Претседателот Пендаровски при својата посета на Србија во 2019-та на пресот со Вучиќ во Белград ја пофали иницијативата Отворен Балкан која тогаш пред две години се викаше Мал Шенген:
Сега по две години го промени мислењето па дури и тврди дека секогаш имал резерви и се противел на таа иницијатива, имала фалинки а тоа се не биле членки сите земји од западен балкан и ги надминувала само економските елементи и станувала нешто повеќе од тоа?!?!
Ова е многу ступидна аргументација, затоа што една идеја е добра без разлика во колкав интензитет ќе се реализира дали ќе успееш да ја оствариш 100 посто или половично, колку и да се членки па макар само две а во моментов се три, проектот е пак добар затоа што го намалува чекањето на границите нешто за што беа одушевени членките од Стопанска Комора а белким тие повеќе се разбираат во водење бнизнис од претседателот кој цел живот е или државен службеник или професор на факултет…