(ВИДЕО) Ковачевски: Позицијата во која сме денес е далеку подобра и имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки

-Имаме позиција за јасно и недвосмислено прифаќање на македонскиот јазик. Како и протоколот да не биде во преговарачката рамка – изјави прмиерот Димитар Коваевски на денешната прес конференција по средбата со коалиционите партнери на која се дискутирало за вчерашниот предлог.

-Денешниот состанок е прв од низата средби преку кој го водиме широкиот консултативниот предлог. Разговаравме со детали имајќи ја ум и предвид нашата позиција и цел, членството во ЕУ, додаде премиерот и нагласи дека позицијата во која сме денес е далеку подобра и имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и ставови – додаде премиерот Ковачевски.