Канада го забрани достапот на „Хуавеј” до 5Г мрежите
Канада го забрани достапот на „Хуавеј” до 5Г мрежите
СЕ РАСПАДНА ПРИКАЗНАТА НА РУСИЈА ДЕКА ВОЈНАТА БИЛА ЗА ДЕНАЦИФИКАЦИЈА НА УКРАИНА, СЕПАК БИЛА ЗА КРАДЕЊЕ ТЕРИТОРИЈА: Херсон ќе стане дел од Русија, тврди новиот гувернер
СЕ РАСПАДНА ПРИКАЗНАТА НА РУСИЈА ДЕКА ВОЈНАТА БИЛА ЗА ДЕНАЦИФИКАЦИЈА НА УКРАИНА, СЕПАК БИЛА ЗА КРАДЕЊЕ ТЕРИТОРИЈА: Херсон ќе стане дел од Русија, тврди новиот гувернер
ПОКАЗНА ВЕЖБА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО ПРОБИШТИП, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАЈАВИ НАБАВКА НА НОВО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО КОЕ ЌЕ ПРИСТИГНЕ СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ
ПОКАЗНА ВЕЖБА НА ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО ПРОБИШТИП, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НАЈАВИ НАБАВКА НА НОВО ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО КОЕ ЌЕ ПРИСТИГНЕ СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Митева и Пецаков од ВМРО ДПМНЕ учесници на програма која промовира одржлива професионална врска и пријателство помеѓу Република Македонија и САД
Митева и Пецаков од ВМРО ДПМНЕ учесници на програма која промовира одржлива професионална врска и пријателство помеѓу Република Македонија и САД
Е ВАКА НЕ ЛИЧИ, КАКО ШТО СМЕ БИЛЕ СО ВЕКОВИ БРАЌА: Бугарскиот министер за одбрана Заков со највисоки државни почести ја пречека македонската колешка Петровска
Е ВАКА НЕ ЛИЧИ, КАКО ШТО СМЕ БИЛЕ СО ВЕКОВИ БРАЌА: Бугарскиот министер за одбрана Заков со највисоки државни почести ја пречека македонската колешка Петровска
Петров: Нашето место е во ЕУ и нема да дозволиме да бидеме предмет на уцени и малтретирање
Петров: Нашето место е во ЕУ и нема да дозволиме да бидеме предмет на уцени и малтретирање
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА ГО ПОФАЛИ ПРЕМИЕРОТ: Ковачевски е многу коректен политичар, со висока демократска свест
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА ГО ПОФАЛИ ПРЕМИЕРОТ: Ковачевски е многу коректен политичар, со висока демократска свест
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА: СЕ ОБИДОВМЕ ДА ВОСПОСТАВИМЕ СОРАБОТКА СО СДСМ, БЕВМЕ ОДБИЕНИ
ЛИДЕРОТ НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА: СЕ ОБИДОВМЕ ДА ВОСПОСТАВИМЕ СОРАБОТКА СО СДСМ, БЕВМЕ ОДБИЕНИ

(ВИДЕО) Османи во Лондон на состанок на министрите за надворешни работи од Западен Балкан под покровителство на Обединетото Кралство: Потребни се храбри политички чекори од сите партнери за обнова на европскиот моментум на Западниот Балкан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на состанокот на министри за надворешни работи од Западен Балкан, на покана на државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас. На состанокот како специјални гости беа Стјуарт Пич, специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина и Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан.

Главна тема на дискусија беа актуелните предизвици на земјите од Западниот Балкан: беа отворени темите поврзани со економскиот развој, регионалната соработка и можностите за зголемување на трговската соработка; европската и евро-атлантската перспектива, како неопходен услов за демократски, институционален и политички напредок на земјите; како и предизвиците на регионалната безбедност, вклучително и перспективите за надминување на отворените прашања кои ја загрозуваат неговата интеграција.

Зборувајќи за актуелните состојби на Балканот, Османи нагласи:

„Блокадата на Европските интеграции за Северна Македонија и Албанија е неправилна, неоправдана, и таа создава недоверба во целиот регион. Потребни се храбри политички чекори од сите членки на Унијата, пред сѐ од Република Бугарија, но и од останатите партнери во ЕУ; тука секако сметам и на нашата подготвеност за искрени компромиси со цел затворање на ова поглавје и отворање на перспективите за Северна Македонија и за целиот регион. Уверен сум дека е тоа наједноставниот, и веројатно во овој момент, единствениот начин со кој може да се предизвика нов европски и евроатлантски моментум на Балканот“.

Во оваа насока Османи ја поздрави одлуката на британската влада за назначување на специјалниот пратеник на Обединетото Кралство задолжен за регионот на Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич, оценувајќи го како чин кој ќе придонесе за подобрување на регионалната стабилност и просперитет на регионот, како и за промовирање на силни демократски институции и отворени општества.

На состанокот, беше презентирана и неодамнешната британска иницијатива за Превенција на сексуално насилство во конфликт, која Република Северна Македонија ја поддржа. Дополнително, беа разменети мислења за активностите и заложбите на земјите учеснички на Глобалниот Самит COP 26 што се одржа во Глазгов овој ноември за намалување на климатските промени . Во овој контекст, МНР Османи брифираше детално за заложбите на Северна Македонија да ги намали емисиите на стакленички гасови за 51% до 2030 година.

Во рамки на престојот, МНР Османи оствари и одделни билатерални средби со домаќинот, Лиз Трас, Габриел Ескобар, Мирослав Лајчак; Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија со Западен Балкан на Премиерот, Борис Џонсон; но и со министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисерка Турковиќ, на кои беа разменети мислења за билатералната и регионална соработка.

loading...

AnimeDao - Watch English Subbed Anime Online | AnimeDao Official. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

AnimeDao Naruto: Shippuden

AnimeDao JUJUTSU KAISEN (Dub) Episode 17

anime online My Hero Academia

AnimeDao DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

anime websites One Piece

tải go88