ВМРОВСКА РАБОТА - ОЈО ОТВОРИ ИСТРАГА: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПЕТРОВЕЦ За 6 ГОДИНИ ПРЕКУ ЛАЖНИ ФАКТУРИ ИСПУМПАЛ 500 000 ЕВРА ОД ОПШТИНАТА НА СМЕТКА НА ФИРМА ВО СОПСТВЕНОСТ НА СВОЈОТ БРАТ
ВМРОВСКА РАБОТА - ОЈО ОТВОРИ ИСТРАГА: ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПЕТРОВЕЦ За 6 ГОДИНИ ПРЕКУ ЛАЖНИ ФАКТУРИ ИСПУМПАЛ 500 000 ЕВРА ОД ОПШТИНАТА НА СМЕТКА НА ФИРМА ВО СОПСТВЕНОСТ НА СВОЈОТ БРАТ
ЕДЕН ДЕН ПО ОДЛУКАТА НА СПЦ ДА ЈА ПРИЗНАЕ МПЦ: Брнабиќ утре доаѓа во Скопје
ЕДЕН ДЕН ПО ОДЛУКАТА НА СПЦ ДА ЈА ПРИЗНАЕ МПЦ: Брнабиќ утре доаѓа во Скопје
(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ИМ НАРЕДИ НА БОРЦИТЕ ВО АЗОВСТАЛ ДА СЕ ПРЕДАДАТ: НИ ТРЕБААТ ЖИВИ ХЕРОИ А НЕ МРТВИ, ЌЕ ИМ ГИ СПАСИМЕ ЖИВОТИТЕ
(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ИМ НАРЕДИ НА БОРЦИТЕ ВО АЗОВСТАЛ ДА СЕ ПРЕДАДАТ: НИ ТРЕБААТ ЖИВИ ХЕРОИ А НЕ МРТВИ, ЌЕ ИМ ГИ СПАСИМЕ ЖИВОТИТЕ
(ВИДЕО) БОМБА НА ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ: КАТИЦА И БОКИ СЕ ДОГОВОРЕНИ СО ЗАЕВ, ДА ОДЛЕЖАТ 10 ГОДИНИ ПА ЌЕ ГИ ПУШТАТ!
(ВИДЕО) БОМБА НА ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ: КАТИЦА И БОКИ СЕ ДОГОВОРЕНИ СО ЗАЕВ, ДА ОДЛЕЖАТ 10 ГОДИНИ ПА ЌЕ ГИ ПУШТАТ!
(ВИДЕО) БОМБА НА ИСТОРИЧАРОТ ЧЕПРЕГАНОВ: ИМА МНОГУ ЛАГИ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, БУГАРИЈА ТРЕБА ДА НИ ДАДЕ ВРЕМЕ ТОА ДА ГО ИСПРАВИМЕ, НЕ МОЖЕ НАЕДНАШ ДА СЕ ИСПРАВИ НЕШТО ШТО СЕ ТРУПАЛО 100 ГОДИНИ
(ВИДЕО) БОМБА НА ИСТОРИЧАРОТ ЧЕПРЕГАНОВ: ИМА МНОГУ ЛАГИ ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, БУГАРИЈА ТРЕБА ДА НИ ДАДЕ ВРЕМЕ ТОА ДА ГО ИСПРАВИМЕ, НЕ МОЖЕ НАЕДНАШ ДА СЕ ИСПРАВИ НЕШТО ШТО СЕ ТРУПАЛО 100 ГОДИНИ
КОЈ МОЖЕШЕ ОВА ДА ГО ПОВЕРУВА - АМБАСАДОРИТЕ НА ФИНСКА И ШВЕДСКА НЕ МОЛАТ ДА ИМ ДОЗВОЛИМЕ ДА ВЛЕЗАТ ВО НАТО - ПЕНДАРОВСКИ: Ја поздравувам одлуката на Шведска да поднесе барање за членство за прием во НАТО

Порака од претседателот Стево Пендаровски по повод 17 Мај – Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата
Порака од претседателот Стево Пендаровски по повод 17 Мај – Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата
Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта – Скопје по налог на Град Скопје изминатиов период интензивно работеа на обнова на избледената хоризонтална сигнализација на такси станиците на градските сообраќајници

(ВИДЕО) НАТО штити, обединува и зацврстува – одбележано вклучувањето на небото на Северна Македонија во системот за воздухопловно патролирање на НАТО

Со денешната воздухопловна вежба на аеродромот во Петровец која вклучуваше НАТО авион Авакс, грчки ловци Ф-16 и државниот авион Лирџет, денеска беше одбележано вклучувањето на небото на Северна Македонија во системот за воздухопловно патролирање на Алијансата.

На настанот кој практично покажа како се реализира НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над Северна Македонија присуствуваа министри во Владата, пратеници во Собранието и претставници на воено-дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадорката на САД, Кејт Брнз и грчкиот амбасадор Русос Кундурос.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска пред присутните порача дека на денешниот настан може во реалноста да се види што значи НАТО да заштитува, да обединува и да зацврстува.

„Тука на аеродромот во Петровец можевме да видиме како изгледа НАТО мисијата за воздушно патролирање на небото над Северна Македонија со што и нашиот воздушен простор целосно се приклучи во системот на НАТО воздушното патролирање и од денеска да можеме да кажеме дека безбедноста на нашето небо е дел од НАТО безбедноста“, рече министерката Шекеринска.

Министерката истакна дека Северна Македонија беше сигурен партнер на Алијансата, а сега е сигурен сојузник во НАТО на кој може да му се верува.

„Успеавме во најкус временски период да ја завршиме воената интеграција со НАТО и затоа продолжуваме и понатаму да го зголемуваме нашето одбранбено буџетирање, финансирањето на нашите одбранбени способности, но и да го зголемуваме нашиот придонес кон регионалната безбедност. Заедно сме посилни, тоа беше нашето мото, нашата мотивација да станеме членка на НАТО. Денеска можевме да видиме дека таа гаранција и тоа членство значи поголема безбедност и сигурност за сите наши граѓани како на земја, така и во воздух“, рече таа.

Шекеринска се заблагодари на нашите грчки сојузници кои покажаа подготвеност со свои капацитети да го заштитуваат нашето небо, што е приказ за тоа како треба да соработуваат две соседни, пријателски и сојузнички земји.

Командантот на Комбинираниот воздухопловен оперативен центар во Торехон, Шпанија, генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака, кој пристигна со авионот Авакс истакна дека земјава треба да биде горда што соработува заедно со останатите земји во НАТО и ја унапредува регионалната стабилност и безбедност.

„Од 2020 година, кога Северна Македонија официјално пристапи во НАТО, бевте во можност да се прилагодите на НАТО, преку инкорпорирање на многу нови процедури, а сега ги постигнавте резултатите. Мора да се гордеете со вашата работа. Убеден сум дека ќе го одржувате истото ниво на успех во корист на сите земји“, рече генералот Де Ла Круз Каравака.

НАТО воздухопловното патролирање е клучен дел од колективната одбрана, што служи како столб на Алијансата и овозможува ист стандард на обезбедување на небото на секоја од земјите – членки. Оваа мисија не се фокусира на една специфична закана, туку е една од основните алатки за зачувување на безбедноста на НАТО. Преку континуирано воздухопловно набљудување и патролирање, воздухоплови на НАТО во само неколку минути можат да одговорат на секаков вид на несигурност на небото на Алијансата. Годинава се одбележува 60-годишнина од почетокот на воздухопловното патролирање на НАТО над европското небо.

loading...

free anime online. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

english anime Horimiya (Dub)

watch anime Dragon Ball Super

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2 Episode 10

stream anime online Attack on Titan Season 3 Part 2

AnimeDao JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable

tải go88