Наши клучни проекти во мандатот од четири години ќе бидат:
Гасификација на општина Кавадарци, со цел секоја компанија и домаќинство да добие ефтин енергенс;
Изградба на пречистителна станица, со цел соодветен третман на отпадните води;
Проектот “Зелено Кавадарци”, со кој предвидуваме низа мерки кои ќе имаат за цел да го намалат загадувањето во општината;
Изградба на бизнис старт ап центар, со цел да ги поттикнеме младите да започнат сопствен бизнис;
Изградба на регионален откупен центар, за конечно решавање на проблемот со откупот на грозје и ниските откупни цени;
Ве повикуваме да направите споредба и разлика.
Изберете ја најдобрата понуда за вас, за вашето семејство, за вашето место.
Гласајте за најдоброто за Кавадарци.