ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА – ЛЕТНА РАБОТА ВО АМЕРИКА
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА – ЛЕТНА РАБОТА ВО АМЕРИКА
КОГА УЧИТЕЛКАТА ТИ Е ВМРОВКА АМА ОД ГРУЕВАТА АНТИЧКА ПРОВИНИЕНЦИЈА
КОГА УЧИТЕЛКАТА ТИ Е ВМРОВКА АМА ОД ГРУЕВАТА АНТИЧКА ПРОВИНИЕНЦИЈА
ДОБРИ ВЕСТИ: Кај 94% од корисниците на ретровисурна терапија, ХИВ вирусот во крвта бил целосно потиснат
ДОБРИ ВЕСТИ: Кај 94% од корисниците на ретровисурна терапија, ХИВ вирусот во крвта бил целосно потиснат
Владата денеска на 112-та седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив

ФОТКА НА ДЕНОТ: СКОПСКО ЗИМСКО ЗАЈДИСОНЦЕ
ФОТКА НА ДЕНОТ: СКОПСКО ЗИМСКО ЗАЈДИСОНЦЕ
Директорот на ФЗОМ најавува тужба ако се утврди дека е „чист“
Директорот на ФЗОМ најавува тужба ако се утврди дека е „чист“
ЕКО СВЕСТ: Исфрлањето на пластичните кеси ќе има долгорочно позитивно влијание врз намалувањето на отпад од пластика и загадувањето на животната средина
ЕКО СВЕСТ: Исфрлањето на пластичните кеси ќе има долгорочно позитивно влијание врз намалувањето на отпад од пластика и загадувањето на животната средина
ДУИ и СДСМ имаат договор да ја водат државата 4 години, тврди Груби
ДУИ и СДСМ имаат договор да ја водат државата 4 години, тврди Груби

(ВИДЕО) Министерката Шахпаска на дебата посветена на рабоничките права во време на корона на Текстилијада во Штип

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на дебатата насловена “Работнички права за време на корона – Корона права”, во склоп на тридневната Текстилијада во Штип, организирана од страна на Здружението на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници „Гласен Текстилец“.

Почитувањето на работничките права на текстилните работници и работнички во време на пандемијата со КОВИД 19, беше темата на овогодинешната Текстилијада .

Како почесен гостин –говорник на денешната дебата беше претседателот на Република Северна Македонија , г-дин Стево Пендаровски, кој го посочи значењето на ваков тип на дебати кои имаат за цел унапредување на работничките права преку отворен и широк социјален дијалог во интерес на засегнатите страни.

Министерката Шахпаска зборуваше за предизвиците кои ги донесе пандемијата од КОВИД 19 и политиките и мерките преземени од Владата на Република Северна Македонија , со цел поддршка и помош на компаниите, зачувувањето на работните места и граѓаните, особено најранливите категории.

Таа истакна дека четвртиот пакет економска помош граден заедно со претставници од сите засегнати страни, синдикатите, работодавачите и Владата има за цел полесно премостување на кризата предизвикана од корона висрусот која освен здравствени, остава зад себе и економски последици.

„Овој пакет повторно ќе ги адресира проблемите на компаниите и ќе биде насочен кон помагање на работниците, но пристапот е различен.Овојпат помошта која ќе ја дава државата ќе биде скалеста. Оние компании кои имаат сериозна загуба ,ќе добијат поголема парична помош до 21.000 денари, а оние со помала загуба 14.500 денари. Тоа е пакет од 57 милиони евра кој државата директно го вбризгува во компаниите и на тој начин овозможува работниците да останат на своите работни места“, посочи Шахпаска.

Таа истакна и дека Оперативниот план за активни мерки кој го креира Владата оваа година е 78% реализиран. Што значи дека и во време на КОВИД 19, Агенцијата за вработување ги троши паричните средства одвоени од Буџетот минатата година во износ од 1,3 милијарди денари.

Министерката го посочи Законот за спречување и заштита од дискриминација кој е во собраниска процедура како особено значаен во делот во борбата против дискриминација на работниците врз било која основа.

„Продолжуваме со борбата за еднаквост, за зачувување на работничките права и борбата против мобингот“,порача Шахпаска.

loading...