Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат
Ристевска – Јорданова: Во ЕП Македонија доби позитивна оценка за реформите, силно е инсистирањето преговорите да почнат
Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска
Бајден на средба со лидерите на Шведска и Финска
Петровска ги посети студентите на АУЕ ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: практичната настава е значајна за квалитетно образование
Петровска ги посети студентите на АУЕ ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: практичната настава е значајна за квалитетно образование
За Грција е историска одлуката за Шведска и Финска да аплицираат во НАТО
За Грција е историска одлуката за Шведска и Финска да аплицираат во НАТО
Фирмата НИКОБ обезбедување оваа година одбележува 25 години од своето основање - Лазаров: НИКОБ е бренд во кој луѓето веруваат, внесовме квалитет, инвестиции и иновативност
Фирмата НИКОБ обезбедување оваа година одбележува 25 години од своето основање - Лазаров: НИКОБ е бренд во кој луѓето веруваат, внесовме квалитет, инвестиции и иновативност
Финска не сака нуклеарно оружје на своја територија, вели премиерката Марин
Финска не сака нуклеарно оружје на своја територија, вели премиерката Марин
Архиепископот Стефан: Му благодариме на Бога што наидовме на братољубиво разбирање кај патријархот Порфириј
Архиепископот Стефан: Му благодариме на Бога што наидовме на братољубиво разбирање кај патријархот Порфириј
Позната листата со барања на Турција за да дозволи влез на Финска и Шведска во НАТО
Позната листата со барања на Турција за да дозволи влез на Финска и Шведска во НАТО

(ВИДЕО) Министерот Спасовски во посета на реконструиран објект на ОВР Радовиш, вкупно досега се реновирани 73 полициски станици во земјава

Денеска, (27.04.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше во работна посета и увид на 73. реконструиран објект на Одделението за внатрешни работи Радовиш, односно беше пуштен во употреба четвртиот реновиран објект на МВР во рамки на првите 100 дена од работењето на оваа Влада, а воедно беа започнати свечените активности по повод чествувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција.

Министерот Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, во присуство на Градоначалникот на Општина Радовиш, Ацо Ристов, изврши разгледување на реновираниот објект на ОВР Радовиш и притоа оствари средба со раководството на оваа организациона единица и СВР Струмица, на којашто беше констатирано дека безбедносната состојба на подрачјето на ОВР Радовиш за 2021 година е исклучително поволна, како во делот на криминалитетот така и во делот на јавниот ред и мир и сообраќајот.

„Овде би кажал дека значително е намалувањето на бројот на кривични дела кои се гонат по службена должност, за разлика од 2020 година кога биле пријавени 371 кривично дело, во 2021 година тој број е 243, односно бележиме намалување за 22%. Ефикасноста во реализирањето на делата е 52 %. И во делот на сообраќајот во 2021 година бележиме намалување на бројот на случени сообраќајни незгоди за 9.8 %, за разлика од 2020 година кога биле случени 106 сообракајни незгоди, во 2021 година се случиле 87,” изјави министерот Спасовски, при што нагласи дека на подрачјето на ОВР Радовиш во 2021 година не е случена ниту една сообракајна незгода во која имало смртни последици.

За време на посетата на ОВР Радовиш, министерот Спасовски изврши увид во завршените градежни и градежно-занаетчиски работи на објектот коишто беа започнати кон средината на септември минатата година.

„Со оглед на временските услови и обемноста на комплетните активности, навремено и квалитетно се извршени сите градежни активности, за што издвоивме околу 29.220.000 денари од Буџетот на МВР, а притоа се водевме од политиката на Владата во насока на грижа за енергетската ефикасност, со цел намалување на загадувањето и зачувување на здрава животна средина,” информираше министерот Спасовски.

Со оглед на претходната состојба на објектот на ОВР Радовиш извршени се повеќе градежно-занаетчиските работи и тоа: во делот на кровната конструкција направена е нејзина комплетна санација, заменети се старите со нови ПВЦ прозорци, заменети се внатрешните со нови дрвени и алуминиумски врати, извршена е промена на санитарните јазли, комплетната санитарија, поставен е нов ламинат во канцелариите, изработена е нова термоизолациона фасада со акрилен завршеток на целиот објект, поставена е рампа за хендикепирани лица. На целиот објект е поставена нова електрична инсталација како и видео надзор на објектот и направена е корекција на инсталацијата за парно греење, со што се создадоа услови за одвојување од заедничкиот систем за греење со Општината Радовиш.

Министерот Спасовски истакна дека МВР продолжува со несмален интензитет со подобрувањето на материјално-техничката и инфраструктурна опременост на полицијата и оваа 2022 година и тоа во Центарот за обука Идризово, Одделот за граѓански работи во МРТВ, како и со изградбата на нова полициска станица „Аеродром“ при СВР Скопје.

loading...

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

english dubbed anime Attack on Titan Season 3 Part 2

animes online 4Anime Horimiya

watch animes 4Anime Hunter x Hunter (2011) (Dub)

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2

4Anime Record of Ragnarok

tải go88