Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Највисокото раководство на СДСМ вечерва ќе го разгледува францускиот предлог, Богоев пред седницата на раководството на СДСМ: Сега е клучно ВМРО-ДПМНЕ да се вразуми и да се обединиме како држава
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
Ковачевски: Нашите забелешки дека историските прашања и протоколот не може да бидат дел од преговарачката рамка се содржани во новиот предлог
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) ЕФТОВ: НЕ СМЕЕМЕ ДА ИЗБРЗАМЕ И ДА ГО ОДБИЕМЕ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ, ТОА ЌЕ БИДЕ КАРДИНАЛНА ИСТОРИСКА ГРЕШКА
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
(ВИДЕО) Денеска општина Кавадарци им ги доделени решенијата на 16 невработени лица се ангажирани за извршување на општо корисна работа
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Денеска во својот кабинет градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Модифицираниот француски предлог од утре на увид пред јавноста
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
Ковачевски: Имаме план и стратегија која очигледно дава резултати
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв
БРАВО: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ Скопје при дарување крв

(ВИДЕО) Маркоска: Се грижиме за правата на работниците, растат платите, невработеноста опаѓа

Нека е честит 1 Мај – Меѓунардониот ден на трудот, порача на прес-конфернцијата Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

„Овој ден е добра можност да се потсетиме на она што СДСМ преку инситуциите го прави за нашите работници, за нашата домашна економија.

Вложувањето во човечкиот капитал уште од првите недели од владеењето на СДСМ е врвен приоритет.

Преку отворен и инклузивен дијалог, за само четири и пол години минималната плата успеавме да ја зголемиме двојно.

Ако минималната плата во 2017 во поедини дејности изнесуваше 8.800 денари, денес тааизнесува 18.000 денари во сите дејности“, истакна Маркоска.

„Важно е да се напомене дека последното зголемување на минималната плата од 15.200 денари на 18.000 се реализира во време на најголема светска економска криза.

Со растот на минималната плата, следува зголемување на сите плати во сите сектори во период од шест месеци, согласно членот 8 од Законот за минимална плата.

Грижата за работниците не е само зголемување на платите, туку и унапредувањето на работничките права.

Денес, работниците се позаштитени, имаат поголема економска и правна сигурност на своите работни места, а се регулираат и нестандардните форми на вработувања.

Денес, недела навистина е неработен ден за 92 отсто од работниците, а оние кои работат во недела добиваат повисоки дневници и со тоа поголема плата на крајот од месецот“, посочи Маркоска.

Маркоска нагласи дека Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа како за младите работници, така и за работниците кои со децении работеле а имаа потешкотии да го наплатат својот труд.

„По 3.000 денари добиваат сите млади до 23 години вработени во производството, претходно го решивме статусот на стечајните работници а обезбедивме државна социјална пензија за оние граѓани кои не ги исполнуваа условите за стекнување старосна пензија.

Преку одговорни економски политики, обезбедивме отворање на нови и добро платени работни места и намалување на стапката на невработеност која денес изнесува под 16 отсто.

Борбата за унапредување на работничките права е постојан и двонасочен процес.

Затоа Владата предводена од СДСМ е во постојан контакт со синдикатите и работодавците за низ социјален дијалог да се дојде до решенија кои значат подобри услови за работа.

Како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа за работниците, затоа што тие и нивниот труд се гарант за стабилна економија и забрзан економски раст“, потенцираше Маркоска.

loading...

go88 giải trí đẳng cấp link tải go88 Game Go88 và Link đăng nhập vào Go88 mới nhất khi bị chặn

https://sunwin.gg/