(ВИДЕО) Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија
(ВИДЕО) Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија
ЕВЕ ЗОШТО ЗАЕВ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР УШТЕ ДОЛГО ВРЕМЕ: ВЛАСТА (СДСМ - БЕСА - ЛДП - ДОМ - ДУИ) ОСВОИ 390 000 ГЛАСОВИ НАСПРОТИ ОПОЗИЦИЈАТА (ВМРО ДПМНЕ-ГРОМ - АА) КОЈА ОСВОИ 340 000 ГЛАСОВИ НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ!
ЕВЕ ЗОШТО ЗАЕВ ЌЕ БИДЕ ПРЕМИЕР УШТЕ ДОЛГО ВРЕМЕ: ВЛАСТА (СДСМ - БЕСА - ЛДП - ДОМ - ДУИ) ОСВОИ 390 000 ГЛАСОВИ НАСПРОТИ ОПОЗИЦИЈАТА (ВМРО ДПМНЕ-ГРОМ - АА) КОЈА ОСВОИ 340 000 ГЛАСОВИ НА ОВИЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ!
КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
КОЛКУ НЕКОИ НОВИНАРИ ПОВРШНО АНАЛИЗИРААТ - ИДИОТСКА КОЛУМНА НА УРЕДНИКОТ НА ДОЈЧЕ ВЕЛЕ ПОЛНА СО ТЕШКИ ГЛУПОСТИ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ОМРАЗАТА КОН ЗАЕВ МУ ГО ПОМРАЧИЛА УМОТ НА ГЕРО, МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ СО ГРОБОВИ, НЕ ЗНАЕ ДА СЕ ИЗРАДУВА НА УСПЕХОТ НА НЕГОВИТЕ ВМРО ДПМНЕ, ТУКУ ЦЕЛИОТ СО КЛЕТВИ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА ЗАЕВ
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
ПРОФЕСОРОТ НАНО РУЖИН СТАНА ПРОФЕСОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВО БЕЛГРАД
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СПОРЕДЕНО СО МИНАТИЕ ИЗБОРИ ВО 2017-ТА ГОДИНА, РЕЧИСИ 230 000 ГЛАСАЧИ ОСТАНАА ДОМА НА ОВИЕ ИЗБОРИ И РЕШИЈА ДА НЕ ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС НИКОМУ
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Граѓаните пратија порака и ние таа порака мораме да ја слушаме, да ја разбереме и да постапуваме по неа
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!
Кондовски кон битолчани: Вашата поддршка ми значи, одиме на голема победа!

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ НА 54-ОТ СЕМИНАР ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ОХРИД: Јазикот, уметноста и културата се оние сегменти кои му даваат значење и смисла на човечкиот живот и овозможуваат траење низ времето и помнење за иднината

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на 54. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, којашто се одржува во Охрид од 15 август до 1 септември 2021 година со учество на 50 учесници од 16 земји.

54. Летна школа е продолжение на работата на Првата зимска школа, двете во знакот на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Во продолжение е интегралниот текст на обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани учесници на 54. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура,

Почитувани организатори,

Почитувани гости,

Дозволете најпрво да ви посакам срдечно добредојде во Охрид. Особено се радувам што за разлика од минатогодишната Летна школа, како и од 1. Зимска школа на почетокот на оваа година кога поради пандемијата бевме онлајн, сега имаме и привилегија и задоволство и вие и јас да бидеме присутни во Охрид. Тоа е одлична можност, покрај изучувањето на македонскиот јазик и продлабочување на знаењета за македонската литература и култура, да се запознаете и со богатото културно и историско наследство на Охрид, се разбира, и да уживате во убавините на Охридското Езеро.

Годинава одбележуваме сто години од раѓањето на великанот на македонската филологија, лингвистика и книжевност, академик Блаже Конески и токму затоа, оваа 2021 година е посветена на неговото велико дело. Како покровител на овој голем јубилеј – „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, им благодарам на организаторите на Меѓународниот семинар што и Зимската школа, којашто, впрочем, беше и првата активност во рамките на содржините на јубилејот, и претстојнава 54. Летна школа, ги посветуваат на творештвото на Блаже Конески.

Покрај лекторските вежби, предавањата, како стожерна програмска содржина, ќе бидат посветени на теми од животот и од творештвото на Блаже Конески. Предвидени се обраќања на еминентни предавачи, кои извонредно го познаваат неговото дело и кои ќе опфатат различни аспекти од неговото творештво. Сигурен сум дека запознавањето со делото на Конески ќе биде додадена вредност за педесеттемина учесници коишто ни доаѓаат од 16 земји од три континенти. Тоа е бројка за почит и сведочи за несмалениот интерес за изучување на македонскиот јазик и на македонската литература и за подлабоко запознавање со македонската култура. Со тие факти, со право, треба да се гордееме, но тие истовремено и не обврзуваат да продолжиме да ги развиваме и да ги унапредуваме врските со сите посветени вљубеници во македонскиот јазик и промотори на македонската литература и култура.

Во таа насока, сакам и од ова место да истакнам дека во следниот период очекувам многу поинтензивен ангажман на државните институции, но, и на академските установи во зајакнувањето на постојните и отворањето на нови лекторати по македонски јазик на странските универзитети. Искуството не учи дека изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура во рамките на лекторатите и славистичките катедри на странските универзитети во изминатите децении придонесе да стекнеме докажани пријатели кои несебично ни помагаа за време на првите исклучително тешки години од нашата независност, а тоа го прават и денес. Во годината кога ја одбележуваме и 30-годишнината од нашата независност, треба да се потсетиме дека културната дипломатија е најдобрата стратегија во напорите на помалубројните народи за нивно етаблирање во меѓународната заедница. На сите слависти-македонисти од странските универзитети и научни институти кои во изминатите децении беа нашиот глас и нашите најдобри амбасадори на сите континенти им благодарам од срце за нивната посветена работа.

Драги пријатели,

Како човештво се соочуваме со тешки искушенија. Освен гео-политички судири и борби за ресурси, за територија и за моќ, во континуитет, се соочуваме со климатски промени што се особено видливи ова лето, со енормно високи температури кои погодуваат на ширењето пожари низ нашата земја, но и во други земји во Европа. Тука е и пандемијата на Ковид-19 која не стивнува, држејќи не сеуште во страв и неизвесност. Сите овие кризи ни покажуваат колку сме кревки и бараат преиспитување на нашите вредности, верувања и приоритети. Се надевам дека овие потешкотии ќе не насочат повеќе кон духовноста, помалку кон материјалното, повеќе кон солидарноста наспроти омразата и себичноста.

Јазикот, уметноста и културата се оние сегменти кои му даваат значење и смисла на човечкиот живот и овозможуваат траење низ времето и помнење за иднината. Затоа, вашиот труд, вашата волја и желба, љубовта кон лингвистиката и страста за уметноста и за културата имаат непроценлива вредност, пркосејќи и на минливоста на времето. Посакувам и понатаму да продолжите да ѝ служите на науката чувајќи го сопствениот интегритет и дигнитет.

Продолжете и понатаму посветено да придонесувате и за македонскиот јазик, литература и култура. Да ги употребам завршните стихови на Блаже Конески од неговата песна Одисеј — „Бидете заради тоа благословени, и блазе си ви“!

Дозволете на крајот уште еднаш да ви посакам пријатен престој и успешна работа на 54. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

loading...

AnimeDao Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

AnimeKisa: Robot Carnival anime episode 9 online free at https://animekisa.in anime websites

Watch anime online for free at AnimeTV free anime

Website https://animeflix.nl: Watch Captain Future: Kareinaru Taiyokei Race (Dub) animeflix Episode Full fairy tail animeflix

Projectlibre: https://www.projectlibre.com/users/animefreakws

Longisland: https://www.longisland.com/profile/gogoanimebe