ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Сакал да прегази полицајци со комбе, тие пукале во гумите, граѓаните се извадиле од памет!
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Тренчевска: Преку кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“, ја подигаме свеста на значењето на згрижувачките семејства
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Медиумски реформи – три чекори напред, два чекора назад
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
Едвард Џозеф: Софија може да ги поткопа темелите на македонската држава
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
КАЕВСКИ: Срамно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги и ги рушеа државните позиции со Бугарија
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
На младите им треба психолошка поддршка, која нема да трае само 15 минути
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
Град Скопје ќе доделува годишни стипендии од 24.000 денари за спортисти-средношколци
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра
ЛИТАР ГОРИВО ВО ЕУ НАБЛИЖУВА КОН ТРИ ЕВРА: Најскап бензин возат Финците, но и во Грција е скоро 2 и пол евра

ВИДЕО | Пивоваров: Ако продолжи корупцијата, еден ден никој во администрацијата нема да земе плата

Неодамна беше фатен шеф на смена на граничен премин како прима мито, а веднаш потоа се објави дека полицајци намерно ги кршат боди-камерите. Вчера беше објавено дека се уништени 30 вакви камери кои се донација од САД. Тоа е индикативно, вели Владимир Пивоваров, координатор на пограничните служби за Утрински брифинг.

-Според мене клучно е 24 часа снимање, а не само кога ќе се процени. Значи, тие не си ја исполнуваат функцијата, вели Пивоваров.

Тој вели дека технологијата може да ја превенира, да спречи корупцијата и да биде доказно средство. Но, секогаш зад оваа технологија има човечки фактор и во него треба да бидеме сигурни. За да се следат активностите на полициските службеници Координативниот центар има свои службеници кои на свои начини тоа го проверуваат, вели Пивоваров за Утрински брифинг.

-Минатата година имаше мал број пријавени случаи на земање мито, а повеќе беа за злоупотреба на слубена положба. На пример, пропуштање на лица без ПЦР тест, што беше законска обврска. Таа злоупотреба не е лична услуга оти се повторува, оттука станува збор за корупција, вели Пивоваров.

Пивоваров вели дека нема појава на пријавување за земање мито од полицајци и цариници. Но, за да се побара посебни мерки како видео надзор и прикриена истрага, треба да се добие наредба од Обвинителството. Треба да се праша Обвинителството зошто обвинителите не дозволиле и колку барања имале за посебни истражни мерки, вели Пивоваров.

-Поради ризичноста на работните места, вработените од гранична полиција треба често да се менуваат на различни гранични премини за да се одбегне здружување. Од 96 уапсени цариници на Блаце последниве години само четворица завршија во затвор. Значи дека се работи за нешто многу поголемо, вели Пивоваров.

(Сторијата продолжува по рекламите)

Отсуството на систем на контрола доведува до вакви состојби на граничните премини, вели Пивоваров.

-Соседните земји, пред да станат членки на ЕУ успеаја да етаблираат специјални единици за борба против корупцијата и криминал, истакна Пивоваров. -Самата идеја ќе биде дочекана на нож од оние кои се инволвирани во такви незаконски дејанија. Кај нас тоа би бил политички проблем, оти досега секогаш кога ќе беше уапсен некој се јавуваше некоја партија да каже дека станува збор за политички процес, вели Пивоваров.

Тој потсетува дека УСКОК во Хрватска има извонредни резултати, а за корупција беа обвинети од самиот премиер Иво Санадер, до министри и градоначалници.

-Кај нас проектите се супер, ама секогаш наоѓаат причина зошто да не се спроведе. Целата прикаска завршува кога во приватен разговор со цариниците ќе слушнете „па ние земаме по 10 евра, оние на турска граница земаат по 200 евра“, коментира Пивоваров.

loading...

kết quả tài xỉu go88 không rút được tiền từ go88 cách tải go88

link tải sunwin mới nhất download game sunwin sunwin ios