Љубителите на планинарскиот велосипедизам од денеска може да возат по новата нагорна пионерска велосипедска патека на Водно, која е дел од проектот „Велосипедски парк Водно“. За да се зголеми безбедноста на сите посетители на Водно, таа е посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари.
Патеката е исклучиво за движење во еден правец-нагоре.
ОТВОРЕНА НОВАТА ПИОНЕРСКА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА НА ВОДНО
ОТВОРЕНА НОВАТА ПИОНЕРСКА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА НА ВОДНО- Денеска Скопје ја добива својата прва нагорна планинска вело патека на Водно. Патеката симболично ја нарековме „Пионерска патека“ затоа што е прва патека од овој тип во Скопје, а и воедно прва од вкупно 3 вакви патеки кои ги правиме во рамките на проектот„ Велосипедски парк Водно“. Направена е согласно сите стандарди, а наменета е исклучиво за велосипеди и исклучиво за движење во еден правец – нагоре – рече Градоначалникот Шилегов.
Posted by Град Скопје on Сабота, 03 октомври 2020