Ковачевски - Драги: Проширувањето на ЕУ е клучно за просперитет на регионот и на Европа
Ковачевски - Драги: Проширувањето на ЕУ е клучно за просперитет на регионот и на Европа
Бектеши: Верски објекти и приватни училишта направиле сериозни злоупотреби – плаќале пониска цена на електрична енергија
Бектеши: Верски објекти и приватни училишта направиле сериозни злоупотреби – плаќале пониска цена на електрична енергија
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) УБАВ ДЕН ДЕНЕСКА: ДОДЕКА ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА СЕ ПОКЛОНУВАШЕ НАД ГРОБОТ НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО ЦРКВАТА СВЕТИ КЛЕМЕНТЕ ВО РИМ, МПЦ ДОБИ АВТОКЕФАЛНОСТ ВО СКОПЈЕ
(ФОТО ГАЛЕРИЈА) УБАВ ДЕН ДЕНЕСКА: ДОДЕКА ВЛАДИНАТА ДЕЛЕГАЦИЈА СЕ ПОКЛОНУВАШЕ НАД ГРОБОТ НА КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО ЦРКВАТА СВЕТИ КЛЕМЕНТЕ ВО РИМ, МПЦ ДОБИ АВТОКЕФАЛНОСТ ВО СКОПЈЕ
Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје
Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје
Ковачевски: Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на светите браќа
Ковачевски: Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ е достоен продолжувач на визијата и просветителското дело на светите браќа
Средба во ДАВОС на претседателот Пендаровски со францускиот економист Жак Атали
Средба во ДАВОС на претседателот Пендаровски со францускиот економист Жак Атали
Честитка од претседателот Пендаровски по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј
Честитка од претседателот Пендаровски по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј
(ФОТО) МВР СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: Пронајдена дрога при претрес во Скопје, Пронајден хероин, Приведени две лица од Куманово, Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад
(ФОТО) МВР СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА: Пронајдена дрога при претрес во Скопје, Пронајден хероин, Приведени две лица од Куманово, Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад

(ВИДЕО) Премиерот Ковачевски: Партнери сме со Црвен крст во заштитата на животот и здравјето на сите граѓани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска учествуваше на настан по повод 17 Март – Денот на формирањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски ја искористи приликата на овој значаен датум да се зачлени како волонтер во редовите на Црвениот крст, а за успешната соработка со Владата и посебните заложби во остварувањето на мисијата на оваа хуманитарна организација на премиерот му беше доделено признание.

Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:

„Не постои човек кој не го препознава симболот на црвен крст на бела површина.

Овој меѓународен знак е впишан во јавната свест како симбол поврзан со прва помош, пружање медицинска нега и социјална заштита на населението.

Црвениот крст е симбол на обединување на сите хуманитарци, крводарители, сите доброволци и дарители на помош на луѓето во целиот свет, на категориите граѓани, кои во одреден момент се нашле во неповолна ситуација.

Денеска, Организацијата на Црвениот крст во нашата држава одбележува 77 години постоење и доброволно хуманитарно делување, изразено преку многубројни масовни волонтерски акции за пружање помош.

Оваа хуманитарна организација, формирана во 1945 година, на доброволна основа работи на заштита на животот и здравјето на граѓаните и унапредување на положбата на социјално загрозените, обезбедувајќи грижа и почит за секој човек, особено во случај на несреќи и катастрофи.

Почитувани присутни,

Владата на Република Северна Македонија потпиша Програма за соработка, има воспоставено партнерство со Организацијата на Црвениот крст за континуирано обезбедување на стокови резерви за хуманитарна помош.

Тие се достапни за итно делување при вонредни состојби, како помош на ранливо население погодено од катастрофа или итна состојба.

Заедно сме, и во наминувањето на последиците од катастрофите и здравствените кризни состојби, кои ја зафатија нашата земја изминатата година.

Владата и ресорните министерства, единиците на локална самоуправа и локалните институции, со Црвениот крст обезбедуваат комуникација и соработка во спроведувањето на активностите за подобрување на добросостојбата на заедницата во мирновременски услови и при кризни состојби.

Обезбедуваме поддршка, при организирањето акции за подигањето на јавната свест за заштита од катастрофите, промоцијата на доброволно крводарување и надминување на кризните ситуации кога има потреба од хуманитарна поддршка.

Црвениот крст на Република Северна Македонија ја стави на располагање целата своја волонтерска база за надминување на последиците од пандемијата предизвикана од КОВИД-19.

Неколку стотици луѓе и мобилните екипи и заедно со медицинскиот и помошниот персонал и со припадниците на униформираните лица и останатите вработени во Армијата и во Министерството за внатрешни работи, во нашата држава работеа на обезбедување помош.

Партнерски го спроведуваме и вакциналниот процес во државата, против КОВИД-19.

Соработувавме и во гасењето на пожарите кои го зафатија источниот дел на државата лани.

Во знак на поддршка на оваа соработка, во името на Владата и во името на сите граѓани на нашата земја, упатувам искрени честитки до вас, почитувани вработени и волонтери за вашата работа.

Верувам дека одбележувањето на денешната годишнина, за вас ќе биде уште еден импулс за понатамошен развој на хуманитарните активности, а за сите нас, останатите ќе биде поттик за понатамошна поддршка на вашите активности.

Благодарам“.

loading...

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub)

GoGoAnime My Hero Academia Season 5 (Dub) Episode 19

Hunter x Hunter (2011) Episode 147

GoGoAnime The Daily Life of the Immortal King 2nd Season [Chinese Dub] Episode 6

stream anime online Attack on Titan Season 3