#dw_BalkanBooster: Повеќе дневни центри за подобра психолошка помош
Лицата кои имаат потреба од психолошка и психијатриска помош во Северна Македонија сѐ уште се соочуваат со стигма и стереотипи. Освен тоа, помош не можат да добијат насекаде подеднакво. Во делови од земјата едноставно нема психијатри. Експертите сметаат дека дневните центри за ментално здравје се решение за поширок опфат и поквалитетна помош на пациентите кои се соочуваат со ваков вид проблеми и бараат отворање повеќе вакви центри во државата. #dw_BalkanBooster