(ВИДЕО) ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ РЕКЛАМНИ СПОТОВИ ДОСЕГА Добредојде за новото време – ребрендирање на Комерцијална банка
(ВИДЕО) ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ РЕКЛАМНИ СПОТОВИ ДОСЕГА Добредојде за новото време – ребрендирање на Комерцијална банка
Победник на советничките листи во Куманово е СДСМ
Победник на советничките листи во Куманово е СДСМ
Билал Касами прогласи победа во Тетово, очекува поддршка во втор круг
Билал Касами прогласи победа во Тетово, очекува поддршка во втор круг
КАКО МОЖЕ НЕКОЈ ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА ПОБЕДНИК АКО ИЗГУБИЛ ВО ЦЕНТАР, КАРПОШ, ШУТКА, КУМАНОВО, БИТОЛА, ЛОЗОВО, РАДОВИШ, ПАЛАНКА, ПРОБИШТИП, КОЧАНИ, ДЕЛЧЕВО, БЕРОВО, ВАЛАНДОВО, СТРУМИЦА, ДОЈРАН, РЕСЕН, КРУШЕВО И Е ПРЕД ПОРАЗ ВО СКОПЈЕ?!?!
КАКО МОЖЕ НЕКОЈ ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА ПОБЕДНИК АКО ИЗГУБИЛ ВО ЦЕНТАР, КАРПОШ, ШУТКА, КУМАНОВО, БИТОЛА, ЛОЗОВО, РАДОВИШ, ПАЛАНКА, ПРОБИШТИП, КОЧАНИ, ДЕЛЧЕВО, БЕРОВО, ВАЛАНДОВО, СТРУМИЦА, ДОЈРАН, РЕСЕН, КРУШЕВО И Е ПРЕД ПОРАЗ ВО СКОПЈЕ?!?!
НЕВЕРОЈАТНО, НАШИОТ ТИКВЕШ УСПЕШНО СЕ ВМЕШУВА ВО СЕГМЕНТОТ ПРЕМИУМ ВИНА НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР, ВИНА КОИ ЧИНАТ ОД 100 ДО 500 ЕВРА ШИШЕ!
НЕВЕРОЈАТНО, НАШИОТ ТИКВЕШ УСПЕШНО СЕ ВМЕШУВА ВО СЕГМЕНТОТ ПРЕМИУМ ВИНА НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР, ВИНА КОИ ЧИНАТ ОД 100 ДО 500 ЕВРА ШИШЕ!
Кондовски: Изборните резултати даваат одлична основа за победа во вториот круг кој е веќе извесен и во кој најавувам повторно позитивна и прогресивна кампања
Кондовски: Изборните резултати даваат одлична основа за победа во вториот круг кој е веќе извесен и во кој најавувам повторно позитивна и прогресивна кампања
БОМБА НА ЗОРАН ЗАЕВ: ПОБЕДУВАМЕ ИЛИ ВОДИМЕ ВО НАД 30 ОПШТИНИ ВО ЗЕМЈАВА И ПЛУС СКОПЈЕ!
БОМБА НА ЗОРАН ЗАЕВ: ПОБЕДУВАМЕ ИЛИ ВОДИМЕ ВО НАД 30 ОПШТИНИ ВО ЗЕМЈАВА И ПЛУС СКОПЈЕ!
ЛИДЕРОТ НА МЛАДИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ОД СТРУМИЦА, СТОЛЕ КОЦИРОВ: Едно сме биле, едно и ќе останеме. СДММ е авангарда, движечка сила и мотивација на секој млад социјалдемократ
ЛИДЕРОТ НА МЛАДИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ОД СТРУМИЦА, СТОЛЕ КОЦИРОВ: Едно сме биле, едно и ќе останеме. СДММ е авангарда, движечка сила и мотивација на секој млад социјалдемократ

(ВИДЕО) ДУШКО ВЕСКОСКИ: Сакам да ве уверам дека нашата визија за Лептокарија, за Млечен, за Делфинa, за мултиетничко Нерези, за Карпош 1, 2 и 3, за новиот парк во Карпош 4, за планската урбанизација кон Злокуќани и Бардовци, за романтично Тафталиџе 1 и 2, за Козле, Трнодол и Жданец, можеме заеднички да ја оствариме, со вас

Почитувани карпошанки и карпошани,

Честа е голема, а задоволството е огромно да бидам кандидат за градоначалник на Општина Карпош. Општина во која сум роден, каде што ги поминав детството и младоста, почнувајќи од детската градинка „Орце Николов“, преку ОУ „Лазо Трповски“, до гимназијата „Никола Карев“. Тука ги стекнав здравите навики, моите први другари, љубовта кон одбојката, и тука сега го градам моето семејство и мојата иднина.

Нашиот Карпош не е само територија, нашиот Карпош се вредностите што ги граделе многу генерации во изминатите четири и пол децении. Нашиот Карпош е симбол на развојот на постземјотресно Скопје, симбол на солидарноста, заедништвото и хуманоста. Ние, карпошани, имаме обврска да продолжиме да ги развиваме тие вредности и гордо да ги пренесуваме на идните млади поколенија. Нашиот Карпош е интелектуален, економски, социјален и еколошки двигател на Градот Скопје. Одлучни сме целосно да го искористиме овој потенцијал преку поставување и одржување на уште повисоки стандарди на хумано и планско урбано живеење.

Нашата визија за наредните четири години е Карпош да се развие во општина со највисок степен на дигитализација на јавните услуги, со хумана и планска урбанизација што го штити јавниот интерес, ја почитува приватната сопственост и придонесува за економскиот развој, со највисок процент на зелени површини во Градот и Републиката, со чисти улици по кои ќе се движат повеќе велосипеди, а помалку автомобили, со развиена социјална и културна инфраструктура.

Сакам да ве уверам дека нашата визија за Лептокарија, за Млечен, за Делфинa, за мултиетничко Нерези, за Карпош 1, 2 и 3, за новиот парк во Карпош 4, за планската урбанизација кон Злокуќани и Бардовци, за романтично Тафталиџе 1 и 2, за Козле, Трнодол и Жданец, можеме заеднички да ја оствариме, со вас.

Драги мои сограѓани, подготвен сум во овој предизвик да го вградам целокупното досегашно мое лично, политичко, но пред сѐ, професионално знаење и искуство. Дел од многуте проекти и активности што ќе ги спроведеме во функција на остварување на нашата визија за Карпош, вклучуваат:
– Изградба на катна гаража околу комплексот ТЦ „Лептокарија“, со зелен парк над гаражата;
– Изградба на две нови детски градинки и реконструкција/обновување на постојните капацитети;
– Изградба на големиот зелен парк во Карпош (спроти населбата Карпош 4);
– Дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци;
II. КАНДИДАТИ ЗА СОВЕТНИЦИ
1. Марин Докузовски е ностиел на Листа на кандидати за советници на СДСМ и коализцијата за Општина Карпош. Роден е на 14.07.1960 година во Скопје, значаен селектор на македонската кошаркарска репрезентација
2. Виолета Куновска
3. Виктор Исјановски
4. Наталија Спировска
5. Јахји Мемедов
6. Владимир Бислимовски
7. Александра Антевска
8. Дејан Лазаревски
9. Гордана Ивановска Велковска
10. Катерина Тунџева
11. Зејнел Куч
12. Силвана Мирковска
13. Емилија Ризеска Спасова
14. Мики Филев
15. Маријана Перковска
16. Бобан Ацевски
17. Стефан Стефановски
18. Олгица Накова
19. Алвин Авдуловски
20. Андријана Андреевска Стојановска
21. Дарко Трајковски
22. Ангела Андоновска
23. Кирил Паунов

III. ПЕТТЕ СТОЛА НА КОИ СЕ ПОТПИРА НАШАТА ПРОГРАМА
1. Мој градоначалник
(дигитален систем за непосреден контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните и постојана, брза, ефикасна размена на информации за услуги од надлежност на локалната самоуправа, соработка со НВО-секторот и партиципација на нивни претставник во кабинетот на градоначалникот)
2. Хумана урбанизација
(градење плански со заштита на јавниот интерес согласно со уставните принципи за хумано живеење и почитување на приватната сопственост, за секој квадрат нов бетон ќе има двојно повеќе зелени површини, не може да има нови градба без соодветно сообраќајно решение и доволно паркинг-места…)
3. Зелена агенда
(набавка на еколошки јавен превоз, пречистителни станици, инвертери за греење, енергетско-ефикасни фасади, во овој мандатен период да се заврши терцијарната мрежа за гасификацијата да стигне до домовите на граѓаните, инвестирање во алтернативни извори на енергија, фотоволтаици на покривите на јавни објекти, изградба на модерни депонии што ќе го преработуваат отпадот во енергија, субвенции за електрични тротинети, велосипеди…)
4. Економски развој
(инвестиции од централната власт, промена на даночни политики за сопственици на повеќе недвижности – најавата на Град Скопје за зголемен данок за недвижности што не се користат, сервисирање долгови, укинување на парафискални давачки, социјални трансфери, поддршка на претприемаштвото и отворањето нови бизниси преку микромапирање на потребите на граѓаните во одреден реон, маало, пример ако нема фризерница, маркет, пекарница, сервис, општината да дава субвенции да се отворат токму такви бизниси, …)
5. Инфраструктурни инвестиции – Држава без кал
(80 милиони евра преку Светска банка што ги реализира МФ за изградба на локални патишта, 45 милиони и ТАВ за водоводна и канализациски мрежи во општините, атмосферска канализација, реконструкција на полски патишта, изградба на велосипедски патеки)
IV. ДУШКО ВЕСКОВСКИ – КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК
Душко Весковски е роден во Карпош, Скопје, на 28.1.1985 година, каде што завршува основно и средно образование. Во 2007 година дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, а во 2018 година магистрира на Филозофскиот факултет при УКИМ, во областа на претприемаштвото и развојот на човечките ресурси во организациите. Во 2019 година го положува правосудниот испит.
Уште во студентските денови почнува да се интересира за општествените прашања, изградбата на нашето општество како современо, со социјални и демократски вредности.
Весковски е иницијативен, одлучен, ефикасен, кооперативен, способен за добра организација, посветен на работата што ја извршува, доблестен, чесен, со разбирање и емпатија за другите. Тој поседува одлични организациски, комуникациски и управувачки вештини, способност за работа во тим, под притисок и приспособување кон различни ситуации.
Во политичкиот живот се вклучува на 24-годишна возраст, кога е избран за член на ИО на ОО СДСМ – Карпош. Од 2013 до 2019 година ја врши функцијата Претседател на ОО СДСМ – Карпош, а во овој период, во четири изборни циклуси е и шеф на Општинскиот изборен штаб за Карпош. Од 2019 до 2021 година ја врши функцијата организационен секретар на СДСМ.
Во периодот од 2007 до 2017 година работи во Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија како раководител на Меморијалниот центар и раководител на Секторот за истражување, архивирање и документирање. Покрај редовните работни задачи, учествува на повеќе семинари и проекти поврзани со еврејската култура и традиција на европско и светско ниво.

Од 2017 до 2021 година тој е генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје. Под раководство на Весковски, неговите вештини доаѓаат до израз во успешното функционирање и управување со јавното претпријатие, како и зголемената грижа за корисниците на услугите, при што се реализирани повеќе важни активности, вклучувајќи:
– Во 2018 година претпријатието го презема спроведувањето на Проектот за изградба на станица за пречистување на отпадните води од Град Скопје, со вредност од 136 милиони евра, кој ЕБОР го награди со сребрена, втора награда за одржливи проекти.
– Истата година претпријатието го презема стопанисувањето и одржувањето на пречистителната станица за отпадни води во Волково, исклучително важна во заштитата на бунарското подрачје Нерези – Лепенец, како втор извор за водоснабдување на Град Скопје, покрај изворот Рашче.
– Осовременета е апаратурата во акредитираната лабораторија на претпријатието, а е проширена и акредитацијата за анализа на пакувана вода и испитување на сите типови вода за пиење, површинска вода и отпадна вода.
– Претпријатието учествува во планирање, проектирање, реконструкција и изградба на објекти, кои се дел од хидротехничката инфраструктура на водоводниот и канализацискиот систем на Град Скопје.
– Обновена е механизацијата на претпријатието, со што е зголемена ефикасноста, оперативноста и мобилноста.
– Осовременета е ИТ-опремата и технологијата во претпријатието, обезбедувајќи меѓусебно поврзување на секторите во претпријатието и воведување на електронски корисници.
– Во 2021 година Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер го оценува претпријатието со највисоко ниво на транспарентност.
– Прво јавно претпријатие што директно се вклучува во поддршка и реализација на проекти од општествено одговорен карактер, во соработка со разни фактори во општеството, како „Пакомак“ и СОС „Детско село“, кое на Весковски му доделува награда за поттикнување на индивидуалната филантропија за 2020 година.
V. ЛИСТА НА РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ ВО ИЗМИНАТИОТ МАНДАТ (МАНДАТЕН ПЕРИОД 2017-2021 НА СТЕФАН БОГОЕВ)
● Реконструирана е градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1. Обновена е фасадата, кровната површина, занималните. Вкупен износ 14.370.880 денари;
● Изградена е целосна нова градинка во Бардовци за згрижување на 90 деца. Вкупно средства обезбедени од Европска Унија и буџетот на оОпштина Карпош: 28.684.512 денари;
● Изградени се спортско-рекреативни центри во училиштата „Јан Амос Коменски“, „Војдан Чернодрински“, „Лазо Трповски“. Вкупен износ 4.007.756 денари;
● Направени се екоучилници за настава на отворено и вонучилишни активности во сите основни училишта. Финансирано од училиштата и родителите.
● Воведена е картичката за попусти и бенефиции на граѓаните „Мој Карпош – моја картичка“. Средства за проектот: 300.000 денари;
● Направени се фитнес-зони во Карпош 4 (покрај бул. „Партизански одреди“ од страна на АМС), на кејот на Вардар (под алпинистичката карпа, донација), во Карпош 1 (зад Центарот за странски јазици) во вредност од 420.000 денари;
● Реконструирано е игралиштето „Сокол“ во Карпош 1 и ресетиран е меморијалниот турнир, кој е симбол на маалскиот соживот во Карпош. Обезбедени 1.400.000 денари за организирање на турнирот (600.000 во 2019 и 800.000 во 2021 ако се одржи);
● Обновен е спортскиот центар „Лепенец“. Реконструирани се соблекувалните, игралиштето и оградата, а финансиски е поддржана и младинската школа на клубот со 250.000 денари;
● Воведени се субвенции за велосипеди и електрични тротинети (од 2018 до 2021). Вкупен износ за сите години: 1.600.000 денари;
● Изграден е сквер во Тафталиџе 2 (кај последна 24-ка – 2.990.000 денари). Маалски паркови се направени и во Карпош 1 (ул. „Иван Аговски“), Карпош 3 (во рамките на ООУ „Лазо Трповски“), УЗ „Владо Тасевски“ (спроти хотел „Карпош“ со вредност од 2.260.000 денари), чаталот меѓу Жданец и Трнодол со вредност од 1.150.000 денари);
● Направен е нов објект на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2. Објектот „Јасмин“ може да згрижи 150 деца – 10.614.300 денари;
● Целосно се реконструирани тоалетите во ООУ „Аврам Писевски“. Вкупен износ од 1.500.000 денари, обезбедени од УСАИД и буџет на Општина Карпош;
● Развивме мобилна апликација „мЗаедница“, каде што граѓаните директно комуницираат со општината и можат да остварат свои права по електронски пат. Развиена од БЛИНК со грант од УСАИД;
● Градот Скопје ги реконструираше улиците „Московска“ (Тафталиџе), „Љубљанска“ (Карпош 4), „Никола Парапунов“ (Карпош 4), а се обновија и делови од булеварите „Партизански одреди“ и „8 Септември“;
● Направени се инклузивни детски игралишта во Влае 2 (на плоштадот „Делфина“ во вредност 3.100.000 денари, донација од Швајцарска агенција за соработка и развој) и Карпош 2 (на ул. „Веселин Маслеша“ во износ од 2.185.000 денари, средства на Град Скопје);
● Изградени, санирани и поплочени се повеќе краци на улици во Бардовци. Вкупен износ од 13.867.847 денари;
● Изграден е Спортско-адреналинскиот парк, кој ќе се надоврзува на големиот парк спроти Карпош 4. Вредност од 47.300.000 денари, средства обезбедени од ЕУ и Општина Карпош;
● Поставени се соларни панели на градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 со износ на инвестиција од 298.725 денари;
● Изведба на нова водоводна мрежа во Средно Нерези – 4.385.350 денари;
● Набавени се 2 цистерни за миење на сервисните улици и товарно возило – кипер. Вкупно средства од Светска банка и буџетот на Општина Карпош 4.900.000 денари;
● Изведба на водоводна мрежа ЛОКАЛИТЕТ Момин Поток – 10.974.000,00 денари;
● Реконструкција на ул. „Даскал Камче“ – 530.000,00 денари;
● Реконструкција – асфалтирање на крак од ул. „Никола Тесла“ – 1.088.700,00 денари;
● Реконструкција со асфалтирање на паркинг на бул. „Партизански Одреди“ бр.79 и 81 – 830.600,00 денари;
● Реконструкција на ул. „Њуделхиска“ – 3.199.000,00 денари;
● Реконструкција на 3 улици: „Атинска“, „Римска“ и „Карпошево Востание“ – 6.047.000,00 денари;
● Реконструкција на дел од ул. „Варшавска“ (од ул. „Париска“ до бул. „8 Септември“) – 3.615.200,00 денари;
● Реконструкција на тротоари на ул. „Веселин Маслеша“ – 809.400,00 денари;
● Поплочување на 10 (десет) споредни улици во н.м. Бардовци – 2.657.000,00 денари;
● Реконструкција на спортско игралиште во ООУ Јан Амос Коменски – 1.205.900,00 денари;
● Реконструкција на спортско игралиште во Бардовци и ООУ „Војдан Чернодрински“ – 1.433.400,00 денари;
● Изведба на објект – детска градинка „Мајски цвет“ ул. „Женевска“ – 10.614.300,00 денари;
● Изведба на објект – детска градинка во рамките на училишниот двор на ООУ „Аврам Писевски“ – 28.648.512,00 денари;
● Изведба на атмосферска канализација за Новопроектирана улица 3 во УЗ Тафталиџе 1-589.327,00 денари;
● Изведба на водоводна мрежа за Новопроектирана улица 3 во УЗ Тафталиџе 1 – 704.100,00 денари;
● Реконструкција на делница на ул. „Даскал Камче“ со широчина на коловоз од 3м од ул.„Иван Аговски“ до ул. „Гиго Михајловски“ – 385.034,00 денари;
● Изведба на Новопроектирана ул.3 (крак меѓу ул.„Прашка“ и бул. „Теодосије Гологанов“) – 5.101.237,00 денари;
● Реконструкција на ул. „Бранислав Нушиќ“ – 534.213.00денари;
● Поставување сообраќајни средства за забавување на сообраќајот на територија на Општина Карпош – 977.984,00 денари;
● Поплочување со бекатон на споредни улици во н.м. Бардовци за два крака од ул. „2“, крак од ул. „10“ и два крака од ул. „12“ – 1.538.010,00 денари;
● Реконструкција на тоалет за лица со попреченост во ООУ „Аврам Писевски“ – Општина Карпош – 380.845,00 денари;
● Реконструкција на игралиштето во дворот на ООУ „Братство“ – улица „Женевска“ – 265.249,00 денари;
● Изведба на водоводна мрежа − Средно Нерези (реконструкција на секундарна водоводна мрежа) − 4.385.350,00 денари;
● Реконструкција со асфалтирање на улицата „Вангел Дину“ – УЗ Влае 1 – 1.268.750,00 денари;
● Санација – асфалтирање на паркинг-просторот на ул. „Атинска“ – Млечен – 885.815,00 денари;
● Санација – асфалтирање на крак од ул. „Скупи“ во УЗ Злокуќани- 579.357,00 денари;
● Санација – асфалтирање на дел од ул. „Ловќенска 4“ – 1.510.518,00 денари;
● Санација – асфалтирање на крак од ул. „Вич“ – 2.641.379,00 денари;
● Поплочување со павер-елементи на споредни улици во н.м. Бардовци, за два крака од ул .„14“, два крака од ул. „18“, крак од ул. „10“, крак од ул. „20“, крак од ул. „6“ и крак од ул. „15“ – 9.672.837,00 денари;
● Санација и поплочување со павер-елементи на пристапна патека од улица „Варшавска“ – крак 1 и крак 2 – 536.032,00 денари;
● Изведба на паркинг-простор – Карпош 3 (санација зад објект на бул. „Партизански одреди“ бр.106) – 1.562.843,00 денари;
● Санација на спортски игралишта во УЗ Трнодол и ООУ Лазо Трповски – УЗ Карпош 3 – 1.700.789,00 денари;
● Санација на кошаркарско спортско игралиште во ООУ „Лазо Трповски“ – 1.368.456,00 денари;
● Санација на тоалети во детска градинка „Мајски цвет“ на ул. „Варшавска“ бр.15 – УЗ Тафталиџе 1 – 1.975.180,00 денари;
● Санација на фасада на ЈУОДГ „Мајски цвет, УЗ Тафталиџе – 12.395.700,00 денари.

VI. ГЛАВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНАТА
Нашата визија за наредните четири години е Карпош да се развие во општина со највисок степен на дигитализација на јавните услуги, со хумана и планска урбанизација што го штити јавниот интерес, ја почитува приватната сопственост и придонесува за економскиот развој, со највисок процент на зелени површини во Градот и Републиката, со чисти улици по кои ќе се движат повеќе велосипеди, а помалку автомобили, со развиена социјална и културна инфраструктура.
Во наредните четири години нашиот главен фокус е реализација на политики и проекти што придонесуваат за исполнување на нашата визија за развој на Општината, групирани во неколку категории:
1. Заштита на животната средина
Нашата политика во наредните четири години е фокусирана на подигнување на нивото и квалитетот на одржување на постојното зеленило и садници и воспоставување нови зелени површини, а клучниот капитален проект е изградбата на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4.
Наша заложба ќе биде субвенционирање на граѓаните во Општина Карпош со инвертери заради зголемување на енергетската ефикасност, а со тоа намалување на загаденоста, односно заштита на животната средина. Исто така ќе се продолжи трендот на поставување фотоволтаици на јавни објекти каде што е возможно тоа.
Еден од нашите главни приорите е одржување на високо ниво на комуналната хигиена и урбаната опрема во Општината, за што ќе ангажираме соодветен број комунални редари. Во соработка со НВО, градските јавни претпријатија и општествено одговорните компании, нашата политика е Карпош да прерасне во општина со „нула отпад“.
Нашата политика е сите објекти за згрижување на деца, образовни и културни институции, да бидат претворени во енергетски ефикасни објекти, со уредени зелени површини.
Иако климатските промени, заштитата на водните ресурси и пречистувањето на отпадните води се прашања за кои општината нема посебни ингеренции, нашата политика во наредниот четиригодишен период е активно да се вклучиме во активностите што ги спроведуваат Владата и Град Скопје. Тоа особено се однесува на заштита на реката Вардар и изградбата на пречистителната станица за отпадни води на Град Скопје.
2. Детска заштита, образование и култура
Нашата политика е до 2025 година за секое дете да се обезбедат еднакви можности и услови за правилен раст и развој, во здрава средина, преку редовно одржување, реконструкција и обновување на постојните капацитети, како и изградба на две нови детски градинки.
Во областа на културата, нашата политика е нејзино издигнување на повисоко квалитативно ниво преку основање општински центар на културата и продолжување со организацијата на Културното лето во Карпош.
3. Економија и инфраструктура
Нашата политика во периодот до 2025 година е фокусирана на економскиот развој на Карпош, преку зголемување на соработката со бизнис-секторот и претприемачите, како главни двигатели на економијата. Во оваа сфера посветено ќе работиме на создавање можности за вработување и поттикнување на младите за основање сопствени бизниси.
Развојот на економијата зависи од инфраструктурата и затоа акцентот го ставаме на инвестиции во неопходна инфраструктура, пред сѐ, за дисперзирањето и хуманата планска урбанизација кон Злокуќани и Бардовци. Во таа смисла клучни инфраструктурни проекти се изградба на мостот од ул. „Љубљанска“ – Карпош 4, преку Вардар кон Бардовци, како и изградба на клучката кај Момин Поток, кои се реализираат во соработка со Град Скопје.
Политиката на хумана планска урбанизација значи, врз основа на темелна анализа, решавање на метежот со паркирање на автомобилите, вклучувајќи воведување зонско паркирање на локациите со голема фреквенција на автомобили.
Нашата политика во наредните четири години е доследно спроведување на надлежностите на општината, особено:
▪ редовна реконструкција на општинските улици, кои не биле опфатени со досегашните планови, вклучувајќи поставување и обновување на вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација, како и изградба на велосипедски патеки.
▪ обновување и проширување на водоводната и канализациската мрежа, преку координација и соработка со јавните претпријатија на Град Скопје.
▪ редовното одржување и обновување на постојната и поставување нова урбана опрема.
▪ етапно заменување на сите улични светилки со лед „паметни“ светилки, заради значително подобрување на јавното осветлување, но и за значителни заштеди во буџетот.
4. Спорт и спортски активности
Нашата политика е обезбедување континуитет на постојните програми за поддршка на училишниот спорт во општинските основни училишта и нивно проширување со вклучување нови спортски дисциплини, со цел да придонесеме за здрав и правилен раст и развој на младите генерации.
Покрај програмата за поддршка на велосипедизмот, преку обезбедување субвенции за набавка на велосипеди, во првата година од мандатот воспоставуваме нова програма – Карпош ФИТ, за поддршка на рекреацијата, која ќе вклучува професионални инструктори и нутриционисти.
Клучен проект за реализација на нашата политика за поддршка на спортот и спортските активности е обновувањето на спортската сала „Партизан“, во чиј состав ќе изградиме базен, наменет за учениците од основните училишта, како дел од наставата по физичко и здравствено образование. Проектот ќе биде спроведен во соработка со Агенцијата за млади и спорт.
5. Дигитализација и развој на „Паметна општина“
Нашата политика во наредните четири години е развој на „Паметна општина“ преку дигитализација, односно употреба на ИКТ, што придонесува за зголемување на оперативната ефикасност, споделувањето и разменувањето информации со јавноста и го унапредува квалитетот на општинските јавни услуги и благосостојбата на граѓаните. Реализацијата на оваа политика вклучува:
▪ поголема партиципативност на граѓаните во планирањето и креирањето на буџетот на Општината,
▪ поголема контрола на буџетските трошоци и нивно намалување,
▪ подобрување на услугите и интеракцијата со граѓаните,
▪ ефикасно планирање и одржување на инфраструктурата,
▪ ефикасно и подобро управување и наплата на даноците.
6. Односи меѓу заедниците
Нашата политика во наредните четири години е фокусирана на секој индивидуален граѓанин во нашата општина, бидејќи СЕКОЈ Е ВАЖЕН. Но ќе ги штитиме и сите заедници во Општината, вклучувајќи проактивно спроведување на начелото на правична застапеност во јавниот сектор.
Иако Општина Карпош нема законска обврска за тоа, ќе формираме Комисија за односи меѓу заедниците, со целосна административна, техничка и финансиска поддршка, овозможувајќи целосно остварување на специфичните права на граѓаните што доаѓаат од различните заедници во Општината.
Активно ќе поддржуваме активности за промоција и зачувување на културните традиции на сите заедници што живеат во Општина Карпош, преку воспоставување програми за мултикултурно образование, соработка меѓу општинските училишта и пошироко.
Ќе се стремиме комуникацијата на администрацијата со граѓаните да биде што полесна, овозможувајќи им да го користат својот мајчин јазик секаде каде што е тоа практично спроведливо.

VII. ТОП 5 НАЈВАЖНИ ПРОЕКТИ
1. Изградба на катна гаража околу комплексот ТЦ „Лептокарија“, со зелен парк над гаражата
Со ова ќе се надмине предизвикот со недостиг на паркинг-простор во овој централен и најфреквентен дел од Општината, односно ќе се реши долгогодишниот проблем со паркирањето на резидентите, но и на посетителите на објектите во комплексот на ТЦ „Лептокарија“. Нудиме две решенија за овој предизвик:
▪ Катна гаража на просторот зад ТЦ „Лептокарија“.
Со реализацијата на овој проект не само што ќе се реши деценискиот проблем со паркирањето на автомобилите околу овој центар во срцето на Карпош туку ќе се збогати и хуманизира просторот околу објектот.
Карпошани заслужуваат скапоценото време да го поминуваат со своите семејства во своите домови, а не да го трошат во потрага по место за паркирање. Во оваа насока, ќе ги испитаме можностите и потребите од воведување зонско паркирање, но само на критичните и високофреквентни места во Општината.
2. Изградба на две нови детски градинки и реконструкција/обновување на постојните капацитети
Планираме да изградиме по една нова детска градинка во зоната покрај реката Вардар и на просторот околу некогашна „Алуминка“, со што значително ќе се подобри капацитетот и квалитетот на грижата за најмладите карпошани. Тоа, пред сѐ, ќе значи згрижување на сите дечиња од предучилишна возраст што се на листите на чекање, но и можност за отворање нови работни места.
Новите детски градинки ќе бидат во согласност со најновите стандарди, енергетски ефикасни, со многу зеленило, и со површини за спроведување рекреативни и спортски активности на дечињата во текот на нивниот престој.
Дополнително, во рамките на можностите и потребите, ќе извршиме и реконструкција на постојните капацитети во детските градинки, со цел подобрување на условите за вработените и за дечињата што се згрижени во нив.
3. Изградба на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4
Активностите за реализација на овој заеднички проект со Град Скопје и сите јавни претпријатија се веќе започнати со расчистувањето на теренот што беше користен како дива депонија.
Нашата цел е веднаш да продолжиме со реализацијата на овој проект, во заедничка координација со Град Скопје, со што на површина од 60.000 м2 ќе се изгради ботаничка градина и рекреативни содржини и ќе се подобри квалитетот на урбаното живеење на карпошани, но и ќе придонесе за зголемувањето на зелените површини во Општина, за најмалку 15 % до крајот на 2025 година.
Живееме и работиме во време на дигитализација и брз напредок на технологијата, но во ниеден момент не смееме да заборавиме на спортските и рекреативни активности, маалскиот живот, дружбите, детската смеа по парковите, првите симпатии на некоја „наша клупа“, пензионерските денови минати во дружба со пријателите и една партија шах, младите брачни парови со својата принова во количките… Паркот во Карпош 4 ќе биде токму тоа место каде што ќе секојдневието ќе добие поинаква димензија и каде што ќе дозволиме времето да застане, барем за еден миг. Карпошани го заслужуваат тоа.
4. Основање Младински центар во Општина Карпош
Преку реконструкција и адаптација на библиотеката „Другарче“, а во соработка со Градот Скопје и Агенцијата за млади и спорт, нашате цел е да основаме Младински Центар на Општина, каде што сите карпошани, а особено младите, ќе имаат можност да го зголемуваат и да го прошируваат своето знаење и да разменуваат мислења и искуства.
Културниот живот е една од главните одлики на Карпош, а библиотеката „Другарче“ буди многу спомени кај многумина од нас и постарите генерации. Младите генерации заслужуваат да бидат дел од оваа приказна.
Проектот предвидува екстерно реновирање и обнова на објектот, и негово внатрешно уредување, зголемување на фондот на литература за сите возрасти, осовременување на читалницата, со овозможување дигитален пристап до одредена литература, заживување на киносалата, изградба на сензорна соба со која ќе овозможиме инклузија на децата со попреченост, како и создавање можности за реализација на голем број работилници, едукативни, културни и други настани.
5. Дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци
Нашата цел е да не дозволиме урбаниот хаос предизвикан од непланската урбанизација и градежната инвазија што во минатото му се случи на Скопје да го окупира и нашиот Карпош.
Свесни сме дека интересот за живеење во Карпош, во срцето на Скопје, е голем и затоа преку дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци ќе овозможиме намалување на притисокот врз урбаниот дел од Општината, оставајќи силно посветени на заштитата на животната средина. Урбанизацијата на овој дел од Општината и Градот Скопје ќе биде изведена на начин што ќе обезбеди спречување на целосната бетонизација, создавање нови зелени површини и заштита на животната средина.
Како дел од овој мега проект ќе биде и изградбата на зелен пазар во Бардовци, кој ќе биде наменет, пред сѐ, за производителите на земјоделските производи од нашата Општина, кои се широко барани на пазарите во градот.
VIII. ПОЛИТИКИ И ПРОЕКТИ ЗА СПЕЦИФИЧНИ ЦЕЛНИ ГРУПИ
Проектите што се планирани и презентирани во Програмата за развој и одржливост на Општината во периодот 2021 – 2025 година, се групирани врз основа на целните групи на корисници.
1. Млади
Нашата политика во наредните четири години е фокусирана на реализација на проекти што ќе го унапредат квалитетот на живот на младите во општината. Преку градење одржливи системи за поддршка и механизми за активно учество на младите во креирањето на локалните политики и заедничко носење на одлуки, ќе создадеме општина што е пријател на младите.
● Отворање нов Младински центар – Младинскиот центар во Карпош е еден од капиталните проекти и претставува простор наменет за младите квалитетно да го поминат своето слободно време, да се здружуваат, да користат ресурси и алатки за унапредување на формалното и неформалното образование.
● Креирање локална младинска стратегија – младинските политики и проекти. Локалниот младински совет ќе биде директно вклучен во носењето одлуки и имплементирање на активностите и мерките за млади.
● Отворање Канцеларија за млади – оваа канцеларија ќе служи како точка за информирање и координација со другите сервиси за млади на локално ниво.
● Буџет за млади – според Законот за младинско учество и младински политики, општината ќе одвои 0,1 % од својот буџет.
● Субвенционирање на еколошки превоз за млади – Во рамките на редовните повици за субвенционирање велосипеди и електрични тротинети, ќе се воведе квота за млади до 29 години.
● Субвенции за електронски уреди за ученици од основно и средно образование коишто се жители на Карпош.
● Карпош ФИТ – посебна програма за младите во Карпош за активен спортски физички живот и нутриционистички совети.
● Стипендии за најдобрите ученици и поддршка на практичната работа – Во соработка со претприемачите, бизнис-секторот и граѓанскиот сектор, Општината ќе обезбедува стипендии за најдобрите ученици и поддршка на практичната работа за јакнење на вештините и капацитетите на овие млади луѓе за пресретнување на потребите на пазарот на труд.
● Стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски семејства – Создавање еднаква шанса за сите млади да можат да го остварат својот полн потенцијал, без разлика на материјалната положба, преку зајакнување на нивната финансиска стабилност.
Главниот капитален проект во оваа област е Основањето Младински центар, со библиотека и читалница.
2. Деца од предучилишна и училишна возраст
Нашата политика и проектите што се планира да се реализираат во наредниот четиригодишен период треба да остварат позитивен ефект врз оваа целна група, преку обезбедување и одржување здрава средина за раст, развој, отворање можности за образование во современо опремени училишта и нивна подготовка за продолжување на средното образование според сопствен избор, квалитети и афинитети.
Проектите што се предвидуваат треба да придонесат за зајакнување на капацитетите на постојните основни училишта и детски градинки, за зајакнување и интензивирање на примената на спортот и различните спортски дисциплини во рамките на основните училишта, за поддршка на воннаставните активности и културното издигнување на младите генерации, за инклузија на децата со посебни потреби во сите сегменти, за размена на знаење и искуства преку остварување соработка и партнерства со други училишта од Градот, Републиката, Балканот и Европа.
3. Жени
Нашата политика во наредните четири години е доследна примена на државните политики за родова еднаквост и верификација и признавање на квалитетите, заложбите и успесите на жените во Општина Карпош.
За реализација на тие политики, уште во првата година од мандатот ќе формираме Совет на жени, кој ќе го предводат жени лидери во областите во кои дејствуваат и во кој, низ различни форми, може да членуваат сите заинтересирани жени во Општината. Клучната улога на Советот на жени ќе биде преку учество во креирањето политики и изготвувањето проекти спроведување на родовата еднаквост во Општината.
Поддршка на жените од ризични групи, а особено наша цел ќе биде олеснување на секојдневниот живот на самохраните мајки со изготвување и спроведување проекти во соработка со НВО што се занимаваат со оваа проблематика.
4. Лица/семејства во социјален ризик и лица со посебни потреби
Целта на нашата политика и проекти насочени кон оваа нашите сограѓани во социјален ризик е обезбедување поддршка и помош за овие лица, во соработка со државните институции, Црвениот крст, невладини организации и други засегнати страни.
Освен социјалната помош што ја добиваат од државата, ние ќе создаваме можности за работоспособните лица од оваа категорија редовно да се вклучуваат во работните процеси, не само во јавниот сектор туку и во приватниот, за што ќе добијат паричен надоместок, но пред сѐ, ќе имаат можност за подобрување на нивниот социјален живот и вклучување во општествениот живот.
Според Законот за социјална заштита, општината ќе формира Совет за социјална заштита на општината и ќе направи планови за работа, ќе склучи договори со „овластени даватели на социјални услуги“, односно лиценцирани даватели на услуги што ќе даваат услуги на корисници, по донесено решение на центарот за социјална работа.
Ќе обезбедиме висок степен на инклузија на лицата со посебни потреби во општествените процеси, а при реализацијата на кој било проект во Општината, ќе се применуваат највисоките стандарди за олеснување на нивното движење и секојдневие.
Ќе ја продолжиме и ќе ја унапредиме соработката во обезбедувањето социјални услуги на локално ниво со Македонското монтесори здружение, преку воспоставување Центар за стручна помош и поддршка на деца со попреченост и нивните семејства, кој ќе функционира во објектот на ОУ „Вера Циривири Трена“.
5. Пензионери
Пензионерите, или ветераните во Општината, се лицата со најголемо животно и професионално искуство. Нашата цел е да го искористиме тој потенцијал и оваа целна група да ја вклучиме во сите процеси и активности во кои тие ќе имаат можност да го споделат своето искуството и да го пренесат своето знаење на помладите генерации.
Во првата година од мандатотна ќе овозможиме форум за редовна комуникација претставниците на овие наши граѓани, со цел дел од нивното искуство да се примени во креирањето на политиките што ќе ги спроведува Општината.
Ќе го продолжиме спроведувањето на хуманата патрола за помош и нега во домот, а ќе дејствуваме и во олеснување на нивното секојдневие со различни активности во соработка со засегнати страни.
6. Културни и просветни работници
Наставниците се клучна алка во воспитувањето и образувањето на младите генерации, кои се потенцијалните креатори и идни двигатели на општеството. Нивната мотивација и подготовка за изведување на работниот процес е клучна во спроведувањето на образовниот процес.
Нашата цел е да креираме соодветни платформи за редовна комуникација на наставниците во нашите основни училишта, која може да резултира со идентификација и последователна реализација на проекти за поддршка на нивната работа и за зголемување на квалитетот на работниот процес.
Во рамките на можностите, ние ќе обезбедуваме постојана финансиска поддршка на наставниците, за обезбедување нагледни материјали и дигитални алатки, за учество на обуки и семинари, за подготвување и поднесување апликации за грантови за реализација на проекти за унапредување на образовниот процес.
Клучниот проект за поддршка на оваа целна група е Подигање на материјално-техничката опременост на училиштата, особено во правец на дигитализацијата на образованието.
Културните работници се нашиот прозорец кон културата, магијата на уметностите, пренесувањето на трајните вредности. Нашата поддршката на оваа фела, е приоритет, а главниот инструмент односно платформа за тоа, ќе биде Општинскиот центар на културата, со библиотека и циталница.
Клучен проект за оваа целна група е реконструкција и надградба на Амфитеатарот на кејот на Вардар, кој треба да прерасне во општински културно-забавен центар на отворено.
7. Претприемачи и бизнис-сектор
Претприемачите и бизнис-секторот се економскиот столб на нашето општество и затоа нашата политика во овој сегмент ќе се насочи кон интензивирање на соработката со оваа целна група.
Нашата цел е под мотото „Бизнис од Карпош, за Карпош“, да обезбедиме широка платформа за поддршка на претприемачите и бизнис-секторот во Општината и нивно партнерско вклучување во креирањето и спроведувањето на нашите политики. Клучниот проект насочен кон оваа целна група е формирањето деловен развоен центар, во кој ќе се одржуваат постојани семинари, предавања, презентации и друг вид настани, кои ќе овозможат континуиран проток на информации со малите и средните компании, а и можност за поддршка на бизнисите за млади и стартапите.
Оваа соработка треба да овозможи општинска поддршка за реализирање на проектите на бизнис-секторот и бизнис поддршка за реализирање на проектите на Општината.
IX. КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ – НАСЛОВ, КРАТОК ОПИС (ДО 100 ЗБОРА), ЦЕЛНА ГРУПА, РОК ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА
1. Изградба на катна гаража околу комплексот ТЦ „Лептокарија“, со зелен парк над гаражата
Со ова ќе се надмине предизвикот со недостатокот на паркинг-простор во овој централен и најфреквентен дел од Општината, односно ќе се реши долгогодишниот проблем со паркирањето на резидентите, но и на посетителите на објектите во комплексот на ТЦ „Лептокарија“. Нудиме две решенија за овој предизвик:
▪ Катна гаража на просторот зад ТЦ „Лептокарија“
Со реализацијата на овој проект не само што ќе се реши деценискиот проблем со паркирањето на автомобилите околу овој центар во срцето на Карпош туку ќе се збогати и хуманизира просторот околу објектот.
Овој проект ќе се реализира со меѓуопштинска соработка со Градот Скопје. Се предвидува изградба на катана гаража со 180 паркинг-места, за чија изградба ќе бидат потрошени околу 132.000.000,00 денари. Изградбата на овој објект се предвидува да заврши до крајот на 2024 година.
2. Изградба на две нови детски градинки и реконструкција/обновување на постојните капацитети
Нашата цел е за секое дете да се обезбедат еднакви можности и услови за правилен раст и развој, во здрава средина. Затоа, планираме да изградиме по една нова детска градинка во зоната покрај реката Вардар и на просторот околу некогашна „Алуминка“, со што значително ќе се подобри капацитетот и квалитетот на грижата за најмладите карпошани. Тоа, пред сѐ, ќе значи згрижување на сите дечиња од предучилишна возраст што се на листите на чекање, но и можност за отворање нови работни места.
Целната група е опфат на околу 250 деца. Финансиските средства за реализација на овој проект ќе изнесуваат приближно 36.000.000,00 денари, а рокот на изведба е до крајот на 2023 година.
3. Изградба на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4
Активностите за реализација на овој заеднички проект со Град Скопје и сите јавни претпријатија се веќе започнати со расчистувањето на теренот што беше користен како дива депонија.
Нашата цел е веднаш да продолжиме со реализацијата на овој проект, во заедничка координација со Град Скопје, со што на површина од 60.000 м2 ќе се изгради ботаничка градина и рекреативни содржини и ќе се подобри квалитетот на урбаното живеење на карпошани, но и ќе придонесе за зголемувањето на зелените површини во Општина, за најмалку 15 %. Дел од проектот што ќе го изведува Општина Карпош се планира да се заврши до крајот на 2022 година, а финансиските средства ќе бидат од висина до 3.000.000,00 денари.
4. Основање Младински центар во Општина Карпош
Нашате цел е во соработка со Градот Скопје и Агенцијата за млади и спорт преку реконструкција и адаптација на библиотеката „ДругарЧе да основаме Младински Центар на Општина, каде што сите млади ќе имаат можност да се здружуваат, да го зголемуваат и прошируваат своето знаење и квалитетно да го поминат своето време.
Проектот предвидува обнова на објектот, негово внатрешно и надворешно уредување, обезбедување на потребната опрема и мултимедијални содржини според потребите на младите. Во рамките на Младинскиот центар ќе функционира и библиотеката, во која ќе се зголеми фондот на литературата за сите возрасти, како и осовременување на читалницата и овозможување дигитален пристап до литература. Центарот ќе биде адаптиран и според потребите на лицата со попреченост и ќе овозможи нивна инклузија преку едукативни и културни содржини што ќе бидат дел од програмата на центарот.
Рокот за завршување на овој проект е до крајот на 2023 година, а за него ќе бидат потребни околу 10.000.000,00 денари.
5. Дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци
Свесни сме дека интересот за живеење во Карпош, во срцето на Скопје, е голем и затоа преку дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци ќе овозможиме намалување на притисокот врз урбаниот дел од Општината, оставајќи силно посветени на заштитата на животната средина. Урбанизацијата на овој дел од Општината и Градот Скопје ќе биде изведена на начин што ќе обезбеди спречување на целосната бетонизација, создавање нови зелени површини и заштита на животната средина. Веднаш ќе се започне со постапките за донесување на деталниот урбанистички план.
Како дел од овој мегапроект, ќе биде и изградбата на зелен пазар во Бардовци, кој ќе биде наменет, пред сѐ, за производителите на земјоделските производи од нашата Општина, кои се широко барани на пазарите во градот. Финансиските средства потребни за изградба на овој пазар ќе бидат во висина од околу 6.000.000.00 денари, а рокот на изведба до крајот на 2023 година.

X. МЕСНИ ПРОЕКТИ
1. Урбана заедница „Влае 1“
1.1. Сообраќајно решение за ул. „Иван Цанкар“ и ул. „Франц Прешерн“
Уште во првата година од мандатот ќе изготвиме проект за современо сообраќајно решение за ул. „Иван Цанкар“ и ул. „Франц Прешерн“, кое ќе овозможи непречен сообраќај и безбедно движење на пешаците во оваа населба. Проектот ќе се спроведе во периодот 2023 година.
1.2. Подобрување на комуналната хигиена
Почнувајќи од првата година на мандатот, покрај зголемувањето на бројот на комунални редари, ќе биде направена и сеопфатна анализа на потребниот број работници за одржување на комуналната хигиена во Општината, како и нова организациска поставеност. На тој начин ќе се овозможи подигнување на комуналната хигиена, не само во оваа населба, туку и во целата Општина.
2. Урбана заедница „Влае 2“
2.1. Реконструкција на плочникот во „Порта Влае“
Целта на проектот, кој е во тек, е заменување на старите и оштетени плочки, со нови гранитни плочки, со вкупна површина од 14.380 м2 и поставување нов систем за хидроизолација, заради заштита на подземните гаражи. По завршувањето на реконструкцијата на задниот дел (покрај ул. „Есперанто“), во текот на 2022 година, ќе се реконструира и предниот дел (покрај Бул. „Партизански одреди“).
Покрај жителите на „Порта Влае“, корист од овој проект има и бизнис-секторот, бидејќи ќе придонесе за зголемување на атрактивноста на големиот број продавници и други деловни објекти.
2.2. Подобрување на паркирањето околу „Порта Влае“
Целта на овој проект, за кој во првата година од мандатот ќе биде изработено детално решение за изведба, е сеопфатно уредување на аголниот дел од „Порта Влае“, при што дел од просторот ќе биде уреден за паркирање, а дел ќе биде зелен простор со современо хортикултурно уредување и урбана опрема. Неговата целосна реализација е предвидена во 2023 година.
Спроведувањето на овој проект не само што ќе го подобри паркирањето на жителите и посетителите на деловните субјекти и кафулиња во „Порта Влае“ туку ќе овозможи и зголемување на зелените површини во овој дел од Општината, што ќе придонесе за сеопфатната цел на нашата политика за зголемување на зеленилото во Карпош. Со новата урбана опрема ќе се овозможи дополнителен комфор за најмладите и највозрасните жители на оваа населба.
3. Урбана заедница „Карпош 1“
3.1. Воведување зонско паркирање
Во текот на 2020 година Општината спроведе анкета меѓу граѓаните на оваа урбана заедница, кои со големо мнозинство од 75 % – ЗА, го поддржаа овој проект, чија цел е подобрување на паркирањето во овој дел на Општината. Врз основа на тоа, веднаш по преземањето на мандатот, ќе бидат преземени неопходните активности за спроведувањето на овој проект.
Со овој проект не само што ќе се реши проблемот со паркинг-простор за жителите на Карпош 1, кои ќе можат и натаму бесплатно да ги користат паркиралиштата, туку ќе се овозможи економска добивка за општинскиот буџет, кои пак, средства ќе бидат искористени за финансирање на други проекти од корист за граѓаните на Карпош.
3.2. Маалски сквер (пред маркетот „ЗУР“)
Уште во првата година од мандатот ќе изработиме и изведеме проект за изградба на нов маалски сквер, чија цел е сегашниот неугледен и руиниран простор да се уреди со современо хортикултурно решение и да се реновира или да се постави нова урбана опрема.
Со реализацијата на овој проект, граѓаните од урбаната заедница ќе добијат уште едно зелено и тивко катче за одмор и дружење.
4. Урбана заедница „Карпош 2“
4.1. Регулирање на паркирањето околу Драмски театар
Паркирањето е предизвик во повеќе урбани заедници во Општина Карпош, а тоа го вклучува и просторот околу култниот Драмски театар. Поради тоа, уште во првата година од мандатот ќе спроведеме анкета меѓу граѓаните од овој дел на урбаната заедница Карпош 2, со цел да добиеме одговор дали воведувањето зонско паркирање е прифатливо решение за нив, на начин на кој тоа ќе биде изведено во УЗ Карпош 1, односно со обезбедено бесплатно паркирање за жителите.
Во зависност од резултатите од анкетата, овој проект ќе биде реализиран најдоцна во првата половина на 2023 година.
4.2. Зголемување на зелените паркови
Во согласност со општата политика за зголемување на зелените површини и нивно редовно одржување, уште во првата година од мандатот ќе изработиме сеопфатна програма за хортикултурно уредување, реновирање на постојната и поставување нова урбана опрема и реновирање и изградба на детски игралишта, во постојните парковите во оваа урбана заедница. Целта е да овозможиме што почиста и поздрава околина за живот на нашите сограѓани, вклучувајќи ги и најмалите жители.
Реализацијата на оваа програма ќе се спроведува етапно во текот на сите четири години од мандатот.
5. Урбана заедница „Карпош 3“
Покрај решавањето на проблемот со паркирањето околу ТЦ „Лептокарија“ и „Ситимол“ ќе работиме на подобрување на хигиената, поставување канти за селектирање отпад, како и зголемување на зелените површини.
Партерно уредување на ТЦ „Лептокарија“, поставување нова и замена на урбана опрема на целата територија на Карпош 3, како и поставување и замена на улично осветлување.
6. Урбана заедница „Карпош 4“
6.1. Реконструкција на спортската сала „Партизан“
Клучен проект за реализација на нашата политика за поддршка на спортот и спортските активности на сите карпошани, но заради неговата местоположба, секако најголема добивка ќе имаат жителите на најголемата урбана заедница Карпош 4.
Проектот го финансира Агенцијата за млади и спорт и неговата изведба ќе почне на почетокот на 2022 година. Покрај обновување на спортската сала „Партизан“, во рамките на овој проект ќе биде изграден и базен, наменет, пред сѐ, за учениците од основните училишта, како дел од наставниот предмет физичко и здравствено образование.
6.2. Подобрување на комуналната хигиена
Почнувајќи од првата година на мандатот, покрај зголемувањето на бројот на комунални редари, ќе биде направена и сеопфатна анализа на потребниот број работници за одржување на комуналната хигиена во Општината, како и нова организациска поставеност. На тој начин ќе се овозможи подигнување на комуналната хигиена не само во оваа урбана заедница туку и во целата Општина.
7. Урбана заедница „Владо Тасевски“
7.1. Регулирање на паркирањето
Паркирањето е предизвик во повеќе урбани заедници во Општина Карпош, вклучувајќи ја и УЗ Владо Тасевски. Поради тоа, уште во првата година од мандатот ќе спроведеме анкета меѓу граѓаните од оваа урбана заедница, со цел да добиеме одговор дали воведувањето зонско паркирање е прифатливо решение за нив, на начин на кој тоа ќе биде изведено во УЗ Карпош 1, односно со обезбедено бесплатно паркирање за жителите. Во зависност од резултатите од анкетата, овој проект ќе биде реализиран најдоцна во првата половина на 2023 година.
Истовремено, ќе изработиме сеопфатен проект за регулирање на целокупниот сообраќај во овој дел на Општината, чија примарна цел ќе биде подобрување на паркирањето, зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите. Проектот ќе биде фазно реализиран до крајот на мандатот.
8. Урбани заедници „Тафталиџе 1 и 2“
8.1. Зголемување на зелените паркови
Во согласност со општата политика за зголемување на зелените површини и нивно редовно одржување, уште во првата година од мандатот ќе изработиме сеопфатна програма за хортикултурно уредување, реновирање на постојната и поставување нова урбана опрема и реновирање и изградба на детски игралишта, во постојните парковите во овие две урбани заедници. Целта е да овозможиме што почиста и поздрава околина за живот на нашите сограѓани, вклучувајќи ги и најмалите жители.
Реализацијата на оваа програма ќе се спроведува етапно во текот на сите четири години од мандатот.
9. Урбана заедница „Нерези“
Изградба на водоводна линија од Жданец кон Нерези, по главната улица во Козле, со должина од околу 700 метри со што ќе се подобри водоснабдувањето, но и ќе се зголеми притисокот на вода во овој дел од населбата.

10. Урбана заедница „Пецо Божиновски Кочо“ (ПБК)
10.1. Реконструкција на атмосферската канализација
Целта на овој проект е да се надминат проблемите што ги создаваат обилните дождови, при што водите што се сливаат од ул. „Козле“ и ул. „Струшка“ ги поплавуваат пониските улици и дворови.
За таа цел, уште во првата година од мандатот ќе биде изработен проект за санација/реконструкција на атмосферската и фекална канализација. (Во тек)
10.2. Реконструкција на крак од ул. „Загрепска“ (кон Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле)
Целта на овој проект е да се реконструира и да се прошири кракот од ул. „Загрепска“, кој води до оваа важна здравствена установа, во која се лекуваат најмалите жители не само од нашата Општина туку и од целиот Град Скопје, па и пошироко. Овој дел од улицата сѐ уште е поплочен со гранитна коцка, која е во исклучително лоша состојба.
Во соработка со Град Скопје, во текот на 2022 година ќе биде подготвен проект за реконструкција, кој во зависност од обемот на работа, ќе биде изведен во текот на 2023 година.
11. Урбана заедница „Кузман Јосисфовски Питу“ (КЈП)
11.1. Покривање на каналот на ул. „Ловќенска“
Овој проект е во тек на реализација и нашата цел е да го завршиме до крајот на 2022 година. Со тоа ќе се елиминира еден од најголемите проблеми на жителите од оваа улица во УЗ КЈП.
12. Урбана заедница„ Злокуќани“
12.1. Легализација на индивидуалните куќи
Овој долгогодишен проблем на жителите од оваа населба претставува најголем предизвик не само за општината туку и за Град Скопје и Владата.
12.2. Велосипедска патека Злокуќани – Бардовци
Целта на овој проект, кој ќе биде реализиран најдоцна до 2023 година, е да се прошири мрежата на велосипедски патеки во Општината, преку поврзување на овие две урбани заедници. По изградбата на новиот мост во продолжение на ул. „Љубљанска“, оваа велосипедска патека ќе ги поврзе овие две урбани заедници со централниот дел на Општината, односно со УЗ Карпош 3 и 4.
Со овој проект ќе овозможиме значително намалување на потребата од користење на автомобилите, но истовремено ќе обезбедиме и зголемување на безбедноста на велосипедистите, кои досега практично и немаа „свој“ дел на ул. „10“, која сообраќајно ги поврзува Злокуќани и Бардовци.
13. Урбана заедница „Бардовци“
13.1. Приклучување на локалната канализациска мрежа во канализацискиот систем на Град Скопје
Целта на овој проект е прием на постојната канализациска мрежа во населбата во сеопфатниот градски систем. За таа намена, прво ќе биде изработена проектно-техничка документација за фекална канализација, која ќе биде во согласност со планската документација. Врз основа на тоа ќе биде утврдено кои делови од постојната мрежа ќе бидат задржани во употреба, а кои делови ќе се реконструираат.
13.2. Уредување на просторот пред објектот на Месната заедница
Целта на овој проект е да се уреди запуштениот простор во кој доминираат остатоците од старото училиште и современо да се уреди со воведување зеленило и урбана опрема, за зголемување на квалитетот на живеење во оваа атрактивна населба.
13.3. Решавање на проблемот со нелегално фрлање отпад и градежен шут по текот на р.Лепенец
Овој повеќегодишен проблем е одраз на почитувањето на законите, но целта е во најкус рок по преземањето на мандатот, да се обезбеди доволен број комунални редари и да се подобри нивната работа. Со интензивирање на контролите се очекува да се подигне нивото на одржување на комуналниот ред во Општината, но истовремено преку санкционирање на прекршителите, да се зголемат и приходите на општинскиот Буџет.
XI. ДРУГИТЕ ЗА ДУШКО ВЕСКОВСКИ
1. Стојан Андов (поранешен политичар)
Душко Весковски е вистинскиот кандидат за градоначалник на Општината Карпош. Млад човек со визија, чиј даден збор вреди, личност што се одликува со храброст, решителност, секогаш спремен да подаде рака и да не се повлече. Убеден сум дека под негово водство Карпош ќе стане уште попријатно место за живеење.
2. Венера Крлиу Ханџиски (универзитетски професор)
Душко Весковски е исклучително професионален и посветен како менаџер, како планер, но и како работник со големо искуство, знаење, вештини, како и високо ниво на бизнис-експертиза. Тој е човек од доверба, секогаш подготвен да помогне. Весковски поседува силни лидерски капацитети и преговарачки вештини, што овозможува лесна и ефикасна комуникација со заедницата, брзо управување со кризи и способност за практично планирање. Силно верувам дека неговите планови и визии се чесни, искрени и посветени на доброто на заедницата и на сите граѓани и затоа ја поддржувам неговата кандидатура за градоначалник.
3. Марин Докузовски (поранешен спортски работник и добитник на плакетата Заслужен граѓанин на Општина Карпош)
Спортот е дисциплина што е важна не само за правилен раст и развој на децата туку и за дефинирање на нашиот начин на живот. Дали спортот е наше хоби или професионална определба, како на многумина од нашата Општина, тој несомнено треба да биде дел од сечие секојдневие. Познавајќи го Душко, знам и сигурен сум дека спортот и спортските активности, особено за младите генерации, ќе бидат негов врвен приоритет во наш Карпош и затоа ја поддржувам неговата кандидатура за градоначалник.

loading...

Ginga Hyouryuu Vifam: Keito no Kioku - Namida no Dakkai Sakusen (https://kissanime.mx/m/34wR) Episode Full

Website https://animeflv.uk: Watch Buzzer Beater animeflv Episode 13 gogoanime

Watch anime online for free at WCOStream dubbed anime

Watch She, The Ultimate Weapon (Dub) Episode 13

Vbscan fisica: https://vbscan.fisica.unimib.it/kissanimemx

Kiredu: http://kiredu.ru/UserProfile/tabid/182/userId/60907/Default.aspx