(ВИДЕО) БОМБА ОД БИХАЧКА: Со 50 милиони евра градиме откупно-диструбитивни центри во Скопје, Ресен и Струмица, продолжуваме со инвестиции во земјоделството
(ВИДЕО) БОМБА ОД БИХАЧКА: Со 50 милиони евра градиме откупно-диструбитивни центри во Скопје, Ресен и Струмица, продолжуваме со инвестиции во земјоделството
ЗЛАТКО МАРИН: Некогашната фонтана во близина на ТЦ „Бисер“ ја претворивме во прекрасно катче хортикултурно уредено со најразлични цвеќиња и зимзелени дрвја.
ЗЛАТКО МАРИН: Некогашната фонтана во близина на ТЦ „Бисер“ ја претворивме во прекрасно катче хортикултурно уредено со најразлични цвеќиња и зимзелени дрвја.
ЗПВ Николовски : Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет и да ја оставиме оваа тешка здравствена криза зад нас
ЗПВ Николовски : Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет и да ја оставиме оваа тешка здравствена криза зад нас
ФИТР и ПроКредит Банка потпишаа меморандум за соработка со кој обезбедуваат полесен пристап до финансирање на иновативните компании, најголем број услуги обезбедуваме за стартап компаниите
ФИТР и ПроКредит Банка потпишаа меморандум за соработка со кој обезбедуваат полесен пристап до финансирање на иновативните компании, најголем број услуги обезбедуваме за стартап компаниите
ЗАЕВ: ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ Е ПРЕДЛОГ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, СЕ РАБОТИ ЗА ОКОЛУ 50 000 КУЌИ НА СИРОМАШНИ ГРАЃАНИ КОИ НЕМАЛЕ ПАРИ ЗА ЕЛАБОРАТ
ЗАЕВ: ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ Е ПРЕДЛОГ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ, СЕ РАБОТИ ЗА ОКОЛУ 50 000 КУЌИ НА СИРОМАШНИ ГРАЃАНИ КОИ НЕМАЛЕ ПАРИ ЗА ЕЛАБОРАТ
Анализа: Правила, протоколи, услови и мерки за патување и престој во Грција
Анализа: Правила, протоколи, услови и мерки за патување и престој во Грција
(ВИДЕО) БОГДАНОВИЌ: ОРЦЕ НИКОЛОВ ЌЕ БИДЕ УЛИЦА КАКВА НЕМА ВО ЗЕМЈАВА, ВЕЛО ПАТЕКИ, ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ, СМАРТ ЛЕД КАНДЕЛАБРИ, СЕНЗОРИ ЗА СЛОБОДЕН ПАРКИНГ САМО ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦАТА, ВАКВИ УШТЕ 10 УЛИЦИ ЌЕ ИМА ВО ЦЕНТАР!

(ВИДЕО) Заев: Мицотакис разви неколку идеи за тргање на бугарската блокада и помош на нашиот пат кон ЕУ
(ВИДЕО) Заев: Мицотакис разви неколку идеи за тргање на бугарската блокада и помош на нашиот пат кон ЕУ

(ВИДЕО) Милевски: И покрај кризата реализиравме многу проекти, наша цел се функционални и транспарентни општини

Министерството за локална самоуправа не застана во спроведувањето на планираните активности иако и здравствената криза и изборите го направија процесот посложен, сепак клучните проекти се реализираат во континуитет, со голема поддршка од Амбасадата на Швајцарија, УНДП и Делегацијата на Европската Унија, го потврди сработеното за изминатите 100 дена од вториот мандат, министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

– Врз основа на претходно спроведената оценка на имплементацијата на Стратегијата за регионален развој, подготвивме нова Стратегија за наредниот десетгодишен период и нов Закон за рамномерен регионален развој, кои што веќе се усвоени од Владата. Создавање на поволно опкружување од страна на централната и на локалните власти за домашните и странски вложувања. Приоритет ни е обезбедување на одржлив систем на финансирање на општините со што ќе се зголеми нивното директно влијание на локалниот економски развој и вработувањето, појасни тој.

Според Милевски реализирани се нови 8 инвестициски и 8 иновативни проекти во сите 8 плански региони во вредност од 1,5 милиони швајцарски франци, средства од Буџетот и од швајцарската Влада. Зголемен е капацитетот и подобрени се условите во домот за згрижување на стари лица во Берово, целосно е реконструиран и адаптиран ученичкиот дом во Куманово, подобрени се условите за живеење и учење на 120 ученици, создадени се услови за ученици со лесна физичка попреченост и за згрижување на жртви на семејно насилство.

– Исто така опремивме сензорни соби во Кочани, Штип и во Делчево за психофизички развој на децата со потешкотии во развојот, набавивме опрема за стекнување на вештини и професионално оспособување и реинтеграција на маргинализирани лица во Југоисточниот плански регион, го реновиравме и обезбедивме греење на базенот за рехабилитација во болницата Св. Еразмо во Охрид, вели Милевски.

На листата успешни проекти се и инсталираните 23 агрометеролошки станици во сите 10 општини во Југоисточниот плански регион како и комплетниот ремонт на агрометеоролошките станици во Пелагонискиот плански регион. Поставени се пластикмати за рециклирање на отпад во Североисточниот плански регион, реконструирано и доградено е полетувалиштето за параглајдеристи во Крушево за развој на авантуристистички туризам во Пелагонискиот плански регион, а по 40 години целосно се реконструирани двата ски лифтови на Пониква во должина од 692 метри,за развој на туризмот во Источниот плански регион.

– Во исто време имплементираме нови 26 проекти за рамномерен развој на 8-те плански региони во вредност од 321 580 000 денари, 18 проекти за развој на подрачјата со специфични развојни потреби во вредност од 36 000 000 денари и 14 проекти за развој на селата во вредност од 15 460 000 денари, за подобра комунална и патна инфраструктура, сите финансирани од Буџетот на државата. Пред еден месец го објавивме третиот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија во вкупна вредност од скоро 5 милиони евра. Повикот е отворен до 15 февруари. Во рамките на оваа ИПА Програма досега се реализирани 14 проекти во вкупна вредност од околу 6 милиони евра, дополни тој.

Според Милевски во напредна фаза е процесот на програмирање на ИПА 3 за подготовка на новите Програми за прекугранична соработка на Северна Македонија со Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Србија и на Програмата Балкан-Медитеран. Со надлежните министерства од соседните земји веќе ги идентификуваме и стратешките проекти за наредниот програмски период. Делегацијата на ЕУ објави јавен повик за проекти “ЕУ за општините”, во вредност од 5 милиони евра. Националното кофинансирање на проектите ќе се реализира преку Министерството за локална самоуправа, за што веќе се планирани средства во Буџетот за наредната година.

– Годината ја завршуваме со нова Програма за локален развој и децентрализација 2021-2026 година. Во моментов се одвива широк консултативен процес во кој учествуваат претставници на надлежните министерства, институции и граѓанскиот сектор. Уште во претходниот мандат Владата искажа политичка подготвеност за продолжување на процесот на децентрализација и финансиско консолидирање на општините. Во новиот мандат одиме кон подобрување на финансиската стабилност и самостојност на општините со воведување на систем за воедначување, како поддршка на помалите и посиромашни општини и систем за перформанси или наградување на поуспешните, Подобрување на локалните административни услуги преку поголема дигитализација, подобрување на комуналните услуги преку поголемо инвестирање во комуналната инфраструктура и подобрување на функционалноста на јавните комунални претпријатија, подобрување на социјалните услуги преку редефинирање на блок дотациите. Попрецизно дефинирање и зајакнување на улогата на општините во одговорот на кризи. Имаме големо искуство од КОВИД кризата и решенија како може да се функционира на уште подобар начин. И она што е особено важно, подобрување на транспарентноста, отчетноста и поголема вклученост на граѓаните, затоа што локалната демократија е најважна за локалната самоуправа, потенцираше Милевски.

loading...

AniWatch anime websites: Hunter x Hunter (Dub) Episode 148

4Anime heroes rising 4anime: The Rising of the Shield Hero (Dub) (https://4anime.biz/m/Xv4q) Episode 25