(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ЦУЦУЛОТ КОНЕЧНО СИ ГО НАЈДЕ МЕСТОТО, ДО МИРКА КЛАСНАТА НА СТРИМОТ НА ПРО РУСКАТА ПАРТИЈА РОДИНА, ДОСЕГА ГЛУМЕШЕ НЕКАКОВ ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ ФИЛОЗОФ...
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
(ВИДЕО) ГОЛЕМИ ПОЛИЦИСКИ СИЛИ СЕ РАСПОРЕДЕНИ ОКОЛУ УСТАВНИОТ СУД ВО САД ПОРАДИ НАЈАВЕНИТЕ МАСОВНИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ДЕНЕШНАТА ОДЛУКА ДА СЕ ЗАБРАНИ АБОРТУСОТ ПО 50 ГОДИНИ ЛЕГАЛНОСТ
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
Галетановски: Нема ништо ново во ЗОО откако заминав, среќа што родија неколку животни кои ги донесовме
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
СО СВЕТСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ВРВ: Николовски во Берлин на конференција со Државниот секретар на САД, претседателот на Светска банка и многу други високи претставници
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Протоколот не може да биде услов во преговорите, ниту спомнат во преговарачката рамка, порачува Маричиќ
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
Бугарско МНР: Ќе одобриме меѓувладина конференција откако ќе се потпише билатералниот протокол
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
ИЛИ ДРЖАВАТА И ГРАД СКОПЈЕ НЕКА ГИ ЗАЛОВАТ КУЧИЊАТА НИЗ ГРАДОВ ИЛИ НЕКА НИ ДАДАТ ДОЗВОЛА ДА НОСИМЕ ПИШТОЛИ СО НАС
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА
КАТЕ БЛАЖЕВСКА: НЕШТО НЕ ШТИМА ВО ИЗЈАВИТЕ И ПОСТАПКИТЕ НА СЛАВИ ТРИФУНОВ И ТЕОДОРА ГЕНЧОВСКА

(ВИДЕО) Ковачевски: Со пакетот мерки ублажени се ценовните шокови, овозможивме заштита на животниот стандард

„Не дозволивме да има ценовен шок, каков што има секаде во Европа. Доколку ги погледнеме сите споредби во регионот и пошироко, Република Северна Македонија има најниски цени на енергенси и најниска цена на основни прехранбени производи, споредбено со сите“, одговори премиерот Димитар Ковачевски за дел од ефектите од донесените антикризни мерки, на пратеничко прашање поставено на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

Тој рече дека Владата реагираше навремено во најголемата економска криза, во којашто се наоѓа цела Европа по Втората светска војна, предизвикана со зголемувањето на цената на енергенсите, со продолжениот ефект на корона-кризата, но и зголемена во невидени рамки, со воениот напад на Русија врз Украина.

„Владата, согласно оваа ситуација, подготви пакет на мерки, навремено, во вкупен износ од 615 милиони евра, со цел да го ублажи ценовниот шок, за зачувување на стандардот на граѓаните и за одржување на ликвидноста на компаниите. Дел од финансиските средства беа предвидени со Буџетот за 2022 година, со оглед дека имаше енергетска криза, но дел беа направени во текот на 2022 година, во мандатот на новата Влада. Тој пакет мерки беше во износ од 400 милиони евра, коишто се однесуваа во еден дел на намалување на даночните и акцизните приходи за државата, со цел намалување на цените на суровините и на финалните производи, вториот дел директни финансиски трансфери до најзагрозените граѓани во државата и третиот – преку обезбедување финансиски средства за одржување на ликвидноста на компаниите, во услови на зголемени енергенси коишто се дел од нивниот производствен и услужен процес“, рече премиерот Ковачевски.

Како резултат на донесените антикризни мерки што ги донесе Владата, премиерот посочи дека „граѓаните имаат сметки коишто за 400-тини денари месечно помали во однос на она што би биле, дека дополнително 35.000 граѓани од најранливите категории имаат 1.000 денари месечно повеќе за покривање на своите трошоци и дополнителни средства за енергетска сиромаштија за покривање трошоци за електрична енергија“.

„Со мерката со намалување на повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи за човечка исхрана од 5 на 0 проценти, од април до јуни оваа година, домаќинствата заштедуваат во просек околу 475 денари месечно. Станува збор за производи како што се леб, шеќер, брашно, зејтин, млеко, месо и јајца и овие производи учествуваат со околу 27 проценти во просечната потрошувачка на семејствата, односно на нив се трошат околу 9.500 денари согласно синдикалната минимална кошничка. Втората мерка која беше насочена кон цените на храната, беше и замрзнување на маржите на основните производи. Правиме сé да го ублажиме ценовниот шок“, порача премиерот Ковачевски.

(Сторијата продолжува по рекламите)

Тој посочи и на мерката за субвенционирање на најранливите категории на граѓани за основни производи и тоа по 1.000 денари за три месеци за 35.000 корисници; на воведувањето автономна мерка за увоз на прехранбени производи и суровини за коишто се укинати царинските давачки и се зголемени квотите за увоз, со што се обезбедени суровини за да може прехранбената индустрија во државата да работи, а преку договорите со најголемите извозници на суровини за храна, како Србија и преку директни контакти, се обезбедени и финалните производи и суровини. Со воведувањето на автономна мерка за продолжување на даночната стапка за ДДВ од 5 проценти на прометот на електрична енергија за домаќинства до крајот на оваа година, којшто требаше да важи до јули, како што посочи премиерот, домаќинствата заштедуваат околу 120 денари месечно само по овој основ, а со оваа мерка од јули до декември стапката на ДДВ за електрична енергија ќе биде 5 проценти наместо 10 проценти и врз основа на податоците на ЕВН Хоум, просечно домаќинство по основ на оваа мерка ќе заштеди 150 денари односно 900 денари за дадениот период. Премиерот додаде дека веќе се работат калкулациите за менување на методологиите за утврдување на цената на електричната енергија за домаќинства и за малите потрошувачи коишто се на регулираниот пазар и таа ќе почне да се применува од 1 јули оваа година. Тој најави дека се продолжува и со препорака за утврдување за програмата за сиромаштија, што значи дека лица кои имаат ниски примања, добиваат по основ на оваа мерка годишно од 7.200 до 9.600 денари за покривање на трошоците за електрична енергија, односно од 600 до 800 денари за покривање на нивните трошоци. Премиерот Ковачевски го посочи и субвенционирањето топлинска енергија, исто така преземено од државата, со што не е дозволено да има прекин на снабдувањето на топлинска енергија во градот Скопје и никакво покачување на цената на топлинската енергија.

Во однос на животниот стандард, премиерот Ковачевски посочи на историското покажување на пензиите и натамошна поддршка на домаќинствата и фирмите.

„Оваа година ќе имаме историски најголем раст на пензиите со двете усогласувања, едното кое е веќе направено и второто кое ќе се случи во септември според новата методологија. Дополнително беа одвоени по 1.000 денари за 3 месеци за сите пензионери со цел да можат полесно да се справат со зголемените цени на енергенсите и на основните прехранбени продукти. Исто така продолжуваме со субвенционирање на цената на електричната енергија за регулираниот пазар, домаќинствата и малите потрошувачи, со што секое домаќинство штеди над 2.000 денари. Следниот сет мерки се однесува на поддршката на компаниите, при што преку банката за развој беа обезбедени поволни кредитни линии коишто им се достапни на компаниите за одржување на нивната ликвидност и посебни меки кредитни линии за енергетска трансформација и изградбата на електрични енергетски постројки за обновливи извори на енергија“, сооопшти премиерот Ковачевски во врска со антикризните мерки, на пратеничко прашање во Собранието на Република Северна Македонија.

loading...

kích hoạt số điện thoại go88 go88 ơk go88 info

link tại sunwin nhà cái sunwin ở đâu sunwin tài xỉu online