МИТКО ЈАНЧЕВ: АКО ВМРО ДПМНЕ НЕ МЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КАВАДАРЦИ, САМ ЌЕ СЕ КАНДИДИРАМ КАКО НЕЗАВИСЕН И ЌЕ ПОБЕДАМ!
МИТКО ЈАНЧЕВ: АКО ВМРО ДПМНЕ НЕ МЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КАВАДАРЦИ, САМ ЌЕ СЕ КАНДИДИРАМ КАКО НЕЗАВИСЕН И ЌЕ ПОБЕДАМ!
МИТКО ЈАНЧЕВ: ГРУЕВСКИ БЕШЕ ПОДОБАР ЕКОНОМИСТ И ИМАШЕ ПОДОБАР ЕКОНОМСКИ ТИМ ОД ЗАЕВ И ПОДОБРО ЈА УНАПРЕДУВАШЕ ЕКОНОМИЈАТА ВО ЗЕМЈАТА!
МИТКО ЈАНЧЕВ: ГРУЕВСКИ БЕШЕ ПОДОБАР ЕКОНОМИСТ И ИМАШЕ ПОДОБАР ЕКОНОМСКИ ТИМ ОД ЗАЕВ И ПОДОБРО ЈА УНАПРЕДУВАШЕ ЕКОНОМИЈАТА ВО ЗЕМЈАТА!
БОМБА НА МИТКО ЈАНЧЕВ: МИЦКОВСКИ Е НЕСПОСОБЕН ДА ВОДИ ТРАФИКА НЕ ПА ГОЛЕМА ПАРТИЈА, АКО ВИДИТЕ ТОЈ ВОДИ ВОЈНА СО ПОЛА ОПОЗИЦИЈА, ЗНАЧИ ПЛУКА ПО ПОЛА ВМРО, ЛЕВИЦА, БОКОТИРАМ, БАЧЕВ, ОН СО СИТЕ ВОДИ ВОЈНА!

СПАСОВСКИ: СВЕСНИ СМЕ ДЕКА ЌЕ ИЗГУБИМЕ ДЕЛ ГЛАСАЧИ ЗА ОВОЈ ПРОПУСТ СО МИЈАЛКОВ ИАКО МОЖЕБИ ВИНАТА Е ВО СУДОТ ИЛИ ОЈО, НО САМО НИЕ ОДИМЕ НА ИЗБОРИ, СЕПАК МНОГУ ПОЛОШО ЌЕ БЕШЕ АКО НЕ УСПЕАВМЕ ДА ГО ВРАТИМЕ ТОЛКУ БРГУ, МИСЛАМ СЕКА ШТЕТАТА Е САНИРАНА ВО ОДРЕДЕНА МЕРА!

СПАСОВСКИ БОМБАРДИРАШЕ ВО УТРИНСКИ БРИФИНГ: АКО НЕ СЕ ПРЕДАДЕШЕ, МИЈАЛКОВ ЌЕ БЕШЕ УАПСЕН ЗА 2 ДО 3 ЧАСА ЗАТОА ШТО ИМАВМЕ ЛИСТА НА МОЖНИ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ КАДЕ СЕ КРИЕ!
СПАСОВСКИ БОМБАРДИРАШЕ ВО УТРИНСКИ БРИФИНГ: АКО НЕ СЕ ПРЕДАДЕШЕ, МИЈАЛКОВ ЌЕ БЕШЕ УАПСЕН ЗА 2 ДО 3 ЧАСА ЗАТОА ШТО ИМАВМЕ ЛИСТА НА МОЖНИ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ КАДЕ СЕ КРИЕ!
СПАСОВСКИ: ТОЧНО Е ДЕКА ПРЕМИЕРОТ ОВИЕ ДВА ДЕНА БЕШЕ МНОГУ НЕРВОЗЕН И НА СОСТАНОЦИТЕ ИМАШЕ ПОВИШЕН ТОН, АМА ТОА Е И НОРМАЛНО ВО ВАКВИ МОМЕНТИ КОГА ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ БЕШЕ ИСТО ТАКА ГНЕВНА
СПАСОВСКИ: ТОЧНО Е ДЕКА ПРЕМИЕРОТ ОВИЕ ДВА ДЕНА БЕШЕ МНОГУ НЕРВОЗЕН И НА СОСТАНОЦИТЕ ИМАШЕ ПОВИШЕН ТОН, АМА ТОА Е И НОРМАЛНО ВО ВАКВИ МОМЕНТИ КОГА ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ БЕШЕ ИСТО ТАКА ГНЕВНА
НУКЛЕАРНА БОМБА НА СПАСОВСКИ: ВО ПЕТОК ЌЕ СЕ ВИДИ КОЛКУ СМЕ ДОГОВОРЕНИ СО МИЈАЛКОВ, КОГА СУДОТ ЌЕ ЈА КАЖЕ ПРЕСУДАТА, ЈАВНОСТА ЌЕ ВИДИ ДЕКА НИКОЈ ВО ЗЕМЈАВА НЕ Е ЗАШТИТЕН ОД ПРАВДАТА!
НУКЛЕАРНА БОМБА НА СПАСОВСКИ: ВО ПЕТОК ЌЕ СЕ ВИДИ КОЛКУ СМЕ ДОГОВОРЕНИ СО МИЈАЛКОВ, КОГА СУДОТ ЌЕ ЈА КАЖЕ ПРЕСУДАТА, ЈАВНОСТА ЌЕ ВИДИ ДЕКА НИКОЈ ВО ЗЕМЈАВА НЕ Е ЗАШТИТЕН ОД ПРАВДАТА!
(ВИДЕО) Реакцијата на (неутро)вмровците после враќањето на Мијалков
(ВИДЕО) Реакцијата на (неутро)вмровците после враќањето на Мијалков

ВИДЕО: Македонските државјани ќе може да се лекуваат од Ковид-19 и во Србија и во Албанија

Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе ги минуваат границите и без ПЦР тестови, доколку граѓанин поради Ковид-19 се најде во болница во овие земји државата ќе го преземе трошокот за лекување, министрите за здравство и лекарите од трите земји ќе соработуваат и ќе разменуваат искуства во борбата со коронавирусот…

Ова, меѓу другото, се предидува со Меморандумот за соработка во услови на Ковид-19 што денеска го потпишаа премиерот Зоран Заев заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Србија Ана Брнабиќ и на Албанија, Еди Рама во присуство на министрите за здравство.

Премиерот Заев, кој беше домаќин на настанот, истакна дека со ова се поставува патот за уште посилна соработка помеѓу нашите пријателски земји.

-Сакаме да го олесниме животот на нашите граѓани и да поставиме основи за економско закрепнување, рече Заев кој потоа соопшти што ќе опфаќа оваа соработка.

Северна Македонија, Албанија и Србија, како што кажа, веднаш ќе почнат да работат на координација околу обезбедување на вакцина за Ковид – 19 за нашите граѓани. Земјите меѓусебно ќе се поддржуваат и ќе си помагаат доколку се случи преоптоварување на здравствените системи.

– Отвораме зелени коридори за патување на нашите граѓани и економските окператори со кои се ублажуваат последиците од Ковид – 19. Граѓаните и, пред се, носителите на економијата ќе се движат помеѓу трите земји без потреба од ПЦР – тестови односно ќе се ослободат од административен и финансиски товар граѓаните на нашите држави притоа почитувајќи ги сите мерки на заштита кои се речиси идентични во сите три земји, рече Заев.

Доколку еден граѓанин на некоја од земјите потписнички се затече на територијата на друга земја и треба да се лекува таму каде што е хоспитализиран, тогаш, како што објасни тој, државата во која се лекува ќе ги преземе трошоците за тоа лекување.

-Доколку некој граѓанин на Северна Македонија се разболи и треба да се лекува во Албанија или Србија, тогаш нашите соседни држави ќе го покријат лекувањето и нашиот граѓанин нема да плаќа од својот џеб. Истото ќе важи и за граѓаните на Албанија и Србија доколку се затечат на нашата територија и им е потребна помош. Ова се моменти на солидарност, на трезвено размислување, и на поткрепа која си ја даваме меѓу себе, рече Заев.

Од утрешниот самит во Софија премиерот истакна дека очекува поддршка за сите земји од Западен Балкан односно уште еднаш да се испрати пораката за отворање на поглавјата со Северна Македонија и Албанија.

-Утре очекувам сериозна поддршка за европскиот пат на сите шест земји членки од Западен Балкан кои сме кандидати и сакаме да бидеме побрзо полноправни членки на ЕУ. И секако очекувам дека Берлинскиот самит утре ќе ја испрати уште еднаш пораката на почеток на преговорите односно отворањето на првите поглавја односно одржувањето на првите меѓувладини конференции на ЕУ со Република Албанија и со Република Северна Македонија, истакна Заев.

Меморандумот за соработка во услови на Ковид-19 го потпишаа премиерите на трите земји Зоран Заев, Ана Брнабиќ и Еди Рама. Оваа идеја произлезе од состанокот со претседателот на Србија Александар Вучиќ и албанскиот премиер Рама и е иницијатива за напредна соработка која е целосно компатабилна со Берлинскиот процес.

Албанија и Србија во рамките на истиот настан потпишаа и и билатерален договор за слободно движење на нивните граѓани само со лични карти.

-Граѓаните на Северна Македонија веќе неколку години ја имаат можноста да патуваат со лична карта во Албанија и Србија. Денеска би сакал да го поздравам договорот меѓу Албанија и Србија со што и граѓаните на двете земји ќе можат со лична карта да патуваат меѓусебно. Ваквите договори во интерес на граѓаните ја зајакнуваат регионалната соработка, рече Заев.

Трите земји, како што кажа, продолжуваат интензивно да соработуваат и да ги решаваат препреките кои на граѓаните ќе им овозможат многу подобар квалитет на живот.

Заев изрази задоволство што и Косово ја прифатило поканата и се приклучува на овој процес на унапредување на реионалната соработка, а верува дека многу бргу и Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе се приклучат.

-Убеден сум и ве уверувам сите дека ќе има само придобивки повеќе за нашите граѓани и за нашите економски оператори, рече премиерот на Северна Македонија.

loading...

The Seven Deadly Sins: Wrath of the Gods (Dub) (https://animeheaven.pro/m/0rVl) Episode 24 at website https://animeheaven.pro toradora anime heaven

Attack on Titan Final Season (Dub) (https://animeplanet.cc/m/NE8K) Episode 1 at AnimePlanet the anime planet