Оперативно-тактичка вежба „Пролет-22” – втор дел во сала Борис Трајковски
Меѓународен спортски натпревар, од висок ризик, со најавено присуство на ВИП лица како и присуство на организирани и неорганизирани навивачки групи – презентирани се повеќе постапки, методи и тактики при справување со навивачки групи во спортски објекти, евакуација на ВИП личности, справување со заложничка ситуација и терористички закани и предизвици.
Состојбата е следна: во салата натпреварот е отпочнат, присутни се две навивачки групи, припадници од агенциија за обезбедување, полициски службеници од ЕБР, ПЕП и ЕИП, ВИП лицата, обезбедувани од припадници на Одделот за обезбедување на определени лица и објетки а во поширок периметар на трибината од припадници на Одделот за крим полиција при СВР Скопје.
▶️Поради незадоволството од судиска одлука, навивачките групи започнуваат со недолично однесување, на теренот фрлаат шишиња и други предмети, по што делегатот носи одлука за прекин на натпреварот и празнење на трибините. Припадниците од ОЗОЛО во координација со САЕ Тигар веднаш вршат евакуација на ВИП лицата.
▶️Навивачките групи сместени во Блок 12 и Блок 14, не сакаат да ја напуштат салата, по што следи празнење на блоковите преку координирана интервенција на Единицата за обука и поддршка, Единицата за интервентна полиција и Единцата за брзо распоредување.