Важно е сите заедно да покажеме грижа кон децата и наставата да почне и покрај сите предизвици. За сите актуелни прашања поврзани со стартот на учебната година денес разговаравме на состанок со наставниците од ОУ “Невена Георгиева Дуња”. На наставниците им реков дека министерството и јас лично ќе им бидам поддршка за да обезбедиме учење во време на пандемија.
На состанокот присуствуваа и заменик-министерот Арафат Шабани, градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Изјави на министерката Царовска и претседателот на СОНК Неделков
Posted by MИА.mk on Четврток, 24 септември 2020