(ВИДЕО) Драма кај Демир Хисар: Еден полицаец прободен, двајца прегазени

Случајни минувачи го снимиле инцидентот во селото Долненци демирхисарско за кој полицијата веќе извести. Луѓето во паника викаат поради тоа што се гледаат и слушаат истрели. Воеден момент еден вика „Врати се Филип пука“.

Во инцидентот беа нападнати неколку полоциски службеници од кои еден беше прободен, а двајца беа прегазени.

Вчера во 11.20 часот во село Доленци, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода И.Ѓ.(41) од Росоман. Околу 08.00 часот на патот Битола-Ресен, со возилото „пежо“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив. Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник кој извршувал службени дејствија, соопштија од МВР.