Почитувани,
Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија во Град Скопје минатиот викенд започнавме акција за пошумување насловена „За чисто и зелено Скопје“ со која што покрај тоа што сакаме да ја кренеме еко свеста кај сите жители на градот Скопје, сакаме да ја зајакнеме и меѓуопштинската работа помеѓу општините во Град Скопје и граодт Скопје како институција.
Во рамки на акцијата „За чисто и зелено Скопје“ денеска сме во паркот во Хром каде заедно со сосветниците од градот Скопје, советниците од Ѓорче Петров, градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска, градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски и сите останати кои што изразија желба да ни се приклучат ќе посадиме уште неколку дрвца. Ова акција ќе ја продолжиме и во викендите кои следат, ќе ги посетиме сите паркови, сите населени места и сите општини во рамки на Градот Скопје со истата оваа акција.
За крај сакам уште еднаш да апелирам до сите поединци, општествени чинители, граѓански организации, секакви форми на здружување па и институции да ни се приклучат и сите заедно да изградиме едно чисто, убаво и зелено Скопје.