ 150 ТОПЛИ ОБРОЦИ ХРАНА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ
БОГДАНОВИЌ ПОДЕЛИ 150 ТОПЛИ ОБРОЦИ ХРАНА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ РАМАЗАН БАЈРАМ
(ВИДЕО) Одиме на Европско првенство: Промовиран спотот за македонската химна за ЕВРО 2021
(ВИДЕО) Одиме на Европско првенство: Промовиран спотот за македонската химна за ЕВРО 2021
МИЦКОВСКИ, НАРОДОТ БРУТАЛНО ЌЕ ВЕ КАЗНИ НА ИЗБОРИТЕ ЗА СИТЕ БОЈКОТИ ВО СОБРАНИЕТО СО КОИ БЕСРАМНО ГО ВЛОШУВАТЕ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ!!!
МИЦКОВСКИ, НАРОДОТ БРУТАЛНО ЌЕ ВЕ КАЗНИ НА ИЗБОРИТЕ ЗА СИТЕ БОЈКОТИ ВО СОБРАНИЕТО СО КОИ БЕСРАМНО ГО ВЛОШУВАТЕ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ!!!
(ВИДЕО) Од средбата на премиерот Заев со потпретседателот на ЕК Тимерманс: Силна поддршка за почеток на преговорите и честитки за Северна Македонија за лидерството во вложувањата во обновливи извори на енергија

(ВИДЕО) ОВИЕ СЕ УБЕДЛИВО НАША НАЈГОЛЕМА БОЖЈА КАЗНА - ВМРО-ДПМНЕ повторно против државата и граѓаните, го блокираат Законот за служба во Армијата
(ВИДЕО) ОВИЕ СЕ УБЕДЛИВО НАША НАЈГОЛЕМА БОЖЈА КАЗНА - ВМРО-ДПМНЕ повторно против државата и граѓаните, го блокираат Законот за служба во Армијата
ПРВИОТ ЧОВЕК НА НАЈГОЛЕМАТА БИЗНИС КОМОРА ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА: Три Б – Битиќи, Бесими и Бектеши го пресекоа Гордиевиот јазол на бизнисот
ПРВИОТ ЧОВЕК НА НАЈГОЛЕМАТА БИЗНИС КОМОРА ЈА ПОФАЛИ ВЛАДАТА: Три Б – Битиќи, Бесими и Бектеши го пресекоа Гордиевиот јазол на бизнисот
КАКО СЕ КОМЕНТИРА ЕВРОПСКАТА ТУРНЕЈА НА ЗАЕВ - ВТОРИОТ НАЈГОЛЕМ АНТИ МАКЕДОНЕЦ ПОСЛЕ КАРАЧАНОВ, ЏАМБАСКИ СО НОВИ НАВРЕДИ: Македонски идентитет, колку тоа смешно звучи!
КАКО СЕ КОМЕНТИРА ЕВРОПСКАТА ТУРНЕЈА НА ЗАЕВ - ВТОРИОТ НАЈГОЛЕМ АНТИ МАКЕДОНЕЦ ПОСЛЕ КАРАЧАНОВ, ЏАМБАСКИ СО НОВИ НАВРЕДИ: Македонски идентитет, колку тоа смешно звучи!
ОТКАКО ГИ ВИДОА ЗАЕВ, ВЕНКО И ГРУБИ КАКО СЕ ВАКЦИНИРААТ, ГРАЃАНИТЕ СЕ ОХРАБРИЈА, ГУЖВИ НА ПУНКТОВИТЕ: Вчера се вакцинирале 14 илјади граѓани!
ОТКАКО ГИ ВИДОА ЗАЕВ, ВЕНКО И ГРУБИ КАКО СЕ ВАКЦИНИРААТ, ГРАЃАНИТЕ СЕ ОХРАБРИЈА, ГУЖВИ НА ПУНКТОВИТЕ: Вчера се вакцинирале 14 илјади граѓани!

(ВИДЕО) БРАВО – ВУЧИЌ СИ ГО ОДРЖА ЗБОРОТ, ИСПАДНА НАЈГОЛЕМ ЛИДЕР НА БАЛКАНОТ, ВЕНКО САМ СИ ЈА ЗЕДЕ КУТИЈАТА СО ВАКЦИНИ, ШТО СИ Е СИГУРНО, СИГУРНО СИ Е!

Министерот за здравство Венко Филипче денеска, на граничниот премин Табановце ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој му ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.

Лончар истакна дека денеска го исполнуваат она што го ветиле и го договорилие претседателот Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев.

-Денеска донесовме 3 510 дози на вакцини за граѓаните на С Македонија што заедно со првата пратка изнесува вкупно 8.190 дози. Исклучително ми е драго што сме во можност да им помогнеме на нашите соседи и пријатели. Од министерот разбрав дека вакцинацијата е почната, дека ќе продолжите понатаму. Она што посакуваме е и вие да биедете безбедни, вашите граѓани што помааку се разболуваат и кога вие ќе имате подобра ситуација, ќе имаме и сите ние и регионот. Тоа е нашата цел, ќе гледаме и понматаму да помагаме. Ова е поздрав од сите граѓани на Србија од претседателот Вучиќ. Продолжуваме понатаму, рече Лончар.

Филипче изјави дека овој чин на солидарност кој беше на иницијатива на Заев и Вучиќ сега се реализира и во втората фаза како што беше најавено. Со добиените вакцини е започнат кај нас процесот на имунизација на здравствените работници и тој, како што посочи Филипче, засега се одвива одлично, во еден пункт со шест места во Клиничкиот центар во Скопје. Досега се вакцинирани околу 1300 здравствени работници со динамика од 250 – 300 на ден, која ќе продолжи и понатаму.

-Оваа количина вакцини ќе биде доволна да се вакцинираат сите здравствени работници во нашата земја кои се во приоритетната група за имунизација, а тоа се здравствените работници кои од почетокот на кризата работат со пациенти заболени од Ковид, рече Филипче заблагодарувајќи се уште еднаш за овој чин на пријателство и добрососедство.

На новинарско прашање српскиот министер за здрцвство изјави дека досега во Србија се набавени преку два милиони дози вакцини, и тоа од четири производители – Фајзер, Астра Зенека, Синофарм и Спутник. Досега се вакцинирани повеќе од милион лица, а дел се и ревакцинирани со втората доза.

-Наша цел е да вакцинираме преку 2,5 милиони луѓе и она што сакам да го порачам од нашите искуства е дека кога ќе се прими првата доза вакцина нема опуштање. Некои вакцини побзо создаваат антитела, некои поспоро, но мора да се води сметка и да се почитуваат мерките за заштита. Имаме еден број луѓе кои се заразуваат по првата доза бидејќи немаат доволно развиено антитела. рече Лончар.

Во однос на сумата потрошена за набавка на вакцините, истакна дека договорите се доверливи на барање на компаниите, но рече дека сигурно не се ефтини, и оти не станува збор за пари во моментов туку за тоа дека вакцини на пазарот нема.

Првата пратка од Србија пристигна на 14 февруари, а на примопредавањето на донацијата од 4 680 вакцини присуствуваа премиерот Зоран Заев и српскиот претседателот Александар Вучиќ. Со вакцините на „Фајзер“ кај нас почна процесот на имунизација, првично со вакцинирање на здравствените работници. Следни за вакцинација се ризичните групи граѓани над 70 години.

loading...

4Anime 4anime heroes rising: Watch The Daily Life of the Immortal King Episode 7 (https://4anime.biz/m/8VA5/ep-7)

KissAnime kissanimenz: Watch Dragon Ball Z (Dub) Episode 279