Пред точно десет години, на 6-ти декември 2011 година, почина Гоце Арнаудов, легендарниот македонски пејач на народна музика.
Ќе остане запаметен по неговите хитови, по прекрасните песни: „Ех да беше стрела песната”, “Дали чекаш стара мајчице”, “Ќе пијам ќе лумпувам”, “Свири мајсторе”, “Полни бре меанџијо“, „Штом ноќта помине“, „Проклети да се предавниците“… Добитник е на бројни фестивалски награди на најзначајните македонски фолк фестивали како „Валандово“, „Цветници“, “Гоце фест“…
Неговата родна Струмица по смртта му подигна споменик со неговиот лик.