Каков ватрен говор на еден од коментаторите кој почна да збори за политика за историја за тоа како ние ќе сме заминале на европско да му покажеме на светот кој сме и што сме, најака фора му беше дека ТИЕ ШТО СМЕ ГИ ОПИСМЕНИЛЕ ЌЕ НЕ ПРЕЧЕКААТ И ЌЕ СТОЈАТ МИРНО НА НАШАТА ХИМНА… Цццц…Ова е доказ дека Груевизмот длабоко има оставено траги во психата на нацијата и дека еуфоријата спортот и национализмот чуда прават со човечкиот мозок, но нека се радува народот, секој има право да се радува ако мисли дека успесите во спортот ќе се одразат на квалитетот на живеењето, иако Србија во 90-тите беше прва во светот во секој можен спорт па 90-тите се најмрачните моменти од историјата на Србија во секој аспект, освен спортот секако… Секако овој транс е последица и на она што ни се случува сега со Бугарија, нивните обиди да не клекнат на колена ствара вакви бесни реакции на многумина во земјава и со право е така.
Линк до видео, овде.