Во 2007 година имавме финансиска криза, поминавме безболно и без стресови, но во сегашната ситуација се прашувам дали нешто се греши во пристапот на економската политика, вели во интервјуто за „Макфакс“ поранешниот министер за финансии, Трајко Славески.
Во однос на состојбата во продавниците, каде што, според реакциите на граѓаните, загрижува сликата со празни рафтови на основните прехранбени производи, како и неодамнешниот метеж на бензинските пумпи, Славески оценува дека реакциите се сосема очекувани и рационални. Сепак, сугерира дека граѓаните не треба да трупаат резерви.
Анализирајќи ја состојбата со нафтената криза во државата, поранешниот министер за финансии вели дека од утре веќе треба да здивнеме во однос на цените на нафтените деривати.
Линк до видео овде.