БРАВО - Османи приреди коктел за дијаспората и им порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата
БРАВО - Османи приреди коктел за дијаспората и им порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата
СДСМ ПРИЛЕП - Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
СДСМ ПРИЛЕП - Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
БРАВО - СПАСОВСКИ ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО: ЗА ЕДНА ГОДИНА УАПСЕНИ БЛИЗУ 500 КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА
БРАВО - СПАСОВСКИ ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО: ЗА ЕДНА ГОДИНА УАПСЕНИ БЛИЗУ 500 КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА
Заев: Во првиот круг ќе одиме секој сам, а после ќе се поддржиме со ДУИ, БЕСА и со ДПА
Заев: Во првиот круг ќе одиме секој сам, а после ќе се поддржиме со ДУИ, БЕСА и со ДПА
Вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев го промовираа новиот Национален Геопортал – Со само еден клик граѓаните и стопанството може да пристапат до огромен број на просторни податоци
Вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев го промовираа новиот Национален Геопортал – Со само еден клик граѓаните и стопанството може да пристапат до огромен број на просторни податоци
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од вторник, 27.07.2021 година, ќе започне со исплата на пензиите за месец јули
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од вторник, 27.07.2021 година, ќе започне со исплата на пензиите за месец јули
(ВИДЕО) СКОПЈЕ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
(ВИДЕО) СКОПЈЕ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

(ВИДЕО) Е УШТЕ ОВА НИ ФАЛЕШЕ – МВР: Сузбиена криминална група од Тајван што вршела телекомуникациски измами и трудова експлоатација, приведени девет лица

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Национална единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и Одделот за криминалистичка полиција сузбија криминална група од Тајван што вршела телекомуникациски измами и трудова експлоатација на државјани на Тајван, при што се приведени девет лица-државјани на Тајван.

Криминалната група функционирала во повеќе земји и по првичните оперативни информации за нејзино присуство на наша територија, во координација со полицијата на Тајван и Интерпол веднаш е пристапено кон преземање мерки за детектирање и нејзино сузбивање.

Имено, млади луѓе од Тајван биле регрутирани од страна на т.н. „синдикати“ за да работат во странство. Повеќето од младите не ги знаат сите детали за работата која треба да ја вршат се додека не стигнат до крајната дестинација. По пристигнувањето тие се физички ограничени во куќата, т.н. „кол центар за телефонски измами“ и немаат пристап до нивните пасоши и мобилни телефони. Тие се принудени да работат со часови без да им бидат исплаќани надоместоци или плати. Жртвите биле тепани доколку не ги почитуваат наредбите. Т.н. „синдикати“, користат брз интернет за воспоставување меѓународни разговори. Телефонските оператори од прво ниво се претставуваат лажно дека се службеници во банка или поштенска служба или службеници за осигурување. Следно, операторите од второ ниво лажно се претставуваат како полициски службеници за да приберат целосни лични податоци и бараат доказ за извршена уплата за некаква казна. Конечно, жртвите се префрлани во „трето ниво“, каде операторите им се претставуваат како обвинител или судија и ги убедуваат жртвите дека ќе бидат соочени со тешки обвиненија доколку не соработуваат и доколку не ги префрлат парите на назначените сметки со цел намалување на казната или ослободување од казна.

Во координација со ОЈО за ГОКК-Скопје и добиена наредба од судија на претходна постапка, на 07.05.2021 извршени се претреси на две локации во населба Бардовци, Скопје. На првата локација затекнати и приведени се шест членови на криминалната група, како и 25 жртви (сите државјани на Тајван), а на втората локација еден член на криминалната група и 10 жртви (сите државјани на Тајван). Дополнително, детектирани се уште две лица од криминалната група, кои биле сместени во хотел во Скопје, како и уште четири лица-жртви, кои биле сместени во друг хотел во Скопје. Вкупно иднетификувани се 39 жртви на трудова експлоатација.

По добиени насоки од јавен обвинител, сите обезбедени материјални докази ќе бидат предадени на надлежните служби за спроведување на законот од Тајван, заедно со идентификуваните жртви и лицата идентификувани како членови на меѓународната криминална група, за нивно натамошно процесуирање во Тајван, каде се обвинети за повеќе кривични дела.

loading...

KissAnime Watch english anime Online in HD for FREE. Watch RahXephon: Pluralitas Concentio (Dub) Episode Full

https://gogoanime.be gogoanime seven deadly sins. Watch Jarinko Chie Episode Full

https://animefreak.ws anime freaks website. Berserk Outtakes (Dub) Episode 6