(ВИДЕО) МНОГУ СЕ ОМРСИЈА ОД ПРОПАГАНДАТА НА ГРУЕВИЗМОТ, ОД ПОЛИТИЧАРИ, ПРЕКУ ПЕАЧИ, НОВИНАРИ, СУДИИ, БИЗНИСМЕНИ, ЕКСПЕРТУТКИ
(ВИДЕО) МНОГУ СЕ ОМРСИЈА ОД ПРОПАГАНДАТА НА ГРУЕВИЗМОТ, ОД ПОЛИТИЧАРИ, ПРЕКУ ПЕАЧИ, НОВИНАРИ, СУДИИ, БИЗНИСМЕНИ, ЕКСПЕРТУТКИ
Градоначалникот на Подгорица гостин на Шилегов
Градоначалникот на Подгорица гостин на Шилегов
Светска банка: Заштитата од пожари во модуларната болница во Тетово е надлежност на директорот и персоналот
Светска банка: Заштитата од пожари во модуларната болница во Тетово е надлежност на директорот и персоналот
ФАКТ ПРЕД КОЈ АНТИ ВАКСЕРИТЕ МОЛЧАТ: ОД 700 000 ГРАЃАНИ КОИ ПРИМИЛЕ ДВЕ ВАКЦИНИ, НЕМА НИТУ ЕДЕН ПРИЈАВЕН СЛУЧАЈ НА КОМПЛИКАЦИИ
ФАКТ ПРЕД КОЈ АНТИ ВАКСЕРИТЕ МОЛЧАТ: ОД 700 000 ГРАЃАНИ КОИ ПРИМИЛЕ ДВЕ ВАКЦИНИ, НЕМА НИТУ ЕДЕН ПРИЈАВЕН СЛУЧАЈ НА КОМПЛИКАЦИИ
Пендаровски – Штајнмајер во Њујорк: Градењето пријателски релации со Германија е од исклучително значење за Република Северна Македонија
Пендаровски – Штајнмајер во Њујорк: Градењето пријателски релации со Германија е од исклучително значење за Република Северна Македонија
НОВА ВЕРЗИЈА НА ПРИКАЗНАТА ЗА ОВЧАРОТ, СЕЛАНИТЕ И ВОЛКОТ: Валканиот план на ВМРО ДПМНЕ како да ги изеде овците, да го намести волкот и да ги измами селаните!
НОВА ВЕРЗИЈА НА ПРИКАЗНАТА ЗА ОВЧАРОТ, СЕЛАНИТЕ И ВОЛКОТ: Валканиот план на ВМРО ДПМНЕ како да ги изеде овците, да го намести волкот и да ги измами селаните!
СТАНИЦИ ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД КРАДЕЛЕ ОД ДРЖАВАТА околу 3 милиони евра од уплатените такси завршиле на нивните сметки
СТАНИЦИ ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД КРАДЕЛЕ ОД ДРЖАВАТА околу 3 милиони евра од уплатените такси завршиле на нивните сметки
ФИЛИПЧЕ НА МЕЃУНАРОДЕН ЛЕКАРСКИ СИМПОЗИУМ: Здравствените работници со својата посветена и пожртвувана работа, докажаа дека здравствениот систем е столб на државата
ФИЛИПЧЕ НА МЕЃУНАРОДЕН ЛЕКАРСКИ СИМПОЗИУМ: Здравствените работници со својата посветена и пожртвувана работа, докажаа дека здравствениот систем е столб на државата

(ВИДЕО) Премиерот Заев испрати жестока порака до Борисов, Каракачанов и Захариева на состанокот со Атлантскиот совет: Моменталниот став на Бугарија е анахрон и спротивен на меѓународното право, нема да преговарм за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска учествуваше на панелот кој го организираше американскиот тинк-тенк Атлантски совет на тема „Северна Македонија на прагот на Европа“, како дел од истоимената студија што за нашата земја го подготвија експерти на Атлантскиот совет.

На дебатата, на која зедоа учество повеќе познавачи на современа Северна Македонија и на Западен Балкан, меѓу кои и поранешниот генерален секретар на НАТО лорд Робертсон, амбасадорите Роберт Гелбарт, Мајкл Карпентер, како Џејмс Обрајан од транзицискиот тим на претседателот Џо Бајден и Дамјан Марфи од Комитетот за надворешна политика на Сенатот на САД, премиерот Зоран Заев одговараше на прашања од неколку клучни теми кои беа поставени како прашања од страна на присутните и публиката.

Во врска со моменталната ситуација со македонско – бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

„Нашиот став е дека пријателите не треба меѓу себе да се блокираат. Напротив тие треба си помагаат. Бугарија мора да разбере дека имаме суверено право да се определиме и чувствуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик, а со тоа да се почитуваат и сите европски идентитети кои ги имаме во нашата земја. Сметам дека нивниот сегашен став е анахрон и е спротивен на меѓународното право. Ние како држава ќе продолжиме да ги правиме сите напори да постигнеме надминување на проблемите, притоа почитувајќи се себе си и останатите. Нашата држава е Европа во мало“, нагласи премиерот Заев.

Во однос на внатрешните државни приоритети, премиерот Заев потенцираше дека први на листата на Северна Македонија се унапредувањето на здравствениот и образовниот систем, борбата со корупцијата, како и постигнувањето на сите демократски стандарди согласно вредностите на ЕУ за да го оправда епитетот светилник на демократијата на Западен Балкан.

На прашањата околу економијата премиерот Заев се осврна на фактот дека 10 нови компании најмногу, од земји кои се наши сојузници во НАТО, инвестираат во нашата земја и во време на планетарна криза предизвикана од КОВИД-19.

„Инсистираме на трансформација на нашата економија во зелена економија, односно ги заменуваме енергенсите кои го трујат нашето општество како што е јагленот и ги конвертираме постоечки енергетски капацитети да работат на сончева енергија. Преку овој процес кој го нарекуваме ‘праведна транзиција’ овозможуваме и подобри плати и здравје за вработените во овој тип на индустрија. Со овој процес обезбедуваме дополнителна стабилност на Северна Македонија и здравје за нашите граѓани”, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев одговараше и на повеќе прашања поврзани со актуелната КОВИД-19 ситуација и нагласи дека оваа глобална криза е пред сѐ здравствена со што на прво место ја става грижата за здравјето на граѓаните.

„Кога станува збор за вакцините ние работиме со сите наши партнери да овозможиме што е можно побрзо вакцинирање за нашите граѓани. Сакам да истакнам дека ние бевме во директна комуникација со нашите сојузници и дел од КОВАКС системот за набавка на вакцини за најдоброто за нашите граѓани. Во меѓувреме склучивме и билатерални договори со одделни производители. Но, бидејќи станува збор првенствено за грижата за здравјето на нашите граѓани, а целата планета се соочува со проблем со квантитетот на вакцините кои се на располагање, стапивме во договор и со другите производители од кои наскоро очекуваме да ги добиеме договорените количини“, информираше премиерот Заев на дебатата во организација на американскиот тинк-тенк Атлантски совет на тема “Северна Македонија на прагот на Европа”.

loading...

Azumanga Daioh: The Animation Episode 26

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

Watch anime online for free at AnimeFreak my hero academia animefreak

AniWatch Watch anime online, English anime online HD

Doyoubuzz: https://www.doyoubuzz.com/kiss-anime

Discogs: https://www.discogs.com/fr/user/animeflixnl