Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Радев: Очекувам одбрана на бугарскиот интерес!
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Само Македонците разбираат како е да ви биде понижен идентитетот, порача Кулеба
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Почина поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Донбас ќе биде украински, порача Зеленски
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Младите чекаат да појдат на психолог и по два месеца, потребни се бесплатни советувалишта
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Забрчанец: Со Отворен Балкан стануваме пазар од 12 милиони жители
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Петков ќе бара бугарските услови да влезат во преговарачката рамка за Македонија
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба
Ангел Димитров: За РСМ Договорот за пријателство е карта за ЕУ, а не цврста политичка определба

(ВИДЕО) Џафери: Северна Македонија да биде дом на нашата младина

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, објави новогодишна видео-честитка во која се осврна на предзвиците во 2021 година, но и желбите за идната 2022 година.

Се охрабрувам дека следната 2022 година во ниту еден сегмент нема да биде како годината која изминува, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери, во новогодишната видео-честитка до граѓаните. Ваквиот став, спикерот го сподели со „доза на оптимизам“ во контекст на тоа дека новата година ќе биде подобра од тековната.

Оваа година, истакна Џафери, била полна со предизвици.

„За жал, не можеме да кажеме дека беше лесна ниту пак успешна. Напротив, беше тешка, полна со предзвици и препреки и најтажно од се, година во која паралелно со здравствените, економските и штетите по менталното здравје на глобално ниво што ги предизвика пандемијата со ковид-19. Нашата земја беше погодена од огромни трагедии во кои загубивме драги наши сограѓани и тоа остави болка и горчлив вкус во сите нас“,

вели Талат Џафери, претседател на Собранието на РСМ.

Потоа, Џафери се осврна на работата на парламентот. Објасни дека по изборите привремено бил нарушен политичкиот дијалог во земјата а и дека поради пандемијата и изборите Собранието останало релативно затворено со граѓаните. Па , сепак, шефот на парламентот кажа и дека се обидувале да се доближат до граѓаните.

„И законодавниот дом фунционираше во рамките на наметнати здравствени протоколи заради кој останавме затворени за ваши посети и наметнатите деловочники одреби за работа во време на изборни активности. Се фокусиравме на транспаретноста, достапноста и зајакнувањето на надзорната улога на Собранието за да бидеме поблиску до вас, за политичкиот дијалог да се одвива тука, во законодавниот дом“,

вели Џафери.
Во втората половина на честитката, Џафери неколкупати ја пренесува пораката дека Собранието е и дека мора да остане центар на политичкиот дијалог. Поточно, во него да се водат сите дискусии меѓу поличките партии чија цел, истакна Џафери, треба да биде подобрување и олеснување на животот на граѓаните.

„Не можам со сигурност да знам што не очекува во новата година. Меѓутоа, едно може да потврдам, а тоа е дека сите заедно, без оглед на сето тоа што не разликува, ако сме единствени околу тоа што несомнено не обединува а тоа е Република Северна Македонија да биде дом на нашата младина, земја со европски стандарди и вредности, тогаш мораме да градиме односи на взаемна доверба. Почит меѓу нас внатре и надвор со нашите соседи. Да вложиме несебичен труд и да ги надминеме рамките што не ограничуваат. Тогаш ќе успееме. Бидете живи, здрави и успешни. Нека новата 2022 година биде среќна и бериќетна за Република Северна Македонија и за сите вас“

ја завршува Џафери својата честитка.

loading...

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

anime to watch Evangelion: 3.0+1.0 Thrice Upon a Time

DARLING in the FRANXX (Dub)

That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub) Episode 21

AniWatch Attack on Titan Season 3 (Dub)

Tokyo Ghoul Episode 4