ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
ШОКАНТНО: ГРАД СКОПЈЕ СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТ ПРЕДЛАГА КРАТЕЊЕ НА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА КЛУЧКАТА КАЈ МОМИН ПОТОК И БУЛЕВАРИТЕ ХРВАТСКА И СЛОВЕНИЈА?!
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
РУСИЈА И УКРАИНА РАЗМЕНИЈА 140 ВОЕНИ ЗАРОБЕНИЦИ, МЕЃУ НИВ 43 СЕ ОД БОРЦИТЕ ОД АЗОВСТАЛ
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Министерката Петровска на НАТО самитот во Мадрид: Безбедноста на регионот е геополитички императив на Алијансата
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
Сме имале повеќе вакви акции, ама одзивот на кавадарчани да спасат нечиј живот е нешто невидено, кажа доктор Петличковски
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
БОМБА НА БЕКТЕШИ: БИЗНИСМЕНИ МИЛИОНЕРИ СО ПОВЛАСТЕНА СТРУЈА ГРЕАТ ЦЕЛИ БАЗЕНИ И КОПААТ КРИПТОВАЛУТИ!
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева за ,,Фокус” открива кој пратеник ја снимал во деколте
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Ковачевски до Милошоски: Ако сакате јавна расправа со поранешни премиери, треба да дојдат сите премиери, ама Груевски ви е во странство
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија
Тупанчески: Ветингот на судии може да биде направен и со постојните законски решенија

(ВИДЕО) Поранешниот украински претседател Порошенко со калашников на улиците на Киев: Путин е лудак, убиец, Русија никогаш нема да не пороби!

Поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко се појави на Си Ен Ен од улиците на Киев каде што е со војниците, во време кога руската армија се приближува кон Киев.

На прашањето на новинарите со што се вооружени тој и групата и каква намера имаат кога Русите ќе влезат во центарот на Киев, Порошенко одговори: „Многу е едноставно. Еве, ова е краток калашников. Имаме околу 300 членови на територијалната одбрана и имаме два митралези, толку. Немаме тешка артилерија, немаме тенкови…“, рече тој и додаде дека процесот на вооружување го започнале пред само неколку дена.

Тој рече и дека нема доволно оружје за сите луѓе кои сакаат да се пријават во баталјонот и дека е трогателно што се појавуваат обични луѓе кои никогаш не биле во војска. „Тоа е многу трогателно и навистина покажува колку Украинците го мразат Путин и колку се противат на руската агресија“, рече тој.

На прашањето колку долго можат да издржат, тој подзастана и рече: Засекогаш! Мислам дека Путин никогаш нема да ја освои Украина, без разлика колку војници или нуклеарно оружје има. Ние сме голема европска нација со голема иднина“, изјави Порошенко за Си-Ен-Ен.

Поранешниот украински претседател изјави претходно дека Владимир Путин целосно полудел.

„Тој е луд, тој е само злобен, тој дојде овде за да ги убие Украинците“, рече тој.

Порошенко е под истрага за трговија со проруските сепаратисти на истокот за време на неговиот мандат. Порошенко, чие богатство магазинот Форбс го процени на 1,6 милијарди долари, ја водеше земјата од 2014 до 2019 година, кога беше поразен на изборите од Зеленски.

loading...

go88 earn

https://sunwin.fan/