Спортската сала во ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци од денеска и официјално е предадена во функција. Истата се изгради за помалку од една година и сега учениците ќе имаат можност наставата по физичко образование да ја изведуваат во овој објект. Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека како влада и министерство се насочени да се подигне квалитетот во основното и средното образование. Градоначалникот Митко Јанчев истакна дека ова е последна спортска сала во училиштата во градот и во наредниот период ќе се започне со изградба на вакви објекти и во подрчаните училишта.
