НЕПРАВДАТА БОЛИ ПА ДУРИ И АКО ДЕЛ ОД БРИТАНСКОТО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО КАДЕ БУКВАЛНО СЕ ЈАДЕ ОД ЗЛАТНИ ЛАЖИЦИ И ТАЊИРИ - ИМАШЕ МОМЕНТИ КОГА НЕ САКАВ ДА ЖИВЕАМ ПОВЕЌЕ – МЕГАН МАРКЛ ГО ОБВИНИ БРИТАНСКОТО КРАЛСКО СЕМЕЈСТВО ЗА РАСИЗАМ И ЛОШ ОДНОС ВО ИНТЕРВЈУТО СО ОПРА ВИНФРИ

ЗАЕВ: ЕДНА РАБОТА МИ СМЕТА КАЈ НАШИТЕ ГРАЃАНИ, ШТО НИКАКО НЕ МОЖАМ ДА ГО РАЗБЕРАМ...
ЗАЕВ: ЕДНА РАБОТА МИ СМЕТА КАЈ НАШИТЕ ГРАЃАНИ, ШТО НИКАКО НЕ МОЖАМ ДА ГО РАЗБЕРАМ...
Изет Меџити се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ, имал различни ставови од раководството на ДУИ
Изет Меџити се повлекува од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ, имал различни ставови од раководството на ДУИ
БРАВО - Заев: Извозот расте, продолжува поддршката за сите дејности
БРАВО - Заев: Извозот расте, продолжува поддршката за сите дејности
(ВИДЕО) ШЕКЕРИНСКА: СДСМ НАПРАВИ РЕВОЛУЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА НА ЖЕНАТА ВО ЗЕМЈАВА, НО ВО ЗЕМЈАВА ИМА ЕДЕН ЧУДЕН ПАРАДОКС, ЖЕНИТЕ ДОМА И СО ДЕЦАТА РАБОТАТ 3 ПАТИ ПОВЕЌЕ, АМА ОЧЕКУВАМЕ ТИЕ ДА СЕ БОРАТ ВО БИЗНИСОТ И ПОЛИТИКАТА СО ИСТА ЕНЕРГИЈА И ПОСВЕТЕНОСТ КАКО И МАЖИТЕ?!

(ВИДЕО) Заев на онлајн трибина на Форум на жени: Ќе се воведе секретаријат во владата за родова еднаквост, нема да дозволиме ниту една форма на родово базирано насилство, држвата е тука да ги заштити жените и девојчињат

ЖОЛТ КАРТОН ЗА ДУИ: Вишото јавно обвинителство на Скопје го зароби предметот за првостепено осудените Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ на казни затвор и од ноември лани не ѝ го дава на Скопска апелација

ЈАНИ МАКРАДУЛИ ЌЕ ЈА СПАСИ МАКЕДОНСКА ПОШТА ОД БАНКРОТ - Првпат воведена е-трговија во Пошта – онлајн нарачки со можност за испорака до адреса
ЈАНИ МАКРАДУЛИ ЌЕ ЈА СПАСИ МАКЕДОНСКА ПОШТА ОД БАНКРОТ - Првпат воведена е-трговија во Пошта – онлајн нарачки со можност за испорака до адреса

[Видео] Премиерот Заев на Пониква: Со новите содржини, Пониква ги активира потенцијалите за атрактивен регионален зимски центар, Владата ќе продолжи низ вакви инвестиции да ја покажува грижата за заживување на македонскиот туризам

„Минатиот месец ги прогласивме Осоговските Планини за заштитен предел. Со тоа го ставивме под заштита специфичниот „Осоговски рурален предел“ кој ги потврдува карактеристичната поврзаност меѓу луѓето и природата и исклучителните природни, културни и историски вредности на Осоговските Планини. Мене ми е особено задоволство што овие ски-лифтови повторно се ставени во полна функција со реконструкција која се одлагаше цели 40 години. Беа заборавени во времето, а денес, со нивната безбедност, стануваат потенцијал за рекреативен и спортски туризам, а ски-центарот Пониква, со уште поголем капацитет, го добива заслуженото место на атрактивен регионален зимски ресорт“, истакна претседателот на Владата Зоран Заев при увидот во тековни и завршени проекти на Пониква.

На настанот на кој присуствуваа и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев и претставници на швајцарската амбасада, премиерот Заев изрази благодарност и истакна дека овие проекти се реализирани со координирана акција на Владата, на локалната самоуправа и на програмата на Швајцарската агенција за развој што се спроведува преку амбасадата на Швајцарија во нашата земја.

„Токму затоа Владата издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарската агенција за развој и соработка, обезбедија 5 милиони денари да се реконструираат и да се стават во функција ски-лифтовите во овој наш зимски центар со огромни потенцијали“, информираше премиерот Заев.

Претседателот на Владата истакна дека преку регионалните форуми коишто ги организираше Источниот плански регион, граѓаните одлучија дека посебно внимание треба да добие ски-центарот „Пониква“ и информираше дека преку проектот „Планински велосипедски рај“, во чии рамки е и изградбата на нов планинарски дом, се дополнителен придонес за проширување на туристичкиот потенцијал, со посебен акцент на планинарството и планинскиот велосипедизам.

Премиерот Заев соопшти дека проектот е финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската Унија, администриран од Светска банка.

„Голем дел од новите можности влегуваат во политиките за заживување на селата во и околу заштитеното подрачје, како и поттикнување на традиционалното земјоделство, овчарството, пчеларството, одгледувањето локални сорти растенија и раси животни, типични за овие предели“, истакна претседателот на Владата, Заев.

Тој посочи дека сето тоа му дава одредена ексклузивност на овој регион во однос на развој на туризмот, особено во делот на алтернативниот туризам кој станува сè поатрактивен.

„Осогово лично и различно“ беше слоганот на кампањата која го следеше процесот на прогласување на „Осоговски рурален предел“ под заштита според најдобрите европски практики за што од огромна помош беше поддршката на нашиот традиционално добар и посветен пријател – Швајцарија. Со оваа поддршка и со поддршката на Владата и на локалната самоуправа Осогово доби нов стимул да ги искористи максимално своите потенцијали“, рече премиерот Заев и дополни дека поддршката на нашите европски пријатели, како што е Швајцарија и другите земји, ќе ни помогнат во нашите амбиции да ги донесеме европските стандарди дома.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски посочи дека Пониква полека добива лик на зимски туристички центар, што е од исклучителна важност за развојот на Источниот плански регион, за граѓаните кои живеат таму, но и за целата држава.

Воедно тој нагласи дека оваа реконструкција се прави прв пат по 40 години, што покажува колку биле занемарени овие потенцијали, кои можат да имаат значајно влијание на развојот на државата.

„Немаме море, но имаме прекрасна природа и одлични терени за зимски спортови. Министерството за локална самоуправа ги има идентификувано развојните потенцијали на планските региони и веќе работи на подобрување на условите за развој на туризмот на Попова Шапка, во Маврово, еве овде на Пониква, а следните инвестиции ќе бидат на Кожув и на Пелистер“, соопшти министерот Милевски.

Тој нагласи дека нашата држава може да биде атрактивна и конкурентна туристичка дестинација во регионот и да привлече туристи од соседните земји, па и пошироко и дополни дека ќе продолжи да се градат европски стандарди дома, зашто тоа е начинот за европеизација на државата.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се осврна на заштитата на природата и посочи дека на тој начин се добива повеќекратен бенефит- зачувување на уникатните природни вредности, заштита на специфичниот биодиверзитет и пределска разновидност, но и за отворање на нови можности за одржлив развој на локалната економија.

„Со прогласување на Осогово за заштитен предел процентот на заштитени подрачја во државата се зголеми на 10,8% отсто. Денеска гледаме конкретно што значат инвестициите во еко-системски услуги. Се надевам дека успешната приказна за „заштитено Осогово“ ќе биде добар пример и за другите процеси кои во моментот ги водиме – меѓу кои и прогласувањето на Шар Планина за национален парк, што ќе отвори исти вакви можности и за тамошното население“, нагласи министерот Нуредини и додаде дека е исклучително горд што Владата прогласи ново заштитено подрачје.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев истакна дека преку проектите кои се реализираат во Пониква, меѓу другото се цели туристичкиот центар да има понуда привлечна за различни групи на граѓани и дека со прогласувањето на Осоговските Планини за заштитено подрачје се отвора нова димензија и вредност на социоекономскиот развој на регионот, се отвора пристапот кон европските фондови, се создава можност за брендирани производи и нивен пласман.

loading...

Watch Shingeki no Kyojin: Chronicle Episode Full at GoGoAnime gogoanime kiss

Watch Hunter x Hunter Episode 146 (https://crunchyrollfree.com/m/d2N/ep-146) at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll do you have to pay