Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба, Приведени двајца разбојници во Скопје, Приведени двајца крадци во Штип, следува кривична пријава
Приведен крадец во Скопје, фатен при обид за тешка кражба, Приведени двајца разбојници во Скопје, Приведени двајца крадци во Штип, следува кривична пријава
Ковачевски: Земјоделските субвенции се исплаќаат навремено, со мерки поттикнуваме стабилно и зголемено домашно производство на храна
Ковачевски: Земјоделските субвенции се исплаќаат навремено, со мерки поттикнуваме стабилно и зголемено домашно производство на храна
(ВИДЕО) Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства во висина од 80 милиони евра за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
(ВИДЕО) Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства во висина од 80 милиони евра за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
„Gulf oil“ Македонија донираше прехрамбени производи и средства за лична хигиена на семејства на деца со пречки во развојот
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Бислимовски: За 98,8 отсто од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 отсто
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Ковачевски: Јавниот сектор треба да има поголеми плати, согласно методологија за раст и зголемена продуктивност
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза
Спасовски: Се преземаат интензивни мерки за говорот на омраза

(ВИДЕО) Ковачевски: Го разбирам гневот на јавноста, антифашистичката определба е дел од нашиот национален идентитет

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски со видео обраќање се осврна на провокациите што по повод отворањето на бугарскиот клуб во Битола поттикнаа говор на омраза и недоверба со намера да ги поткопаат и стават под сомнение досегашниот напредок во дијалогот меѓу Скопје и Софија постигнат од силната определба со јасна визија и лидерство од двете страни може да се дојде до достоинствено решение на споровите за заедничка иднина во ЕУ.

„Од првиот ден на мојот мандат како премиер, реков дека не отстапувам од тоа разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија да се водат достоинствено и во духот на европските вредности. Кон оваа определба се придржувавме цел овој период. Реализиравме конкректни заеднички проекти, ги подобривме односите и го намаливме говорот на омраза.

За жал, со последната посета на бугарската делегација во Битола се разбудија духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата против кои успешно се боревме. Оттука, целосно го разбирам и чувствувам гневот на граѓаните во изминатите денови.

Нашата држава ја стекна својата независност по Втората светска војна во која граѓаните учествуваа во антифашистичката народно ослободителна војна. Антифашистичката определба на граѓаните е дел од нашиот национален идентитет со кој се гордееме во демократска Европа.

Македонските граѓани се определени за членство во ЕУ, но провокации кои ги повредуваат нашите чувства како граѓани ја загрозуваат таа определба.

Република Северна Македонија е суверена држава и имаме должност да го чуваме нашето достоинство. Имаме стратешка цел за влез во ЕУ, но достоинствено со својата национална гордост и посебност.

Верувам дека треба да продолжиме и да работиме на зајакнување на дијалогот и унапредување на односите меѓу двата народи до конечно решавање на спорот. Но, за тоа да биде успешно, ниедна од страните не смее да прави чекори назад. Не смееме да дозволиме постојано враќање кон минатото и потези кои значат еднодневна политичка корист, а долгорочна штета на кревките односи кои ги градиме.

Република Северна Македонија ќе ги продолжи реформите во сите области со кои ќе ја подготвиме земјава за полноправно членство во Унијата. Тоа се процеси кои ги водиме за наше добро, за развој на нашата земја и подобри услови за граѓаните.“, рече премиерот Ковачевски.

loading...

Game bài thiên đường - Tải Go88 Club nhận code 200k

sunwin être Sun Win - Cổng Game Bài Macao, Tài Xỉu Số 1 VN sunwin bịp