СЕМЕЈНАТА ТАЈНА НА КАНДИДАТОТ НА ВМРО ВО ОХРИД: ТАТКОТО НА КИРИЛ ПЕЦАКОВ ПРЕД 10 ГОДИНИ ГО УНИШТИЛ ВМРО ДПМНЕ ВО ОХРИД КАКО КАНДИДАТ НА ЛИГА ЗА ДЕМОКРАТИЈА!
СЕМЕЈНАТА ТАЈНА НА КАНДИДАТОТ НА ВМРО ВО ОХРИД: ТАТКОТО НА КИРИЛ ПЕЦАКОВ ПРЕД 10 ГОДИНИ ГО УНИШТИЛ ВМРО ДПМНЕ ВО ОХРИД КАКО КАНДИДАТ НА ЛИГА ЗА ДЕМОКРАТИЈА!
(ВИДЕО) Заев од Кочани: Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 додека просечната плата порасна на 28.642 денари, да се обединиме да продолжи економскиот раст
(ВИДЕО) Заев од Кочани: Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 додека просечната плата порасна на 28.642 денари, да се обединиме да продолжи економскиот раст
ШИЛЕГОВ: Гневот го искажавте во првиот круг и со право, но сега е време да се договориме за доброто на Скопје
ШИЛЕГОВ: Гневот го искажавте во првиот круг и со право, но сега е време да се договориме за доброто на Скопје
ЗАЕВ И ЛАДИЧ: 31 октомври ќе значи продолжување на концептот на работење и проектите што ги реализиравме во изминатите четири години во Пробиштип!
ЗАЕВ И ЛАДИЧ: 31 октомври ќе значи продолжување на концептот на работење и проектите што ги реализиравме во изминатите четири години во Пробиштип!
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: ВОДНО ГО ВРАТИВМЕ НА ГРАЃАНИТЕ – УШТЕ ЕДНА НОВА ВЕЛОПАТЕКА НИЗ ШУМИТЕ НА ПЛАНИНАТА
(ВИДЕО) ШИЛЕГОВ: ВОДНО ГО ВРАТИВМЕ НА ГРАЃАНИТЕ – УШТЕ ЕДНА НОВА ВЕЛОПАТЕКА НИЗ ШУМИТЕ НА ПЛАНИНАТА
Максо е кандидат на режимското ВМРО, навреме го намирисавме и затоа не е кандидат, рече Заев
Максо е кандидат на режимското ВМРО, навреме го намирисавме и затоа не е кандидат, рече Заев
Скопје надмина 115 километри велосипедски патеки, седум од нив се низ шумите на Водно
Скопје надмина 115 километри велосипедски патеки, седум од нив се низ шумите на Водно
БОМБА - СДСМ СКОПЈЕ: АРСОВСКА ДОЛЖИ 8 МИЛИОНИ НА ДРЖАВАТА И ГРАЃАНИТЕ, НЕ САМО НА ЕВН, СО УНИШТУВАЊЕТО НА САЛАТА „РАСАДНИК“
БОМБА - СДСМ СКОПЈЕ: АРСОВСКА ДОЛЖИ 8 МИЛИОНИ НА ДРЖАВАТА И ГРАЃАНИТЕ, НЕ САМО НА ЕВН, СО УНИШТУВАЊЕТО НА САЛАТА „РАСАДНИК“

(ВИДЕО) Нуредини: Доколку Собранието го поддржи и усвои овој предлог, нашата држава ќе го добие првиот Национален парк од прогласувањето на независноста

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес–конференција информираше за Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II-Национален парк, кој го изработи Министерството за животна средина и просторно планирање, а кој вчера беше усвоен од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Како што посочи министерот Нуредини, доколку Собранието го поддржи и усвои овој предлог, нашата држава ќе го добие првиот Национален парк од прогласувањето на независноста со што вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво ќе изнесува 13,2% од севкупната територија.

„Иницијативата за заштита на македонскиот дел на Шар Планина на институционално ниво датира од 1994 година и низ годините беа вложени многу напори од експерти, меѓународната заедница, невладиниот сектор, со многу неуспешни обиди за прогласување, за да дојдеме до денешниот момент – на чекор до прогласувањето“, изјави Нуредини, потенцирајќи дека потребата за заштита на ова богатство произлегува од специфичните природни убавини, богатиот и ендемичен растителен и животински свет, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните и пределните вредности и уникатноста на Шар Планина кои се препознаени и на меѓународно ниво.

Министерот Нуредини изрази благодарност до сите партнери – до експертскиот тим, академската заедница, иницијативата „Пријателите на Шара“, како и за финансиската поддршка од нашите странски партнери ГЕФ/УНЕП/IUCN, кои помогнаа овој исклучително напорен процес да резултира со квалитетен Предлог-закон кој ќе се обезбеди максималната заштита на природните вредности, но и почитување на потребите на различните засегнати страни, пред се на локалното население, а ќе овозможи и нови перспективи за социо-економски развој.

Како клучни факти и придобивки од заштитата на Шар Планина Нуредини ги наведе:

– „Основна е потребата за заштитата на богатата природа и одржливото користење на природните ресурси, бидејќи на Шар Планина има биодиверзитет кој е клучен од национален аспект, меѓутоа е и од ЕУ значење, идентификувана е како „Натура 2000“ подрачје, и имаме обврска да ја заштитиме согласно меѓународните конвенции, но и како барање од Европската комисија за застапеноста на заштитени подрачја.

– Од аспект на нашите граѓани, е важно дека со заштитата се отвораат достапни средства преку фондовите за заштита, кои со прогласувањето на националниот парк овозможат развивање на овој предел.

– Во границите на НП Шар Планина вклучени се сите планински села со цел обезбедување на еднаков третман и можности за нивен иден развој, со што бројот на опфатени села изнесува 30, а заштитената територија изнесува 62.705 хектари.

– Селата се наоѓаат во зоната за одржливо користење, која е внимателно предложена со цел да овозможи непречено функционирање на луѓето во населените места на целата територија на паркот.

– Со цел да се обезбеди непречен развој на ски-центарот Попова Шапка, беше земен предвид Мастер-планот за развој на Попова Шапка, како и веќе постоечките тури кои ги спроведуваaт локалните компании и предвиден е заштитен појас околу ски-центарот, со што ќе се обезбеди баланс помеѓу заштитата на природата и развојот на различни форми на туризам во предвидените рамки.

– Исто така, ќе се развие прекугранична соработка, бидејќи ова подрачје ќе се надоврзе на веќе постоечкиот Национален Парк во Косово „Malet e Sharrit”, а оваа целина природно се надоврзува со НП „Маврово“, како и со паркот на природата „Кораб-Коритник“ во Албанија, па заедно би се формирало едно од поголемите прекугранични заштитени подрачја во меѓународни рамки.

– Покрај зачувувањето на природното богатство, прогласувањето на Шара за национален парк значи социо-економски развој преку инвестиции за подигнување на стандардот, инфраструктурата, развој на туризмот, органското земјоделство и другите еко системски услуги.

– Зајакнување на брендот „Шара“- како резултат на етикетата „Национален парк“, нашата Шар Планина ќе доживее регионално, национално и меѓународно признание и популарност на повеќе нивоа, но пред сè во насока на зголемување на туристи.

– Категоријата национален парк се прогласува со закон кој ги утврдува границите, зоните, името и така натаму, меѓутоа клучните прашања се уредени во Законот за природа и управувачката структура.

– За управување на Националниот парк, Владата ќе треба да основа Јавна установа Национален парк во рок од 3 месеци од усвојување на Законот, за што се обезбедени средства од Буџетот.

– Ќе се воспостави и ренџерска служба за спроведување на заштитата.

– Конкретните забранети и дозволени активности во подрачјето, ќе се уредат во Планот за управување, кој се носи во рок од една година од донесувањето на законот и за кој веќе се обезбедени средства и меѓународни експерти од IUCN, преку УНЕП, кои ќе работат на терен, со локалното население, со економските субјекти, со цел изнаоѓање на најдоброто решение. Планот исто така се носи со јавни расправи, и ќе овозможи инклузивен процес за сите засегнати страни“.

За крај, министерот Нуредини соопшти дека Владата, на вчерашната седница донесе Одлука, додека трае постапката на донесување на Законот во Собрание, Шар Планина да биде поставена под привремена заштита, со цел спречување на носење на нови Одлуки за доделување на концесии на територијата на подрачјето. Решението треба да биде подготвено и донесено во наредните две недели.

На прашањето на новинарот од „Алсат“ поврзано со можноста да се градат нови мали хидро електрани во заштитеното подрачје, министерот Нуредини информираше дека тие што се изградени ќе продолжат да работат со засилени инспекции и контроли, а за оние кои се доделени а не се изградени, ќе има рок од една година за Владата да преговара за можноста да се повлечат инвеститорите или да се комплетираат градбите, со цел избегнување на големи фискални импликации поврзани со раскинување на договорите.

„Нови одлуки за концесии нема да има“, потенцираше Нуредини.

loading...

Website https://twistmoe.net: Watch Yotsuiro Biyori twistmoe Episode 12 anime

AnimeDao: 1+2=Paradise anime episode 2 online free at https://animedao.nl animedao demon slayer

AnimeTV Watch anime online, English anime online HD

ANIMEFLIX: Nanbaka: Season 2 (Dub) anime episode 12 online free at https://animeflix.nl one piece animeflix

Forums asp: https://forums.asp.net/members/gogoanimelol.aspx

Dashburst: https://dashburst.com/gogoanimebe