БРАВО - СДСМ: За 10 месеци отворивме 13 детски градинки, ги зголемивме платите за воспитувачките и негувателките
БРАВО - СДСМ: За 10 месеци отворивме 13 детски градинки, ги зголемивме платите за воспитувачките и негувателките
БРАВО - Рекордерката Дрита Исљами наградена со 100.000 денари од Град Скопје
БРАВО - Рекордерката Дрита Исљами наградена со 100.000 денари од Град Скопје
НАУМОВСКИ: Од септември, дополнителни 90 места за деца во објектот Детелинка на градинката Росица. Изградбата на трите занимални влегува во својата завршница.
НАУМОВСКИ: Од септември, дополнителни 90 места за деца во објектот Детелинка на градинката Росица. Изградбата на трите занимални влегува во својата завршница.
Од 82-та седница на Владата: Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието
Од 82-та седница на Владата: Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието
ВО ТЕТОВСКА ГОРНА ЧАРШИЈА СЕ СТАВА ФЕКАЛНА И АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА
ВО ТЕТОВСКА ГОРНА ЧАРШИЈА СЕ СТАВА ФЕКАЛНА И АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА
(ВИДЕО) ПАНЧЕВ: НЕ СЕ ПОСРАМОТИВМЕ НА ЕВРОПСКОТО, ИГРАВМЕ УБАВ ФУДБАЛ И ТОА Е ГОЛЕМА РАБОТА
(ВИДЕО) ПАНЧЕВ: НЕ СЕ ПОСРАМОТИВМЕ НА ЕВРОПСКОТО, ИГРАВМЕ УБАВ ФУДБАЛ И ТОА Е ГОЛЕМА РАБОТА
(ВИДЕО) ЕДИ РАМА Е МЕГА ЦАР, ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО КАЖА НА ДЕНЕШНИОТ ПРЕС ВО СКОПЈЕ
(ВИДЕО) ЕДИ РАМА Е МЕГА ЦАР, ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО КАЖА НА ДЕНЕШНИОТ ПРЕС ВО СКОПЈЕ
КАФАНСКО ИНТЕРВЈУ НА ТЕЛМА: Водителката Сања Васиќ цел саат со лични коментари ги девалвираше сите одговори на премиерот Заев, а пак прашањата и беа како на вмровска пијандурка пред кооперација...
КАФАНСКО ИНТЕРВЈУ НА ТЕЛМА: Водителката Сања Васиќ цел саат со лични коментари ги девалвираше сите одговори на премиерот Заев, а пак прашањата и беа како на вмровска пијандурка пред кооперација...

(ВИДЕО) Премиерот Заев и Ципрас: Договорот од Преспа не е само решение за спорот за името меѓу двете земји, туку и договор за долгорочно стратешко партнерство и за развој на широк план на односите меѓу двете земји

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, вечерва, во завршницата на својата дводневна работна посета на Атина, се сретна со лидерот на опозицијата и претседател на Сириза, Алексис Ципрас.

На средбата, која се одржа во Парламентот на Република Грција, а на која присуствуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров, стана збор за имплементацијата на Договорот од Преспа кој во 2018 година, кога беше потпишан, направи пресврт во односите меѓу двете земји и ги откочи евроатланските процеси на Република Северна Македонија која оваа година стана членка на НАТО и ги очекува стартот на преговорите со Европската Унија, веднаш после меѓувладината конференција која треба да се одржи додека со Советот на ЕУ претседава СР Германија.

Во таа насока, на средбата беше истакнато дека Република Грција и во европските интеграции на нашата земја останува силен партнер, поддржувач и лобист за успешна завршница на овој процес.

Договорот од Преспа, беше речено на средбата, не е само решение за спорот за името меѓу двете земји, туку и договор за долгорочно стратешко партнерство и за развој на широк план на односите меѓу двете земји.

Особено значајно е што во претстојниот период се очекуваат значајни политички одлуки за олеснување на иницијативите на бизнис заедниците меѓу двете земји како што се договорите за избегнување на двојното оданочување и за заштита на инвестициите.

На средбата двајцата соговорници се согласија дека после две години од Договорот од Преспа, конструктивните опоненти на договорот во двете земји прифатија дека станува збор за историски договор од огромно значење за иднината на народите на двете земји.

loading...