(ВИДЕО) ЕФТОВ: ВТОРИОТ КРУГ НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ СЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ТОА ДАЛИ МАФИЈАТА ЌЕ СЕ ВРАТИ ПАК НА ВЛАСТ И ПРАВДАТА ЌЕ БИДЕ ЗАКОПАНА ЗА ВЕК И ВЕКОВ!
(ВИДЕО) ЕФТОВ: ВТОРИОТ КРУГ НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ СЕ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ТОА ДАЛИ МАФИЈАТА ЌЕ СЕ ВРАТИ ПАК НА ВЛАСТ И ПРАВДАТА ЌЕ БИДЕ ЗАКОПАНА ЗА ВЕК И ВЕКОВ!
(ВИДЕО) ОВА ЛИ Е ИДНИНАТА НА ЧОВЕШТВОТО: ВО ЕДНА ЗГРАДА ВО ХОНГ КОНГ ЖИВЕАТ 50 000 ЛУЃЕ!
(ВИДЕО) ОВА ЛИ Е ИДНИНАТА НА ЧОВЕШТВОТО: ВО ЕДНА ЗГРАДА ВО ХОНГ КОНГ ЖИВЕАТ 50 000 ЛУЃЕ!
Кондовски: Одлична атмосфера и позитивна енергија на денешната акција за чистење на ски стазата Копанки на која се приклучив на повик на граѓанската иницијатива “Поинаку”
Кондовски: Одлична атмосфера и позитивна енергија на денешната акција за чистење на ски стазата Копанки на која се приклучив на повик на граѓанската иницијатива “Поинаку”
Димитров: Постои обврска и Бугарија да не се меша во внатрешните македонски работи
Димитров: Постои обврска и Бугарија да не се меша во внатрешните македонски работи
Кондовски: Ќе ги зголемуваме капацитетите за искористување на европските фондови
Кондовски: Ќе ги зголемуваме капацитетите за искористување на европските фондови
Заев со директива: Ако јас кревам телефон, сите ќе кревате и ќе ги решавате проблемите на секој граѓанин
Заев со директива: Ако јас кревам телефон, сите ќе кревате и ќе ги решавате проблемите на секој граѓанин
Пендаровски за ТВ21: Немам добиено информација за политички притисок врз македонските историчари во комисијата
Пендаровски за ТВ21: Немам добиено информација за политички притисок врз македонските историчари во комисијата
МНР: Според првичните информации, не е најдена никаква трага за евентуална злоупотреба на дипломатска пратка
МНР: Според првичните информации, не е најдена никаква трага за евентуална злоупотреба на дипломатска пратка

(Видео) Фирмите, трговците поединци и занаетчиите може да аплицираат за новата линија бескаматни кредити од 3 000 до 15 000 евра

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денес на заедничка прес-конференција со ЕУ-амбасадорот Дејвид Гир и директорот на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов, изврши промоција на новата, трета по ред бескаматна кредитна линија „Ковид 3“, која од денес станува достапна за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии, а со која на располагање се ставаат 31 милион евра.

„Би сакал да ѝ се заблагодарам на Европската Унија, која преку механизмот EU4Resiliance од ИПА-програмата обезбеди 30 милиони евра за реализација на оваа мерка, а еден милион евра е државната поддршка од наменските програми во буџетот за справување со коронавирусот од страна на Владата“, соопшти вицепремиерот Битиќи.

На јавниот повик може да аплицираат сите микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии, чие работење е погодено од коронавирусот, а може да се измери преку падот на приходите.

„Во оваа трета кредитна линија, по барање на занаетчиските комори, првпат е проширен таргетот на кредитната линија и им е дадена шанса и на занаетчиите што имаат пад на своите приходи најмалку 20 % да може да поднесат кредитно барање за кредит со 0 % камата“, рече Битиќи.

Оваa мерка е континуитет на претходните две кредитни линии „Ковид 1“ и „Ковид 2“, со кои беа обезбедени бескаматни кредити во вредност од 13,5 милиони евра за 1.376 компании за зачувување на речиси 18.000 работни места во овие компании.

Директорот на развојната банка на Република Северна Македонија, Кире Наумов, ги презентира сите детали на јавниот повик, при што посочи дека кредитите ќе бидат без камата, со три години рок на отплата и вклучен грејс-период до шест месеци, а ќе може да се користат за набавка на основни и обртни средства заради непречено финансирање на тековните активности и потребата од обртен капитал на субјектите.

„Минимален износ на кредит за кој ќе може да се поднесе барање е 3.000 евра, а максималниот износ изнесува 5.000 евра за трговец поединец и занаетчија; и 15.000 евра за микро и мали трговски друштва. Објавата на јавниот повик ја правиме денес, а почетокот за доставување кредитни барања за ‘Ковид 3’ е на 16 декември од 00.01 часот на полноќ. Кредитни барања ќе може да се доставуваат сè до 30 декември до 23.59 часот, односно повикот трае вкупно 15 дена. Пристигнатите кредитни барања ќе се обработуваат по завршување на јавниот повик, хронолошки, по принципот прв дојден, прв услужен, појасни директорот Наумов.

Аплицирањето ќе биде исклучиво електронски на имејл-адресата [email protected]

Новина во оваа кредитна линија е грант-компонентата од 30 % која корисниците на кредит од „Ковид 3“ ќе може да ја добијат. Грант-компонентата се однесува на четири категории субјекти, и тоа:
– прва категорија субјекти се оние што се управувани од жена или, пак, имаат во сопственичката структура жена или жени со учество од најмалку 50 %;
– втора категорија субјекти се оние што се управувани од млади лица до 29 години согласно со европската дефиниција за млади или, пак, имаат млади во сопственичката структура од најмалку 50 %;
– трета категорија субјекти се извознички компании кај кои учеството на приходите од странство во вкупните приходи е најмалку 50 %; и
– четвртата категорија е најширока, а се однесува на субјекти што реализираат активности, односно проекти во областа на зелената економија, модернизација и дигитализација на деловните процеси преку набавка на опрема или воведување нов начин на продажба, како и иновација од аспект на воведување нови производи и нови услуги;

Правото на грант ќе може да го остварат кредитокорисниците на „Ковид-3“ по отплата на 50 % од износот на кредитот, со поднесување барање за грант до Развојната банка.

loading...

KissAnime Watch anime online, English anime online HD

AnimeBee Watch anime online, English anime online HD

Website https://animepahe.cc: Watch The Girl Who Leapt Through Time (Dub) animepahe Episode Full watch anime online

WCOStream - Watch anime online, English dub anime

Uid: http://uid.me/kissanimemx#

Buddypress: https://buddypress.org/members/gogoanimelol/profile/