БРАВО - Османи приреди коктел за дијаспората и им порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата
БРАВО - Османи приреди коктел за дијаспората и им порача дека својот мандат ќе го посвети на создавање услови за секој кој има желба да може да се врати во државата
СДСМ ПРИЛЕП - Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
СДСМ ПРИЛЕП - Денеска се навршуваат 64 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто
БРАВО - СПАСОВСКИ ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО: ЗА ЕДНА ГОДИНА УАПСЕНИ БЛИЗУ 500 КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА
БРАВО - СПАСОВСКИ ГО СОТРЕ ПОДЗЕМЈЕТО: ЗА ЕДНА ГОДИНА УАПСЕНИ БЛИЗУ 500 КРИМИНАЛЦИ БАРАНИ СО ПОТЕРНИЦА
Заев: Во првиот круг ќе одиме секој сам, а после ќе се поддржиме со ДУИ, БЕСА и со ДПА
Заев: Во првиот круг ќе одиме секој сам, а после ќе се поддржиме со ДУИ, БЕСА и со ДПА
Вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев го промовираа новиот Национален Геопортал – Со само еден клик граѓаните и стопанството може да пристапат до огромен број на просторни податоци
Вицепремиерот Битиќи и директорот Тунџев го промовираа новиот Национален Геопортал – Со само еден клик граѓаните и стопанството може да пристапат до огромен број на просторни податоци
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој
(ВИДЕО) Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од вторник, 27.07.2021 година, ќе започне со исплата на пензиите за месец јули
Почитувани, ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје од вторник, 27.07.2021 година, ќе започне со исплата на пензиите за месец јули
(ВИДЕО) СКОПЈЕ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК
(ВИДЕО) СКОПЈЕ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) НАШИТЕ ИСТОРИЧАРИ ГО КРИЈАТ ОВА 70-ГОДИНИ ОД МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ: БУГАРСКАТА ВОЈСКА СО НАД 340 000 ВОЈНИЦИ УЧЕСТВУВАЛА ВО ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ, ЦЕЛА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА, НИШ И БЕЛГРАД ОД ГЕРМАНЦИТЕ!!!

* реклами —————————————————————————————————————————————–

—————————————————————————————————————————————————

На 9 септември 1944 година, по доаѓањето на Црвената Армија до нејзините граници, владата во Бугарија била сменета, а земјата престанала да биде сојузник на нацистичка Германија и станала сојузник на СССР. По промената на страните и до крајот на војната во мај 1945 година, бугарската војска учествувала во операции на страната на сојузниците, борејќи се против германската војска која останала како окупатор на Балканот заедно со советските војници и југословенските партизани.

Веднаш по капитулацијата на Бугарија, на Македонците кои биле регрутирани во бугарската армија и по процедура служеле во најисточниот дел од земјата, им било овозможено да се вратат дома и да се придружат на Народноослободителната војска на Југославија и партизанските одреди (НОВ и ПОЈ). Два месеци подоцна, дел од нив директно учествувале во борбите за ослободување на Скопје кои завршиле на 13 ноември 1944 година.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————–

Генерал Владислав Стоијчев салутира на бугарските, советските и партизанските војници во Белград

Бугарската бригада Гоце Делчев во ослободувањето на Скопје од Германците.

Бугарските војски во походот за ослободување на Ниш, Белград…

Генерал Стојчев како единствен странски генерал кој присуствува на прославата на црвениот плоштад во Москва каде се слави победата над фашизмот.

* реклами —————————————————————————————————————————————–

————————————————————————————————————————————————————
Во периодот од почеток на септември до крајот на ноември 1944 година во бугарската политика спрема Македонија, Тракија и Поморавјето настапуваат нагли и драматични пресврти кои се поврзани со воено повлекување и повторно воено навлегување во овие области.

На 6 септември 1944 година во штабот на Петтата бугарска армија била примена наредба сите делови да се соберат на 9 септември во Прилеп и да се движат источно од реката Вардар. Во меѓувреме, командантот генерал Александар Попдимитров склучил договор, на 7 септември 1944 година со германскиот штаб во Скопје, за „симболична војна“ на двете земји во Македонија. Ова негово дејствување ги деморализирало бугарските војници и одиграло фатална улога. Така започнало повлекувањето на Петтата бугарска армија од Македонија, што било дезорганизирано и хаотично и многу војници биле уапсени од Германците. Само 17-та пешадиска дивизија, која се наоѓала најблиску до бугарска граница успеала целосно да се повлече, а 15-та дивизија единствено се спротивставила и водела борби со Германците во Битола и Прилеп, а потоа се повлекла во мали групи кон Бугарија.

Македонците и нивните сојузници, југословенските партизани, без оглед на новата состојба во Софија, кон бугарската држава се однесувале како кон непријателска сила, имајќи го на ум фактот дека Бугарите биле сојузници на фашистите.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

———————————————————————————————————————————————————

Во текот на ноќта на 8 спрема 9 септември во услови кога започнала советска окупација, левите офицери ги презеле клучните пунктови во Софија. Така во пракса, воените дејствија против Германците почнуваат по доаѓањето на власт на владата на Татковинскиот фронт на 9 септември. Тој бил предводен од Кимон Георгиев од политичкиот круг „Звено“ коj веднаш потпишал примирје со Советскиот Сојуз. Во таква ситуација како најголем стабилен партнер на новата влада се јавил т.н. „Национален комитет за ослободување на Југославија“.

Како резултат на тоа, на 5 октомври 1944 година во Крајова, Романија се склучил договор за воена соработка меѓу Бугарија и претставници на отпорот од окупирана Југославија.[1][2] Во меѓувреме, Бугарија се повлекла и од централните делови на Егејска Македонија кон крајот на август. Неjзните воjски изградиле одбранбена линија по старата граница на окупаторска зона во Грциjа (1941-1943 г.) по бреговите на Струма до Егејското Море. По овоj правец во средината на септември таа успешно организирала неколку мали напади на германските војски.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

———————————————————————————————————————————————————

По превратот новата власт не дала наредба за повлекување на бугарските војници од источна Егејска Македонија и Западна Тракија, надеваjќи се да ги зачува како „бугарски земји“. На 6 октомври, сепак, Сталин му соопштил на Георги Димитров дека бугарските војски треба да се повлечат оттаму, бидејќи тоа е еден од условите на Велика Британија, териториии биле предадени на македонските и грчките партизани од ЕЛАС. На 28 октомври било потпишано т.н. „Московско примирје“ со СССР, САД и Велика Британија во Москва.

Учеството на Бугарската народна армија во ослободувањето на Македонија
На 18 септември 1944 година бугарската војска се потчинила на командантот на III-ти Украински фронт на чело со маршал Фјодор Толбухин. Мобилизирањето на бугарската армија (преименувана во Бугарска народна армија) започнало на 18 септември, а завршило кон крајот на истиот месец. Пред бугарската армија, како дел од силите на советскиот III-ти Украински фронт, се поставила задачата да го обезбедува левото крило на Црвената армија, да ги притисне германските сили во Србија и Вардарска Македонија и да го прекине патот за повлекување на германските армии од Грција по долините на реките Морава, Вардар и Ибар.[3][4] Бугарската воена група била во јачина од 10 дивизии, 8 бригади и други војничкиот сили, кои се состоеле од околу 340,000 души.[5]

Од 8 до 14 октомври 1944 година бугарските војски со согласност на Националниот комитет за ослободување на Југославија, Президиумот на АСНОМ и Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија учествуваат во Нишката операција – во која била поразена VII СС дивизија, а градот Ниш бил ослободен. Од 8 октомври до 19 ноември во бугарските сили учествувале во Страцинско-кумановската операција – кога биле ослободени Страцин, Куманово и Скопје. Во исто време се водела и Брегалничко-струмичката операција, и како резултат на неа биле ослободени Делчево, Кочани, Штип, Струмица, Велес и други населби.

* реклами ——————————————————————————————————————————————-

—————————————————————————————————————————————————

Од 21 октомври до 30 ноември се одржала Косовската операција, во текот на која биле ослободени градовите Подуево, Приштина, Косовска Митровица, Рашко и Нови пазар. Насекаде македонските и југословенските партизани соработувале со Бугарската народна армија, но со тешкотии и недоволно разбирање.[6].

Под притисок на македонските политички водачи и нивните југословенски сојузници по ослободувањето на Вардарска Македонија и Поморавјето, Втората и Четвртата армија се принудени да се повлечат назад во Бугарија, а само Првата бугарска армија била оставена на располагање на Третиот украински фронт и продолжила кон Белград.

loading...