Новинарот Горан Михајловски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека договорот меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши бил за стабилизирање на политичката сцена.
„Ако овој договор, покрај сите контроверзии што го следеа потпишувањето на тој договор, пред тоа преговорите и обидот за уривање на оваа Влада, ако целта беше да се постигне ова парламентарно мнозинство за да имаме стабилно парламентарно мнозинство во Собранието, тогаш да – овој договор беше потребен“, посочи Михајловски.
Во студиото гостуваат и новинарите Газменд Ајдини и Ерол Шаќири.