Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат
Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат
Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска
Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска
Петровска ги посети студентите на АУЕ ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: практичната настава е значајна за квалитетно образование
Петровска ги посети студентите на АУЕ ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: практичната настава е значајна за квалитетно образование
За Грција е историска одлуката за Шведска и Финска да аплицираат во НАТО
За Грција е историска одлуката за Шведска и Финска да аплицираат во НАТО
Фирмата НИКОБ обезбедување оваа година одбележува 25 години од своето основање - Лазаров: НИКОБ е бренд во кој луѓето веруваат, внесовме квалитет, инвестиции и иновативност
Фирмата НИКОБ обезбедување оваа година одбележува 25 години од своето основање - Лазаров: НИКОБ е бренд во кој луѓето веруваат, внесовме квалитет, инвестиции и иновативност
Финска не сака нуклеарно оружје на своја територија, вели премиерката Марин
Финска не сака нуклеарно оружје на своја територија, вели премиерката Марин
Архиепископот Стефан: Му благодариме на Бога што наидовме на братољубиво разбирање кај патријархот Порфириј
Архиепископот Стефан: Му благодариме на Бога што наидовме на братољубиво разбирање кај патријархот Порфириј
Позната листата со барања на Турција за да дозволи влез на Финска и Шведска во НАТО
Позната листата со барања на Турција за да дозволи влез на Финска и Шведска во НАТО

(ВИДЕО) МИЦКОВСКИ ПРЕД ОДЕЊЕ ВО ЗАТВОР?!?! Проширена предистрагата за нивите на „ЕВН Електрани“ – дали претресот во станот на О.Т. е потрага по „мозокот“ на шемата?

Крајот на минатата година ја одбележа и случајот на финансиската полиција за сомнителни купопродажни зделки на ниви, кои на крај завршиле во сопственост на ЕВН Електрани. По трагите од јавно достапните податоци, „360 степени“ дојде до сознанија дека повеќе лица во Делчево и Берово, во септември купувале или добивале ниви на подарок за речиси веднаш да ги продадат и за 40 пати поскапо од пазарната цена на „ЕВН Електрани“ – фирма која сака да гради фотоволтаици.

Она што засега е непознато е кој е „мозокот“ на шемата, но и клучно – каде завршил ќарот кога, на пример, ниви проценети од локалните власти дека вредат 20 денари за метар квадратен беа продавани за 800 денари.

„Постои основано сомнение дека на крајот овие црни пари завршиле во белиот дворец“, изјави претходно пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

изјави претходно пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
„Јас ја охрабрив јавноста, Обвинителството и органите на прогон до детали да го истражат овој случај“,

рече неодамна во гостувањето на „360 степени“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Клопчето продолжува да се одмрсува.

Три месеци откако почна предистражната постапка за случајот со нивите за „ЕВН Електрани“, надлежните органи ги прошируваат дејствијата и на нови лица. „360 степени“ дознава дека пред неколку дена бил извршен претрес во стан во Скопје, сопственост на делчевец чиј идентитет и е познат на редакцијата, но во сторијата ќе го објавиме само со иницијалите – О.Т.

На директното прашање до Управата за финансиска полиција – дали кај О.Т. е извршен претрес и од кои причини, добивме одговор кој индиректно ги потврди нашите сознанија.

„Ве известуваме дека Управата за финансиска полиција презема дејствија во насока на обезбедување на дополнителни докази, а со цел докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела во предистражната постапка која е предмет на Ваш интерес, но во оваа фаза на предистражната постапка не сме во можност да споделиме повеќе информации“,

ни одговорија од Управата за финансиска полиција.
Нема детали каква е улогата на лицето О.Т. во случајот и што е пронајдено или одземено при претресот кај него.

Според јавно достапните податоци, О.Т. не е непознат за јавноста – неговите име и презиме ги има во повеќе јавно достапни бази на податоци. Во речиси сите примери, и приватно и професионално, има директни релации со партијата ВМРО-ДПМНЕ.

– О.Т. бил бизнис-партнер на Христијан Мицкоски. Заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е еден од основачите на фирмите кои потоа ќе изградат мали-електрани, бизнис од кој Мицкоски се повлече во 2019 година.

– О.Т. во медиумите е споменуван и како советник на Христијан Мицкоски.

– О.Т. е близок до ВМРО-ДПМНЕ и преку сопругата. Таа е високопозициониран член на Унијата на жени.

– О.Т. е на листата донатори на кампањата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје.

Иако е очигледна врската меѓу О.Т. и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, молкот од Финансиската полиција засега не ја открива и неговата улога во процесот „купи евтино – продај скапо на ЕВН“. Но, индиректната потврда или поточно отсуството на демант од Финансиската полиција дека лицето е дел од предистрагата, е уште една линија што случајот го води до опозициската партија.

Неспорните факти што досега ги објавивме се дека застапници на ЕВН Електрани во договорите за купопродажба на парцелите и во Делчево и во Берово се Мирослав Митровски и Игор Гиевски од Скопје. Гиевски е човек со политичка кариера – беше претседател на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ, а беше и советник во Град Скопје од редовите на оваа партија. За Митровски не е познато дека имал политичка кариера, но неговиот татко, Сокол Митровски, беше долгогодишен градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Делчево и продавачите се луѓе со тесни врски со ВМРО-ДПМНЕ. Едниот е поранешен или актуелен член на обезбедувањето на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, а другиот – поранешен советник во Делчево од ВМРО-ДПМНЕ.

И во случајот во Берово можеше да се најде политичка поврзаност кај продавачот. Според јавно достапните податоци, Дарко Ќ. е сопственик на бензинска пумпа во Делчево, но е овластено лице во уште една компанија, за чиј правен застапник се јавува адвокат – член на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на лидерот на партијата.

Првичната реакција на ВМРО-ДПМНЕ, кога „360 степени“ ги објави информациите до кои дојдовме преку проверка во Катастарот и други јавни книги, беше дека Управата води случај чија цел е закана кон пратениците на оваа партија

„Немам информации кои се инволвирани во таа предистрага и немам информации дали тие лица кои не се спомнати во јавност се или не се членови или активисти или поддржувачи на партијата“, изјави на 16 ноември минатата година,

рече претходно членот на Извршниот комитет на партијата, Стефан Андоновски.

Пред само десетина дена, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ја охрабрува истрагата, но алудираше на вмешаност на власта во приказната.

„Јас ја охрабрив јавноста, Обвинителството и сите други органи на гонење до детали да го истражат овој случај и секој оној кој се огрешил пред законот да одговара. Меѓутоа, во тие фирми коишто работат со ЕВН Електрани да не наидеме на фирма, во којашто порано бил сопственик сегашниот премиер. Да не се судриме со еден таков податок. Во луѓето кои ги продавале парцелите да не најдеме повеќе луѓе блиски на СДСМ, па тогаш да биде поинаку свртена приказната. Досега таква информација се нема појавено во јавноста. Еве истражете. Истражете кој го снабдува ЕВН Електрани со опремата која ја инсталираат како фотоволтаични централи во Македонија и со кои компании имаат склучено договор“.

– „Ова е друго прашање, ова е сосема друго за ова кое што ви зборувам. 40 пати поскапо продадено земјиште од реалното пазарното“.

– Еве проверете ги сите сопственици на земјиште од кое што е купено, да не излезат повеќе блиски лица кон СДСМ, отколку кон ВМРО, рече Мицкоски.

За случајот, Управата за финансиска полиција е во комуникација со Јавното обвинителство – Скопје, каде исто така има отворено предистрага. Но, се чини, квалитетот на таа комуникација не е на завидно ниво. Поминаа повеќе од два месеца откако финансиската полиција по втор пат побара замрзнување на имот во случајот, а обвинителството не одговара. Првото такво барање беше одбиено. Упатени извори, за „360 степени“, тогаш брифираа дека барањето е поднесено поради тоа што парите од препродажбата на нивните се пуштени во оптек.

На пример, едниот од продавачите на ниви, на почетокот на јануари, објави фотографија на неговиот Фејсбук профил, каде јавно се пофали дека купил кафеана во Делчево.

На прашањето зошто и после два месеци од доставеното второ барање на Финсиската полиција за замрзнување на имотот се уште не се изјасниле, од скопското Обвинителството одговорија:

„Предметот за кој покажувате интерес кон крајот на декември 2021 година е доставен на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Надлежниот јавен обвинител во моментов ги проучува прибраните докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување“,

ни одговорија од скопското јавно Обвинителство.

Своја, внатрешна ревизија за случајот, водеше и ЕВН Македонија. Независната истрага на компанијата не откри „внатрешни неправилности“ во тоа што купиле ниви кои вредат 20 денари за квадрат, а фирмата ги платила 40 пати поскапо.

„Независното вештачење покажа дека не се констатирани внатрешни неправилности во процесот на набавки. Цената платена за земјиштето се покажа како разумна со оглед на намената, локацијата и можноста за пристап до мрежата. А што се случувало пред „ЕВН Електрани“ да го купи земјиштето, не е во наша надженост и не е под наша внатрешна истрага“,

се вели во одговорот од „ЕВН Македонија“.

Продажбата на парцелите на ЕВН Електрани во Беровско–делчевскиот регион се дел од иста предистражна постапка. Случајот се обзнани на 11 ноември, денот кога требаше да се гласа недоверба на владата во Собранието. Истражувањата на „360 степени“ покажаа дека лицата кои ги продале нивите, ги добиле на подарок или ги купиле за багателни цени непосредно пред продажбата кон ЕВН, а целиот процес се одвивал во деновите и неделите пред стартот на кампањата за локалните избори.

loading...

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao Attack on Titan (Dub)

watch anime online My Hero Academia Season 2 (Dub)

Komi Can’t Communicate Episode 12

DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 16

DARLING in the FRANXX

tải go88